Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
ФФМ ВИКЕНДОВ ЗАКАЖА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР


Балевски можен в.д. селектор
7B6364E7230735498D640765FA062A53.jpg

Позицијата на селекторот Јонуз е на стаклени нозе поради лошите резултати
Фудбалската федерација на Македонија за викендов што следува подготвува седница на Управниот одбор, на кој се токми разрешување на Мирсад Јонуз, актуелниот селектор на македонската репрезентација. Епилогот дека Јонуз ќе мора да си замине е се' поверојатен по шпекулациите дека на Ванчо Балевски-Змија деновиве му била понудена функцијата в.д. селектор до крајот на квалификацискиот циклус.

Седницата на УО е закажана за в сабота во Дојран. На неа Јонуз ќе треба да даде отчет, но во моментов тој не располага речиси со никакви аргументи. Македонија има само една победа во квалификацискиот циклус и тоа против Андора. На домашен терен загубивме против Русија и Ирска, а не можевме да ја победиме ни Андора, со која одигравме реми. Во меѓувреме националниот тим падна на 85. позиција на светската ранг-листа, но по последниот пораз од Ирска на домашен терен се очекува да тонеме кон 100. место. Во моментов нема надежи дека ќе се пласираме повисоко од петтото место во квалификациската група, а тоа значи дека Ерменија на наша сметка во следниот циклус за СП 2014 ќе биде во четвртиот шешир при ждрепката, а ние во петтиот, што подразбира дека тогаш ќе се соочиме со поголем број тешки противници.

Единствени аргументи кои Јонуз би можел да ги приложи се освежувањето на селекцијата со неколку нови имиња и добрите игри на гостувањето против Словачка и Ирска и на домашен терен со Русија. Но сите тие три средби Македонија ги загубивме по наши грешки, а на крајот се признава само резултатот. Расположението во јавноста е дека селекторот треба да си даде отказ, но за тоа деновиве треба да одлучи УО по пат на гласање.

Инаку Балевски бил контактиран од луѓето на ФФМ во обидот да пронајдат привремено решение за преостанатите дуели со Русија и Андора во септември и Ерменија и Словачка во октомври. Поранешниот фудбалер на Вардар, Карлсруе и Хајдук Сплит им одговорил дека ќе размисли за понудата, бидејќи истовремено чека ангажман во Обединетите Арапски Емирати. Во својата тренерска кариера 64-годишникот работеше со Вардар, Слога југомагнат, Тетекс, Саса, но и во странство. (А.К.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=506F39C6E81892449DF2ADDD2185669C
 
ова се последните натпревари на јонуз
--- надополнето: Jun 17, 2011 8:25 AM ---
од 5 септември 2009година
натпревари-15
победи-4
нерешени-2
порази-9

Шкотска 2-0 Македонија (квалификации светско првенство 2010година)
Норвешка 2-1 Македонија (квалификации светско првенство 2010година)
Македонија 2-3 Шпанија (пријателска)
Македонија 3-0 Канада (пријателска)
Македонија 2-1 Катар (пријателска)
Македонија 1-1 Иран (пријателска)
Македонија 2-1 Црна Гора (пријателска)
Црна Гора 2-1 Македонија (пријателска)
Словачка 1-0 Македонија (квалификации европско првенство 2012година)
Македонија 2-2 Ерменија (квалификации европско првенство 2012година)
Андора 0-2 Македонија (квалификации европско првенство 2012година)
Македонија 0-1 Русија (квалификации европско првенство 2012година)
Ирска 2-1 Македонија (квалификации европско првенство 2012година)
Македонија 0-2 Ирска (квалификации европско првенство 2012година)
ова се сите натпревари на јонуз
Е пак ни сеа не се сите, ја пропушти победата против Исланд. Не викам дека нешто праи разлика и не е дека не се согласувам дека не осакати Јонузов, али само коментирав дека тоа претходно што го напиша не беше 100% точно, барем статистички.
 
Ајде нека се трга дегенов и нека скапува по тоа селата кумановски, може и ќе најде некој клуб да го води од околината на Липково кој ќе биде рамен на неговото фудбалско познавање...
 
ФФМ утре ќе одлучува за работата на Јонуз
петок, 17 јуни 2011
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Хари Хаџи-Ристески за утре закажа седница на Управниот одбор која ќе се одржи во Дојран со почеток во 13 часот, а на која ќе се разгледува извештајот на селекторот на А-репрезентацијата на Македонија за настапите и резултатите во квалификацискиот циклус за ЕП 2012 год
jonuz-mirsad-300.jpg

Македонскиот селектор Мирсад Јонуз на прес-конференцијата по поразот од Ирска во Скопје, запрашан од новинарите за евентуална негова оставка, најави дека по неколку дена ќе излезе со свој став откако ќе ги анализира досегашните резултати. Но, тоа не се случи и од средбата со Ирска која се одигра на 4 јуни поминаа 12 дена, а Јонуз не се произнесе во јавноста околу неговата иднина на селекторското место.
Во досегашниот тек од квалификациите репрезентацијата на Македонија од шест одиграни натпревари има претрпено четири порази (од Словачка, Русија и двапати од Ирска) еден натпревар одигра нерешено (со Ерменија) и оствари една победа против аутсајдерот Андора. Со само 4 освоени бодови Македонија се наоѓа на 5.место во групата без шанси за висок пласман.
 
Е пак ни сеа не се сите, ја пропушти победата против Исланд. Не викам дека нешто праи разлика и не е дека не се согласувам дека не осакати Јонузов, али само коментирав дека тоа претходно што го напиша не беше 100% точно, барем статистички.

на победата на исланд селектор беше катанец само ја имам заборавено утакмицата со камерун
--- надополнето: Jun 18, 2011 10:08 AM ---
еве за среќќо катанец од 17 фебруару 2006 до 4 септември 2009
натпревари-28
победи-10
нерешени-8
порази-10

Македонија 1-0 Турција (пријателска)
Македонија 2-1 Еквадор (пријателска)
Македонија 1-1 Молдавија (пријателска)
Албанија 0-1 Македонија (пријателска)
Македонија 0-0 Нигерија (пријателска)
Македонија 1-1 Србија (пријателска)
БИХ 2-2 Македонија (пријателска)
Полска 1-1 Македонија (пријателска)
Црна Гора 2-1 Македонија (пријателска)
Луксенгбург 1-4 Македонија (пријателска)
квалификации европско 2008
Естонија 0-1 Македонија
Македонија 0-1 Англија
Англија 0-0 Македонија
Андора 0-3 Македонија
Македонија 0-2 Русија
Хрватска 2-1 Македонија
Македонија 1-2 Израел
Русија 3-0 Македонија
Македонија 1-1 Естонија
Македонија 3-0 Андора
Македонија 2-0 Хрватска
Израел 1-0 Македонија
квалификации светско 2010
Македонија 1-0 Шкотска
Македонија 1-2 Холандија
Исланд 1-0 Македонија
Холандија 4-0 Македонија
Македонија 0-0 Норвешка
Македонија 2-0 Исланд
 

зашо ти е чудно? :)

дечкото е веројатно израснат таму, таму тренирал па спореди какви услови имал таму а какви би имал тука, така да можно е да искочи некој суперталент стварно.

Јас затоа кењам дека ние имаме таленти меѓутоа младинските категории/тренинзи ни се за никаде, штета нема некој да се најде да инвестира во тоа, за 12тина години би имале репрезентација која би била на светско/европско.
 
зашо ти е чудно? :)

дечкото е веројатно израснат таму, таму тренирал па спореди какви услови имал таму а какви би имал тука, така да можно е да искочи некој суперталент стварно.

Јас затоа кењам дека ние имаме таленти меѓутоа младинските категории/тренинзи ни се за никаде, штета нема некој да се најде да инвестира во тоа, за 12тина години би имале репрезентација која би била на светско/европско.
Погрешен линк ставив, во еден од тие пишуваше дека одбил 5-6 екипи, меѓу кои и Интер :) Затоа ставив WTF? :)
 
Мирсад Јонуз е сменет од селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Македонија !!!

Stay tuned... за кратко повеќе детали на нашиот сајт !
 
На самиот почеток на седницата по барање на селекторот , истиот поднесе усно образложение на доставениот писмен извештај при што на крајот потенцираше дека не поднесува оставка на функцијата и доколку биде разрешен од УО правата ќе ги бара по правен пат согласно договорот.

ах тие пари
 
http://kurir.mk/sport/fudbal/33452-Razresen-selektorot-Mirsad-Jonuz
-На самиот почеток на седницата по барање на селекторот, истиот поднесе усно образложение на доставениот писмен извештај при што на крајот потенцираше дека не поднесува оставка на функцијата и доколку биде разрешен од УО правата ќе ги бара по правен пат согласно договорот.
:eek::eek::eek: А бе овој Јонуз е ненормален бе ...ццц !!!
 
Паметен си е човекот :D ...сеа следен на мета кој ќе биди Балевски, Бабунски ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom