Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
^ Еве бе, им го замрзнавме теренов ко со Андора :pos:
 
Абе тоа позитивна ствара е, Африканциве не се навикнати на вакви услови, има да измрзнат :) Барем се надевам :Р
 
Абе тоа позитивна ствара е, Африканциве не се навикнати на вакви услови, има да измрзнат :) Барем се надевам :Р

Овие африканци со кои играме дали 2 недели годишно поминуваат во Африка, така да јас очекувам нашите репрезентативци повеќе да ги изненади снегот, отколку камерунците... На замрзнат терен против Андора не ја поминавме половината, а сега како ќе биде ќе видиме. :)

Инаку младата репрезентација на Македонија за противници во квалификацискиот циклус за ЕП во Израел во 2013 ги доби репрезентациите на Данска, Србија, Северна Ирска и Фарски Острови.
 
Ако забележувам добро теренов не е ни со најлон обичен покриен? :tapp: Па стадионите од трети лиги низ ЕУ ги покриваат со било што да не се трупаат снегови нашиве го оставиле да сe трупа :icon_eek:
 
Според страната на Работнички, Маневски одново добил повик за репрезентација за натпреварот против Камерун, на местото на некој од веќе повиканите играчи кој најверојатно одпаднал.

Уште не е потврдено нидге така да незнам колку е точно, ама прилично ме изненади, не очекував Маневски да добие покана. Мислев дека Грнчаров, Алими и Фетаи би биле во преден план (и Ѓуровски ама со оглед на тоа што е без тим тој очигледно отпаѓа, а ништо чудно и ако воопшто не заигра за репрезентација во следните 6 месеци веќе доколку не успее да најде тим во меѓувреме)

--- надополнето ---

http://www.ffm.com.mk/index.php?opt...6&catid=37:a-national-team&Itemid=247&lang=mk

И потврдено е, Маневски е повикан за мечот против Камерун бидејќи Попов е повреден.
 
Со кој состав ќе настапат и двете репрезентации за натпреварот ?

Има ли официјално колку публика би требало да има ? Со оглед на тоа што е ладно ?!
 
Еве го нашиот состав:

Голман: Един Нурединоски. Резерва: Мартин Богатинов.
Одбрана: Лазевски, Новески, Митрески, Тодоровски. Резерви: Шиков, Мојосв и Лазаревски.
Среден ред: Шумуликовски, Тасевски, Демири. Резерви: Деспотовски и Маневски.
Напад: Тричковски, Пандев, Наумоски. Резерва: Ристиќ.
 
добри сме...Се надевам на добра утакмица :vozbud: а на Камерун составот кога ќе биде соопштен? И дали ќе има многу публика на стадион ? некакви информации нема ?
 
Не се знае колку публика ќе има, ќе видиме...

Камерун го објави списокот ама неможам сеа да го најдам, плус неам појма кои (од нив) ќе бидат стартери. До душа и за кај нас незнам со сигурност ама претпоставувам дека тој ќе биде почетниот состав (што го спомнав).

У секој случај тренерот на Камерун бил критикуван за изборот на играчи што го направил, пошто имало 2ца од нивните популарни фудбалери кои не биле поканети за овој натпревар (без никакво објаснување зошто не се викнати) а на нивно место се ставени некои нови фаци... Така да изгледа нема да дојдат баш во најдобриот состав..

Од нашиве едино Маневски сеа накнадно што го викнаа малце ми штрчи, мислам дека Грнчаров, Фетаи и Алими ќе беа подобри опции... До душа ај, Грнчаров и не мора пошто веќе има 4 штопери на списокот (јес да ипак мислам дека требаше он да биде вклучен наместо некои од тие 4ца, пошто покрај Новески едино он е во играчка форма во моментов ама не е толку страшно), ама Фетаи особено сега откако најде веќе нов клуб мислам дека ќе беше подобра опција али нема везе, и онака веројатно на крај на натпреварот ќе влезе во игра ЛОЛ

Мене едино криво ми е со Ѓуровски што најверојатно ништо нема да бидне. За Војводина не верувам пак да заигра, а и не верувам сега да најде нов тим негде на исток, пошто мора да се плати и оштета ако некој сака да го земе... Така да изгледа дека он ќе паузира од играње цели 6 месеци :/
 
Сега го гледав Кристијан Наумовски за Динамо Букурешт, многу добро изигра
 
Не ми е јасно зашто ни еден селектор не го викна неџипи, игра во средина и стварно е мн добар нешо слично на Шаќири. Има и многу други кој имаат макдеонско државјанство а играат за други држави (касами од палермо и др),а никој не се ни потрудил да играат за нас али тоа е.
 
Pajtim Kasami има настапувано за Швицарска У17,19 и 21.. сеуште нема заиграно за А-тимот... така да ако имаат желба нашите нека превземат акции... добар млад играч е...
 
Мислам дека пробуваат и Касами и Игњовски да ги викнат да играат за нашата репрезентација,ама тие моментално не се заинтересирани да играат за нашата репрезентација.Овие камерунциве се речиси во најдобар состав,иако се мислам како тодоровски ќе го чува ето.
У секој случај на стадион се надевам дека ќе има доста луѓе да ги бодриме нашиве,па што сака нека биде:toe:
 
Мислам дека пробуваат и Касами и Игњовски да ги викнат да играат за нашата репрезентација,ама тие моментално не се заинтересирани да играат за нашата репрезентација.Овие камерунциве се речиси во најдобар состав,иако се мислам како тодоровски ќе го чува ето.
У секој случај на стадион се надевам дека ќе има доста луѓе да ги бодриме нашиве,па што сака нека биде:toe:




Преку сила 3-4000 повеќе не верувам. Овие па пуштиле во продажба 20 000 карти :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom