Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Значи каков СЕЉАК еј!! Иди бре копај нива дегену, не се прај тоа што не си.
 
Погрешен линк ставив, во еден од тие пишуваше дека одбил 5-6 екипи, меѓу кои и Интер :) Затоа ставив WTF? :)
Се гледа дека не си читал одамна на сајтот...
Очекувано беше да ги одбие Интер поради тоа што веќе го имаат Барди како голман на примавера кој е многу надежен, а за следен голман на Интер се смета токму на Вивиано од Болоња, па најверојатно за 2-3 години Вивиано ќе премине во Интер, а Стојановиќ ќе биде прв голман на Болоња(ако правилно се развие), па може да уклучат половична сопственост на Стојановиќ со оглед на тоа што се во добри односи со Болоња.
 
не очекувам ништо подобро да постават за тренер хари и фамилијата,нема да ме чуди тоа да биде секогаш тактички спремниот,мотивациски настроениот,интерпланетарно популарниот Бобан Бабунски.
 
getImageThumbnail.php
Мирсад Јонуз повеќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на денешната седница во Нов Дорјан едногласно го разреши Јонуз од функција поради прекршување и непочитување на одредбите според кои е склучен договорот.

Интересно е што Јонуз вината за лошата игра на репрезентацијата и константниот пад на ФИФА ранг листата не ја прифаќа како своја и на усното обраќање пред почетокот на седница потенцираше дека нема намера да замине и доколку биде разрешен правдата ќе ја бара на суд.

Веќе се шпекулира со наследникот на клупата на националниот тим, а двајцата најистакнати кандидати се Ѓоко Хаџиевски и Чеде Јаневски.

За тоа кој ќе ја преземе работата на Јонуз, Управниот одбор ќе дискутира на седната седница.
 
Ѓоко Хаџиевски лош избор односно избор од минатото време е за нови луѓе ја мислам дека Чедомир Јаневски би бил подобра опција.
 
Конечно се спасивме од овој сељак кој не е кадарен да води ни третолигаши а камоли репрезентација:LOL:
за следен селектор сакам да биде или Чедо Јаневски или некој докажан странец;)
 
Глупо е додека оваа багра ја води федерацијата, некој саглам тренер да прифати да работи. Ќе го упропастат и него. Сега ни треба некој бетер од Јонуз да најдат, а верувам дека тие тоа го можат и умеат. Некој што ќе ја донесе атмосферата до тој степен на клоци да се избрка се.

А иначе, состаноците мудро си ги прават по Дојран и слични локации богу иза леѓа. Не се збираат повеќе во Скопје, бегаат од народ што подалеку...
 
Уште и Хари да го сменат и на раат да се иде на стадион...
 
Не ја местат сега ФФМ анкетата како што ја местеа за Јонуз, а? :D
 
Хаџи-Ристески разговараше со Хаџиевски и Јовановски

hari_goko_i_gore2_copy_1.jpg

Како што беше најавено претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески од денеска ги започна разговорите со потенцијалните кандидати за селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Во просториите на федерацијата , првиот човек на ФФМ разговараше со поранешните селектори на националниот тим Ѓоко Хаџиевски и Ѓорѓи Јовановски. Хаџи-Ристески одржа состанок и со претседателот на Тренерската организација во ФФМ, Вујадин Станојковиќ со што и тренерскиот еснаф е вклучен во изборот на наследник на Мирсад Јонуз.
- Извршени се телефонски разговори и со тренери од странство кои изразија заинтересираност за функцијата како Зоран Филиповиќ, Љупко Петровиќ, Пламен Марков и Зија Доган кој во текот на утрешниот ден ќе пристигне на разговори во Скопје.
- Исто така остварени се контакти и со менаџерот на нашиот интернационалец Чеде Јаневски .
- Покрај овие имиња има уште неколку менаџерски понуди за квалитетни тренерски имиња кои сигурно се интересни за нас, но далеку од нашите финансиски можности. Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции, ќе го почитуваме мислењето на тренерската организација и најдоцна до 15. Јули ќе го соопштиме новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, изјави за сајтот на ФФМ- претседателот Хари Хаџи-Ристески.
 
Хаџиевски и Јовановски на преговори
Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски се првите двајца наши тренери кои имаа состанок во четири очи со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие Хаџи-Ристески. Со тоа почнаа разговорите за именување на ново име на кормилото на македонската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Мирсад Јонуз на последната седница на Управниот одбор во Дојран.

„Има многу менаџерски понуди за квалитетни тренерски имиња кои несомнено се интересни за нас, но истовремено и далеку од нашите финансиски можности. Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции, ќе го почитуваме мислењето на тренерската организација и најдоцна до 15 јули ќе го имаме новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација“, изјави Хаџи-Ристески за официјалната интернет страница на ФФМ.

За денеска во Скопје е најавено доаѓање на Турчинот Зија Доган кој беше еден од кандидатите за селектор по заминувањето на Среќко Катанец. Но, телефонски разговори се остварени и со уште неколку тренери од регионот кои изразија заинтересираност за преземање на функцијата. Меѓу нив се поранешниот црногорски кормилар, Зоран Филиповиќ, потоа Љупко Петровиќ, човекот што ја водеше Црвена звезда до титулата во КЕШ во 1991 година и до онаа во Интерконтиненталниот куп во Токио, и Бугаринот Пламен Марков. Според интернет страницата на ФФМ воспоставен е контакт и со менаџерот на нашиот интернационалец Чедомир Јаневски.

извор: Утрински весник
 
Од денеска и официјално сме 98мо место!Бедно..пред нас се Зимбабве,Уганда,Сиера Леоне,Ирак итн. :sick:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom