Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Честито победа најпрво, да редиме што повеќе годинава :baeh:

За играта сеа...
По којзнае кој пат се докажа дека немаме средина. Георгиевски и Деспотовски(бр.13 може грешка сум во презимето) добри се во дефанзива али колку само топки испромашија, невидено.
Шумуликовски....:tapp: Многу слабо... Јонуз изјави дека тие што не играат во клубовите нема да ги вика за репрезентација... епа што бара Величе тогаш. И тој во одбрана некако се снаоѓа али губи топки како луд. За Алими да не почнувам....

Одбраната е најсилното што го имаме моментално. За Попов немора да се збори...ЅВЕР! Новески и Митревски стандардно, Грнчаров ме изненади имаше добри стартови, а и Седло е сеуште достоен за замена. Дебитантов Тодоровски ако продолжи вака секоја чест. Со него и Попов по страните мераци.

Нападот солиден, ма да може место Стојков и Ибраими(ајде тој и не беше толку лош) да се викнат Ристиќ, Ивановски, Тричковски.... имаме избор за во нападот. Савиќ добро изигра, од кога влезе имаше неколку продори по десната страна, особено на 5 минути пред крај пројде 3-4 играчи ко на шала.

Сепак без добар среден ред ништо не правиме.....
 
Добра игра посебно во првиот дел. Можеше и подобро но сепак покажаа брза игра иако на моменти во вториот дел бевме целосно отсечени. Реално Црна Гора е далеку зад нас барем според мене.

ПС.И црногорциве претеруваат. Читам политички коментари по нивниве весници против нас а уште не им е јасно дека 80% од државата им е српска :)
 
Зошто Црногорците не свират армоника... Оти кога ќе ја растегнат цела, ќе ја поминат границата. Го глеав прееска Вучиниќ како реагираше, абе овие Црногорциве биле бетер и од србите, србите кога губат бар не кукаат до толку. Едноставно си одат десет минути пред да заврши мечот :pos:
 
Де бе не се палете, натпревар ко натпревар, кој губи се лути, после ќе се смират и ќе им помине.

Благодарение на преносот не видовме дали Пандев беше во офсајд кога го постигна голот, дали нивниот гол воопшто беше гол, дали поништениот гол требаше да им биде поништен (видовме реклама тогаш, сега се мислам да си земам бројче од ONE).

И подобро што не видовме, резултатот се памти и тоа...
 
Вучиниќ готов беше да се затепа, а и другите не беа поарни е*ати менталитетот :tapp:

Линискиот судија во прво полувреме ни досуди 5-6 офсајди од кои само еден постоеше, Наумовски беше еден метар напред. :pos:
 
Дискутабилни се сите три ситуации,имав можност од одличен агол на стадионот да ги согледам.Мое видување за голот е дека Пандев беше во линија со последниот одбранбен на црногорците,барем мене така ми се чини.За поништениот гол Вучиниќ беше во пасивен офсајд,ама некој од нашите ја врати топката назад,што по дифолт значи дека офсајд не постои,но судијата сугерираше дека и некој од црногорците ја допрел топката со глава во дуелот со нашиот дефанзивец,што лично јас не го видов.Третиот момент е најдискутабилен,тоа е најтешко за забележување како гледач,дали ја мина линијата топката или не.
Сосема ви е наместо и забелешката за преносот,немав можност да го гледам,ама со две камери да се реализира,тоа е веќе очајно.Посебно кога би имало вакви сомнителни ситуации.
Како и да е,мечот е сепак пријателски и евентуални судиски грешки не оштетуваат никого така драстично.
Мечот не беше воопшто лош и несодржаен,ако се земат предвид условите за игра,т.е. очајниот терен.Незнам што размислуваат да прават надлежните со овој проблем,ама сепак грев и срамота е меѓународни натпревари да се играат на толку очајно игралиште.
Мислам оти тоа треба да им е приоритет.
Инаку и денес се виде оти ни е страшно потребен креативец во средниот ред,некој кој навремено ќе го проигрува нашиот напад.
Денес речиси секој напад одеше преку Попов,беше извонреден,пробиваше како крило,раздаваше долги пасови,извонредно точни,според мене несомнено е играч на мечот.Одбраната ни беше горе-доле солидна,особено Новески во првиот дел,Митрески беше послабата карика.Шумуликоски чудно со оглед на тоа што не игра во својот тим,а е во извонредна физичка форма,истрча многу,беше солиден во пресекување на противничките акции.Деспотовски исто,солиден меч изигра.И на овој новакот треба да обрне внимание,се гледа оти има капацитет да игра у репрезентација,а и очајната форма на Лазаревски сигурно е причина плус за тој да се земе во предвид.
Савиќ не беше лош како што некои претендираат погоре,напротив добро пробиваше по десната страна,таа ни беше пожива во второ полувреме,нанижа и пет играчи на црногорците во еден момент,ќе се најдеше во чиста гол шанса,ама беше запрен со фаул кој во други околности би бил и црвен картон.Ибраими беше поочајниот,сакаше да солира на и онака тешкиот терен,неколку пати буквално ја заби копачката во тревникот,немаше навремени додавања,со еден збор немаше свој ден.
П.С. Не ли ве чуди што за Попов не е заинтересиран некој поголем клуб од сегашниот?Според оноа што го гледам од него натпревари наназад,сум се поуверен дека дефинитивно ја надмина сегашната своја средина.
 
Јеп! Зрел е за поголем клуб и лига...
 
Добра игра посебно во првиот дел. Можеше и подобро но сепак покажаа брза игра иако на моменти во вториот дел бевме целосно отсечени. Реално Црна Гора е далеку зад нас барем според мене.

ПС.И црногорциве претеруваат. Читам политички коментари по нивниве весници против нас а уште не им е јасно дека 80% од државата им е српска :)
не играше Јоветич,со подобар терен и Јоветич мислам дека ќе играа далеку подобро
 
pandevmakcg.jpg

:)
 
Па кога ќе се земе натпреварот во целост тогаш ние и не одигравме ништо поквалитетно од Црна Гора. Одбраната беше просечна, средината како и секогаш никаде ја немаше, додека нападот одеше преку Пандев како и секогаш.

Гоце не е оној стариот и мислам дека му е потребна замена, Алими не знам кој го зел во репрезентацијата, Шуми немаше едно прецизно проигрување, Стојков слабо како и секогаш, Георгиевски исто така слабо одигра денес.

Сепак да не излезе дека само критикувам сега и ќе пофалам некој:). Попов уште еднаш потврди дека е во одлична форма. Не застана 90 минути. Ако има некој кој е кондиционо спремен и кој секој натпревар го игра како да е одлучувачки тогаш тоа дефинитивно е тој. Ибраими беше солиден. Се гледа дека поседува квалитет. Тодоровски (мислам дека така се викаше дебитантот:)) пријатно ме изненади. Одигра одлично по десната страна. Пандев е секогаш опасен.

А за реакциите од страна на фудбалерите на Црна Гора воопшто не сум изненаден. Вичиниќ иако е одличен фудбалер секогаш бил плачко. Останатите се огледале во својот капитен па затоа го поддржале:).
 
Мислам дека е време Шумуликовски да ја напушти репрезентацијата, неможе некој што не игра за својот клуб веќе 2 сезони да игра во репрезентацијата цела утакмица....
Алими, Лазаревски и Стојков исто така треба да ја напуштат репрезентацијата...
За Попов веќе све кажавте нема што да се коментира, дечкото може слободно да игра во Италија/Шпанија ...
Тодоровски исто така одигра добро, што е до мене како единствен достоен заменик на Седлоски е капитенот на младата репрезентација, дечкото против Србија одигра феноменално заедно со Стефан Ристовски.... мислам дека ќе имаме добра репрезентација за некои 2-3 години...
 
Кој е капитен во младата репрезентација ??
п.с Освен Стефан Ристофски дефинитивно и Самир Фазли за 2-3 години треба да се викне во А репрезентација ... А тој што го даде голот против Србија, тој нема благе везе од фудбал, со врски е ставен во младата репрезентација ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom