Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Петарда! :cool: Ама требаше уште некој гол да дадеме, затоа што како што кажав ако дојде до гол разлика да се рваме со Белгија, тие ќе се во предност.
По победата на Чешка над Црна Гора на гости, 100% сме пласирани во бараж барем преку лига нации. Баражот е осигуран, зошто сега да не се нападне тоа прво место во групата во кое имаме шанси и моментално сме први. :toe: Нема што да се загуби, а може да се добие. Инаку најдобар старт до сега во квалификацииве. Во првите пет кола сме без пораз и со 11 бода. Башка што и официјално 12 меча сме без пораз.
 
На ливескоре пишуваше дека почнува во 19ч, а почна порано
 
Мора да се признае дека Милевски "ископа" играчи кој и тоа како добро дојдоа во екипата. Алими одлично го замени Адеми многу корисен играч... Ќамили се покажува за сега добар играч од клупа, Растодер прва утакмица ми се чини дека ке биде добар. Солидни трансфери на носителите на играта Барди стандарден во Коња, Елмас се врати во лигата која му лежи, Миовски прв натпревар стартер во Ренџерс и тоа против Селтик, Алиоски конечно почна да игра макар и во Швајцарија, Чурлинов во Кочаели си најде средина каде ке игра... Тоа се осеќа на играта сите расположени спремни за игра... Мислам дека е време да го "одмори" Милан Ристовски и да ги видиме сокерашите на негово место како ке се снајдат... За сега добро тераме баражот ни е речиси обезбеден па зошто да не го нападнеме првото место...
 
Штета за Столе што уште една (полу)сезона ке грее клупа во Валенсија, освен ако не се сменат околностите...
 
На кого се однесуваше пораката "Со тебе сме Ангеле" со која се сликаа Елмас и Барди?
 
Играта добра и головите супер. Очекуваното е остварено. Но, да не се залетуваме многу. Чудо ни треба за 1во место во групата, а реално и 2ро е тешко остварливо со оглед на тоа што ги имаме двете најтешки гостувања со Велс и Белгија. Но, кога можевме да изненадиме на гости со Италија и Германија, зошто да не се обидеме и сега да расипеме туѓи сметки? Ако ништо друго, скапо да ја продадеме кожата барем :D. На гости поопуштено играат нашите така да се е можно. Секако постои и втората шанса преку бараж, но и таму ќе биде еднакво тешко пошто се игра по ист принцип како со Италија и Португалија што игравме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom