Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Мислите овие играле !? Јаделе oриз таму у ресторанот на стадионот. Којзнае кој играл. :pos:
сигурно до тоа е!:pos2:
ама срамота бе од оние жутине шо се по метро и жилет да губиш!:kesa:
остај тоа и у 94 да ти го брцнат!
 
Можеме да почнеме да се кладиме на тоа за колку месеци ќе паднеме и под 100то место на ранг листата.
 
Ајде де не ни игравме со којзнае каков состав.
Ваљда имам вакво мислење зошто се навикнав на порази
 

Еве мало видео од натпреварот...

Освен шутот на Алими, останатото ништо опасно за голот... Одбраната хаотична изгледа во тие неколку снимки...
 
незнам колку беше пенал...криво ми е то изгубивме во 94 мин а не еве во 62 да примиме гол...одбраната стварно беше конфузна за нападот незнам само таа пречката беше нешто конкретно се друго гола вода...се на се криво ми е што изгубивме мислам дека не заслуживме...
 
Лазаревски се сели во Тобол
54D32597D756B646BE251E0C5C2C7267.jpg
Според медиумите во Казахстан, Владе Лазаревски е нов член на екипата на Тобол. Тој доаѓа како големо засилување во екипата која пред само неколку недели се закити со шампионската титула во оваа земја, прва во нивната историја, откако претходно четири пати завршуваа на второто место
Лазаревски до вчера настапуваше во Локомотив Астана, а потоа со добрите игри го сврте вниманието кон себе и Тобол реагираше го зема во неговите редови. Моментално овој тим се наоѓа на подготовки во Анталија каде се подготвува за стартот на новата сезона, а исто така и за настапите во квалификациите за ЛШ следната сезона.
 
Марио Ѓуровски пред трансфер во Ерготелис

Фудбалерот на Војводина и македонски репрезентативец Марио Ѓуровски својата кариера, најверојатно, ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Ерготелис. Овој клуб појавил сериозен интерес за ангажман на играчот за врска на новосадските „црвено-бели“ и веќе доставил конкретна понуда до клубот. Иако раководството на Војводина се уште размислува дали да ја прифати понудата од финансиски аспект, сепак многу веројатно е дека Ѓуровски во текот на зимскиот преоден рок ќе се упати кон Грција и ќе потпише тригодишен договор со Ерготелис. Освен Ерготелис, за услугите на Марио Ѓуровски се интересираат и АЕК и Ксанти, а претходно како негова следна дестинација се споменуваше и Јапонија.
 
Македонија - БиХ во февруари, прв натпревар во 2011 година.
ај види тука со кој ќе игра босна :nesvest:сега клај му есап кој со кој ќе игра :tapp:

за да ти биди појасно види тукана официјалната страна на босанската реперзентација:uvo: тука некој лаже А?!
што значи ни останва да играме со колмбуја во анталија или со полска во португалија ако и тие не не извисат па да играме со некој клошари
 
од кога се сликите да не знајш?и кај ги најде?!
инаку саша го поштоваја во нимберг вкрај и мислам дека и споменик му имаа направено на трибина во копот или така нешто беше
 
Сликите се ваљда од кога играше, памтам дека имаше вакви кореографии
 
Вердер Бремен се интересира ѕа Марио Гуровски... Не верувам нешто од тоа да бидне али ај...

ФФМ во преговори со Бугарија да одиграат пријателски натпревар во февруари, кај нас во Скопје... Со оглед на тоа што скоро сите останати веке имаат организирано пријателска за тој ден, ништо чудно да бидне, оти и они немаат многу избор со кој друг да играат, башка комшии...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom