Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Петарда! :cool: Ама требаше уште некој гол да дадеме, затоа што како што кажав ако дојде до гол разлика да се рваме со Белгија, тие ќе се во предност.
По победата на Чешка над Црна Гора на гости, 100% сме пласирани во бараж барем преку лига нации. Баражот е осигуран, зошто сега да не се нападне тоа прво место во групата во кое имаме шанси и моментално сме први. :toe: Нема што да се загуби, а може да се добие. Инаку најдобар старт до сега во квалификацииве. Во првите пет кола сме без пораз и со 11 бода. Башка што и официјално 12 меча сме без пораз.
 
На ливескоре пишуваше дека почнува во 19ч, а почна порано
 
Мора да се признае дека Милевски "ископа" играчи кој и тоа како добро дојдоа во екипата. Алими одлично го замени Адеми многу корисен играч... Ќамили се покажува за сега добар играч од клупа, Растодер прва утакмица ми се чини дека ке биде добар. Солидни трансфери на носителите на играта Барди стандарден во Коња, Елмас се врати во лигата која му лежи, Миовски прв натпревар стартер во Ренџерс и тоа против Селтик, Алиоски конечно почна да игра макар и во Швајцарија, Чурлинов во Кочаели си најде средина каде ке игра... Тоа се осеќа на играта сите расположени спремни за игра... Мислам дека е време да го "одмори" Милан Ристовски и да ги видиме сокерашите на негово место како ке се снајдат... За сега добро тераме баражот ни е речиси обезбеден па зошто да не го нападнеме првото место...
 
Штета за Столе што уште една (полу)сезона ке грее клупа во Валенсија, освен ако не се сменат околностите...
 
На кого се однесуваше пораката "Со тебе сме Ангеле" со која се сликаа Елмас и Барди?
 
Играта добра и головите супер. Очекуваното е остварено. Но, да не се залетуваме многу. Чудо ни треба за 1во место во групата, а реално и 2ро е тешко остварливо со оглед на тоа што ги имаме двете најтешки гостувања со Велс и Белгија. Но, кога можевме да изненадиме на гости со Италија и Германија, зошто да не се обидеме и сега да расипеме туѓи сметки? Ако ништо друго, скапо да ја продадеме кожата барем :D. На гости поопуштено играат нашите така да се е можно. Секако постои и втората шанса преку бараж, но и таму ќе биде еднакво тешко пошто се игра по ист принцип како со Италија и Португалија што игравме.
 
Се е супер засега, ама навивачка атмосфера мртвило. Вчера навивачка група на Вадуц (ако постои таква навивачка група) ќе беше погласна од публиката наша. Нема кој да покрене атмосфера, дури и тие што се обидуваат тоа да го направат не им успева.

А и тие трубите што им ги даваат на децата за да не им биде досадно , би им ги забранил на влез :D
 
Мајстори сме за фантазирање.
Реалноста е дека квалитетот ни е за да бидеме трети во групава, во борба со класа послабиот Казахстан. Ако ни се погодеа некои резултати, со малку среќа ќе обезбедевме второ место пред Велс. Нереално е да се очекува дека ќе завршиме први во групата. Нереално е дури и пред Велс да завршиме. Скоро цела репрезентација им игра во првите три лиги од Англија. Може немаат некој како Герет Бејл, ама имаат 5-6 играчи од тимови во Премиер лигата, во кој не би можел да игра ниту еден наш репрезентативец.
Ај што 90% од тие што коментираат врска немаат и само знаат да плукаат (особено по Милевски), туку само трубат едно исто дека не се земале најдобрите играчи што ти ја знам.
Кои црни играчи не се земале, младинските категории се катастрофа, пола репрезентација не игра никаде, македонската лига е на дното, само двајца играчи имаме во топ петица ко што би рекол Свињенко. Од нив едниот е резерва, другиот по мене направи лош потег што се врати во Наполи, затоа што треба да враќа форма во тим кој ќе му даде минутажа (како Торино).
Чурлинов изигра 0 минути во чемпионшип, важно ние бараме да го згазиме Велс, а нивни играчи без проблем играат стандардно во овие лиги.

Многу нереално гледаме на работите. Белгија била слаба, ќе сме ја тепале на гости. Убаво е да се надеваме, секако постои можност да изнднадиме еднаш на 10 утакмици, ама да кажеш дека Белгија е слаба, треба да си луд. Тогаш ние сме ранг на Сан Марино ако Белгија е слаба.

Нас едноставно местото не ни е на СП. Би биле убедливо најслабата репрезентација која играла на СП од Европа, ако се случи чудо и успееме да се пласираме. Никогаш немало репрезентација без барем една ѕвезда во тимот, а играла на СП од Европа. Барди и Елмас ни се најдобри, двајцата на клупски план се мизерија.
Столе си еба мајката исто така.
Ние сме репрезентација која со квалитетот кој го има треба да е среќна ако држи трето место во групите и да се надева дека ќе чепне некој бод со појаките. Многу поверојатно е со овие играчи да паднеме на четврто место некогаш, зависи како ќе се погоди некоја генерација во екс рускиве држави кои најчесто во тие шешири.

Треба да сме ПРЕСРЕЌНИ ако некако успееме да дојдеме до второ место и да скокнеме малку во шеширите за баражот. Ни се погоди Лигата на нации (со репрезентации баш ко за наш квалитет), па обезбедивме сигурен бараж, ама таму нема што да бараме.
Не му е муабетот да омаловажувам, ама реалноста е таа и малку треба да се проземјиме со очекувањата и барањата.
 
Баш имаме шанси да ги тепаме Велс таму.
Мислев и со Белгија едно нерешено ама ептен влегоа во форма.
Ама па од друга страна, како спортски репрезентации постоиме само за да заебеме некој друг :D
 
Ние не сме ни свесни колку уствари Милевски го вади максимумот од тоа што го има на располагање, знам дека на некој ќе му звучи ова смешно, ама тоа е реалноста, сигурен сум дека со друг селектор ќе имавме далеку полоши резултати од овие.

Тоа што Боби го оствари до сега со репрезентацијата го нема постигнато ни еден негов претходник, никогаш претходно ние не сме биле во ситуација воопшто да дискутираме за пласман на Светско, тие надежи умираа преку сила некаде во второ коло, сега на три кола пред крај ние сме први на табела и сеуште имаме некои реални шанси за пласман, барем резултатски сме и понатаму во игра.

Имав уште лани некои постови тука на форумот кај што застанав во одбрана на Милевски, кога сите фрлаа дрва и камења по него, мислам дека откако пратам спорт во ни една наша репрезентација некој селектор не бил толку беспотребно критикуван.

Луѓето кои не се толку упатени во домашниот фудбал наседнаа на цела хајка која беше режирана од спортските луѓе на Дпмне кога се менуваше раководството на федерацијата. Почнувајќи од Пандев па до сите останати кои плукаа на фејсбук по Боби, а публиката која не ја знаеше цела позадина само слепо веруваше во се што се пишуваше, мислејќи дека сите критики се чисто од спортски причини.
На крај поради резултатите пак не можеа да го сменат, инаку и сега би го шутнале во прва прилика кога би им се пружила шанса.

Најтрагично ми беше што успееа да им продадат филм на луѓето дека Мрме е некое селекториште, се пласирал на Европско, а сите знаеме на кој начин стигнавме до тој пласман и колку коцки ни се поклопија.
Брзо заборавивме(некои може не ни знаат) колку шеми се правеа во негово време и колку играчи што не заслужуваа да бидат во репрезентација со години добиваа повик, наводно биле добри за атмосфера во екипата.:D

Да ја тргнеме политиката на страна, ако се гледаат само тренерските квалитети, за мене секогаш Боби е пред Мрме.

Знам сега некој ќе го разбере ова погрешно, како јас да тврдам дека Милевски е Гвардиола, далеку од тоа, само сакам да кажам дека го вади максимумот од овие играчи што ги има и дека во голема мера трпеше критики кои реално не ги заслужи.

Во цел негов мандат на клупата му замерувам само за поразот од Бугарија на домашен терен, не знам колку е и тоа негова кривица ама едноставно во тој период поради политичките случувања мораше да ги добиеме комшиите на домашен терен.
Ние изедовме црвен во 10та минута и после одиграме како пичиња, никогаш на цела оваа генерација нема да им го заборавам тој пораз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom