Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Без пораз 11 официјални утакмици.Се извинувам, немаме пораз 8 утакмици.
Ако си во Грција така пишуваше дека е 1 саат понапредНа ливескоре пишуваше дека почнува во 19ч, а почна порано
Tuka sum od Petok, ama glupaviot Tablet ne go azurira vtemeto abtomatskiАко си во Грција така пишуваше дека е 1 саат понапред
Мора да се признае дека Милевски "ископа" играчи кој и тоа како добро дојдоа во екипата. Алими одлично го замени Адеми многу корисен играч... Ќамили се покажува за сега добар играч од клупа, Растодер прва утакмица ми се чини дека ке биде добар. Солидни трансфери на носителите на играта Барди стандарден во Коња, Елмас се врати во лигата која му лежи, Миовски прв натпревар стартер во Ренџерс и тоа против Селтик, Алиоски конечно почна да игра макар и во Швајцарија, Чурлинов во Кочаели си најде средина каде ке игра... Тоа се осеќа на играта сите расположени спремни за игра... Мислам дека е време да го "одмори" Милан Ристовски и да ги видиме сокерашите на негово место како ке се снајдат... За сега добро тераме баражот ни е речиси обезбеден па зошто да не го нападнеме првото место...
На кого се однесуваше пораката "Со тебе сме Ангеле" со која се сликаа Елмас и Барди?
Баш имаме шанси да ги тепаме Велс таму.Мајстори сме за фантазирање.
Реалноста е дека квалитетот ни е за да бидеме трети во групава, во борба со класа послабиот Казахстан. Ако ни се погодеа некои резултати, со малку среќа ќе обезбедевме второ место пред Велс. Нереално е да се очекува дека ќе завршиме први во групата. Нереално е дури и пред Велс да завршиме. Скоро цела репрезентација им игра во првите три лиги од Англија. Може немаат некој како Герет Бејл, ама имаат 5-6 играчи од тимови во Премиер лигата, во кој не би можел да игра ниту еден наш репрезентативец.
Ај што 90% од тие што коментираат врска немаат и само знаат да плукаат (особено по Милевски), туку само трубат едно исто дека не се земале најдобрите играчи што ти ја знам.
Кои црни играчи не се земале, младинските категории се катастрофа, пола репрезентација не игра никаде, македонската лига е на дното, само двајца играчи имаме во топ петица ко што би рекол Свињенко. Од нив едниот е резерва, другиот по мене направи лош потег што се врати во Наполи, затоа што треба да враќа форма во тим кој ќе му даде минутажа (како Торино).
Чурлинов изигра 0 минути во чемпионшип, важно ние бараме да го згазиме Велс, а нивни играчи без проблем играат стандардно во овие лиги.
Многу нереално гледаме на работите. Белгија била слаба, ќе сме ја тепале на гости. Убаво е да се надеваме, секако постои можност да изнднадиме еднаш на 10 утакмици, ама да кажеш дека Белгија е слаба, треба да си луд. Тогаш ние сме ранг на Сан Марино ако Белгија е слаба.
Нас едноставно местото не ни е на СП. Би биле убедливо најслабата репрезентација која играла на СП од Европа, ако се случи чудо и успееме да се пласираме. Никогаш немало репрезентација без барем една ѕвезда во тимот, а играла на СП од Европа. Барди и Елмас ни се најдобри, двајцата на клупски план се мизерија.
Столе си еба мајката исто така.
Ние сме репрезентација која со квалитетот кој го има треба да е среќна ако држи трето место во групите и да се надева дека ќе чепне некој бод со појаките. Многу поверојатно е со овие играчи да паднеме на четврто место некогаш, зависи како ќе се погоди некоја генерација во екс рускиве држави кои најчесто во тие шешири.
Треба да сме ПРЕСРЕЌНИ ако некако успееме да дојдеме до второ место и да скокнеме малку во шеширите за баражот. Ни се погоди Лигата на нации (со репрезентации баш ко за наш квалитет), па обезбедивме сигурен бараж, ама таму нема што да бараме.
Не му е муабетот да омаловажувам, ама реалноста е таа и малку треба да се проземјиме со очекувањата и барањата.