П
Паспарту
Гостин
ФФМ ВИКЕНДОВ ЗАКАЖА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР
Балевски можен в.д. селектор
Позицијата на селекторот Јонуз е на стаклени нозе поради лошите резултати
Фудбалската федерација на Македонија за викендов што следува подготвува седница на Управниот одбор, на кој се токми разрешување на Мирсад Јонуз, актуелниот селектор на македонската репрезентација. Епилогот дека Јонуз ќе мора да си замине е се' поверојатен по шпекулациите дека на Ванчо Балевски-Змија деновиве му била понудена функцијата в.д. селектор до крајот на квалификацискиот циклус.
Седницата на УО е закажана за в сабота во Дојран. На неа Јонуз ќе треба да даде отчет, но во моментов тој не располага речиси со никакви аргументи. Македонија има само една победа во квалификацискиот циклус и тоа против Андора. На домашен терен загубивме против Русија и Ирска, а не можевме да ја победиме ни Андора, со која одигравме реми. Во меѓувреме националниот тим падна на 85. позиција на светската ранг-листа, но по последниот пораз од Ирска на домашен терен се очекува да тонеме кон 100. место. Во моментов нема надежи дека ќе се пласираме повисоко од петтото место во квалификациската група, а тоа значи дека Ерменија на наша сметка во следниот циклус за СП 2014 ќе биде во четвртиот шешир при ждрепката, а ние во петтиот, што подразбира дека тогаш ќе се соочиме со поголем број тешки противници.
Единствени аргументи кои Јонуз би можел да ги приложи се освежувањето на селекцијата со неколку нови имиња и добрите игри на гостувањето против Словачка и Ирска и на домашен терен со Русија. Но сите тие три средби Македонија ги загубивме по наши грешки, а на крајот се признава само резултатот. Расположението во јавноста е дека селекторот треба да си даде отказ, но за тоа деновиве треба да одлучи УО по пат на гласање.
Инаку Балевски бил контактиран од луѓето на ФФМ во обидот да пронајдат привремено решение за преостанатите дуели со Русија и Андора во септември и Ерменија и Словачка во октомври. Поранешниот фудбалер на Вардар, Карлсруе и Хајдук Сплит им одговорил дека ќе размисли за понудата, бидејќи истовремено чека ангажман во Обединетите Арапски Емирати. Во својата тренерска кариера 64-годишникот работеше со Вардар, Слога југомагнат, Тетекс, Саса, но и во странство. (А.К.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=506F39C6E81892449DF2ADDD2185669C