Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кај ти текна на овој жити се:pos:
Додуша не сум го слушнал со години да игра, али вистина е имаше страшен шут :D
Сигурно повеќе ќе придонесе од Муарем Муарем:icon_lol:
Може и Туш Зефиќ да го реактивираат, страшна техника имаше:D

Калц назад во репрезентација!
 
Во ноември пријателска со шќиприја во Прилеп...
--- надополнето: Oct 4, 2011 12:34 PM ---
Тошак го повика и Филип Ивановски
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Џон Тошак, му упати дополнителен повик на напаѓачот на Вардар, за претстојните натпревари со Ерменија и со Словачка. По откажувањата на Пандев и на Ибраими, тој првично го повика само Марио Ѓуровски, но најверојатно увиде дека има малку опции во навалната линија. Затоа следеше и повикот за Филип Ивановски кој денеска напладне се појави во хотелот „Александар Палас“ во Скопје и ќе биде дел од попладневниот тренинг на националниот тим.

Филип Ивановски со одличните игри во дресот на Вардар дефинитивно го заслужи повикот од селекторот Џон Тошак, со оглед дека е еден од носителите на играта на „црвено-црните“, кои токму со неговите голови добија неколку значајни натпревари од шампионатот. Ивановски е всушност повратник во репрезентацијата, со оглед дека веќе има настапи во периодот кога селектор беше Мирсад Јонуз.

На попладневниот тренинг, А-репрезентацијата ќе одигра мини - натпревар со младата селекција до 21 година. Според најавите, тренинг мечот ќе се игра 2 х 20 минути.
pzvr20sn.jpg

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1239
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1240
 
Младиве(U21) ќе ги скинат 'нашите најдобри' репрезентативци.
Абе и младите што ни се сјајни, шта да ти причам ..Иначе ќе играат тие на 7ми против Србија, во квалификациите за ЕУРО.
И незнам зошто во составот не е повикан Ристиќ, баш добро игра во неговата екипа, барем е стандарден и постигнува голови на скоро секој меч. Сигурно ќе изигра подобро од Ѓуровски кој нема ни еден меч заиграно во неговиот тим, а и од Ивановски..
Не сум против да игра Ѓуровски, баш е добар фудбалер, ама фудбалер без ниеден меч одигран..ебате фудбалерот.
 
Во принцип и јас се слагам дека играч кој година дена нема одиграно утакмица и е прекомандуван во младинската екипа на тимот за кој настапува, не би смеел да добие покана во репрезентација ама за Ѓуровски во случајов сепак би напраил исклучок, знам дека нема да биде у таква форма каква што беше лани али и онака неаме други опции за таа позиција, башка ако ништо друго со поканава за у репрезентација колку-толку може ќе му се олесни наоѓањето нов тим и што побрзо ќе си отиде од Украина...

А за Ристиќ и јас се слгам. Според мене, место Мирко и Филип Ивановски требаа да бидат повикани Ристиќ (за шпиц) и Фетаи (за десно крило)...
 
Некој пред година дена да ми кажуваше дека ќе играме со Ерменија и дека коефициент за ние да победиме ќе биде 4 кома нешто (а на интернет и многу поголем е) ќе му кажев дека е песимист и дека не сме до толку слаби
ама изгледа до толку сме
 
Во принцип и јас се слагам дека играч кој година дена нема одиграно утакмица и е прекомандуван во младинската екипа на тимот за кој настапува, не би смеел да добие покана во репрезентација ама за Ѓуровски во случајов сепак би напраил исклучок, знам дека нема да биде у таква форма каква што беше лани али и онака неаме други опции за таа позиција, башка ако ништо друго со поканава за у репрезентација колку-толку може ќе му се олесни наоѓањето нов тим и што побрзо ќе си отиде од Украина...

А за Ристиќ и јас се слгам. Според мене, место Мирко и Филип Ивановски требаа да бидат повикани Ристиќ (за шпиц) и Фетаи (за десно крило)...
Каков Фетаи брат не ме заебавај...
Очи да не им видам на тие...
Срамота е да не го викне Тасевски а во каква форма игра дечкото...
И Ристиќ упорно не го вика....
Меѓу Мирко и Филип јас би го одбрал Фичо. Не дека едниот е играч во Вардар, ама реално заслужува да игра во моментов во репрезентацијата. Можеби делува мрзеливо на теренот, ама покрива голем дел од теренот и знае да се постави на вистинско место во вистинско време. Реално немаме посолиден избор.
Добро е што го земал Ѓуровски. Може не игра утакмици ама има квалитет дечкото. Голема грешка што заглави по тоа лигите. Подобро ќе му биде во Вардар да си дојде дур му е време:icon_lol:
 
Јас за Фетаи сум брат Лионел Меси:icon_mrgr:
Реално...многу слаб напад имаме,уште кога ќе видам дека овој не го повикал Тасевски..ми се темни...креативност во средниот ред никаква...напаѓач еден нема асолен,па земи го Ристич бе да му се невиди...со Тричко ќе газеа.:tapp:
 
Сега Наум ќе ви каже за Тасевски :pos:

Јас би го бирал Мирко пред Фичо, веќе го имам кажано истото во Фан Клуб Вардар, го гледав доволно натпревари и мислам дека е далеку од некој кој би бил од корист за репрезентацијата.
 
Ќе видиш дека ако добие минутажа ќе се покаже. Едноставно не е играчќ кој би можел да доминира на теренот, но е многу важен во завршницата од нападите. Би го споредил со Ибра:icon_lol:
 
Инаку натпреваров за квалификации на ЕП за У21 ќе се игра на стадионот Борис Трајковски во Маџари.
Цена на картите 150 ден.

Интересно е што си најдоа нов слоган за повикување на навивачите: " Сите на стадион, срце на терен" :icon_lol:
 
Искрено не гледам никаква перспектива во репрезентацијава на долгорочен план..... жалам ако ме наречете песимист, тоа е моето гледиште.....:cautious:
Освен ако не го научиме Мекејлеб да игра и фудбал :icon_mrgr:
 
Сега Наум ќе ви каже за Тасевски :pos:

Јас би го бирал Мирко пред Фичо, веќе го имам кажано истото во Фан Клуб Вардар, го гледав доволно натпревари и мислам дека е далеку од некој кој би бил од корист за репрезентацијата.
Сепак мислам дека требаше да го повикаат... да му биде замена на Ѓуровски :pos:
 
Инаку натпреваров за квалификации на ЕП за У21 ќе се игра на стадионот Борис Трајковски во Маџари.
Цена на картите 150 ден.

Интересно е што си најдоа нов слоган за повикување на навивачите: " Сите на стадион, срце на терен" :icon_lol:

Oригинал! (n)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom