http://livetv.ru/en/eventinfo/62332_china_macedonia/
Овде исто треба да може да се најде пренос... Едино ме чуди зашо пишува дека у 6:30 ќе почне преносот кога на ФФМ страната пишува во 12:30... Сеа незнам дали да станувам у 6 или не :/ Башка појма неам за која временска зона се мисли 6:30... А од друга страна овие од ФФМ не ми се сигурни, претходно викаа у 11:30 ќе бил натпреварот, сега у 12:30...
У секој случај еве го почетниот состав за утре:
Голман: Богатинов
Одбрана: Лазевски (капитен), Таневски, Мојсов, Тодоровски
Среден ред: Демири, Глигоров, Алими, Маневски
Напад: Фетаи, Кировски
Според тоа јас што го очекував едино наместо Ивановски го одбрал Маневски, останатото е како што предвидов... Али малце ми е сеа чудно, у принцип играме 4-3-3 формација а сега изгледа ќе иде со 4-4-2 ама средниот ред незнак како точно ќе го распореди оти Алими и Маневски се и двајцата крила, а и Демири и Глигоров исто играат иста позиција, како дефанзивни играчи во средина на средниот ред... Така да пак изглеа ќе импровизира Јонуз со позициите на играчите лол Едино освен ако Маневски го стави во напад пошто е поофанзивен играч ама незнам колку е тоа добра варијанта, боље ќе беше со Ивановски да стартува него со Маневски у напад...