Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Чеде ке биде гостин во Еден на Еден од 23:15 кој сака да гледа :)

Дознајте како Чеде го донел Јаја Туре во Олимпијакос, каков е приватно Ривалдо и многу повеќе...
 
И Лазевски и Тодоровски се родени во Србија. Ваљда не би збореле српски ако се родени овде ебаве :)

Нема врска кај си роден како те воспитувале од дома. Бедно и навредливо е навистина да не си го знаеш мајчиниот јазик.
 
Го гледавте ли Чеде?
Што така ја соблекол рекетарската јакна? :D

Инаку гледам по нашиве портали, се прогнозира за утре т.е веќе денес, во средина да се игра со Демири и Хасани.
Јас мислам дека подобро би се снашол Степјановиќ, на средина отколку Хасани. Остоја е физички јас, ќе може да парира повеќе на Дембеле, на таа компанија, отколку врапчето Хасани.
Остоја кај е физички јас, и технички е добро поткован, а и се работи за интелигентен играч.
А Хасани, кај ќе издржи дуел со Дембеле? Главчето ќе му го скинат, ама ајде Чеде си знае.

П.С. Младите во Сабота играат со Турција во Истанбул, па од таму одат за Сараево, да изиграт со Босна во Среда.
 
Ретко кој од нашиве ке може да издржи дуел со Дембеле... Дембеле намачи еден куп играчи кои важат за копачи во Премиер Лигата...

Ке видиме утре...
 
Кој и да го стават со Дембеле ќе го јаде, Хасани особено. Тоа е, кога некои играчи мораат да играат без разлика дали се крила или голмани, секогаш има место во средина. Не ми се допаѓа Остоја многу, али би го играл него попрво отколку Хасани во средина. Се на се, го јадевме, иако потајно очекувам позитивен резултат :D
 
Ретко кој од нашиве ке може да издржи дуел со Дембеле... Дембеле намачи еден куп играчи кои важат за копачи во Премиер Лигата...

Ке видиме утре...
Ама во Премиер Лига ни Стоук не знае сеуште што значи Македонски Копачи.
Така да денеска 2+ повреди за Белгија може да се типува ако се расположени нашиве... :D
Надигрување не очекувам големо сепак Фелаини им е во средината... со тој човек ни Реал Мадрид не се опушта да се надигрува а и другите од средина/одбрана се моќни додека Лукаку е животиња огромна што треба да се чува како за тројца други.
 
Абе како не, што го направивте Фелаини, Јаја Туре...:) Го приметив што прави Фелаини ако го затвориш со двајца, дели лакти и се качува врз човек :tapp: само што во ПЛ го толерираат дека таква е лигата. Се надевам малце ќе е на наша страна овој Ајтекин.
 
Кај ќе не даваат вечер на ТВ?
--- надополнето: 22 март 2013 во 10:52 ---

Па не е Јаја Туре подобар е
Шала на страна страшен е, кога ќе загради топка иди земи му ја.
Јунајтед најдобро знае :D

Дембеле и Фелаини против Демири и Хасани добар дуел фали уште македонскиот џерард.
 
На првата утакмица да ама на втората Џонс кога го затвори се исфрустрира и тоа почна да го бутка, да клоца, да мава. Е сеа да може некој пофизички спремен откај нас да го залепи ама стварно не знам кој...
Ама од тоа што ја гледав Белгија на квалификацииве раштиман оркестар се и им се сведува се воглавно на индивидуални блесоци. Да се пазиме највеќе од корнери, мене па од тоа ми е страв.

П.С. Бентеке потврден стартер.

П.П.С. ајде малце верба кога можевме Англичаните и Холанѓаните да ги намачиме, кои се па овие :ROFLMAO:
 
Ќе видиме, сакам да изненадиме ама мислам дека не ни лежи нивната игра.
Овој тим на Белгија има огромен потенцијал, им фали само добар тренер.
Бентеке вс Новески а?
Ќе види сеа Бентеке како е да те чува ворлд клас дефанзивец :D
 
Не знам што толкави помпи се прават за денешниот дуел како да е испраќање на првенство. Точно е се смени селектор и прецедател се сменија работите во ФФМ ама баш никогаш не недостасувала поддршка од публика. Денес е еден обичен меч кој за нас ама баш ништо нема да донесе. Сеуште живееме во илузии дека фудбалот е најпопуларен спорт во Македонија. Па добро имале поддршка и ќе имаат, ама овие најавувања се преку такво како да играат четвртфинале на европско.
Да не живееме во илузии, секоја чест за промените што се случија во ФФМ се гледа тоа од авион дека сега е различно ама желбите и реалноста се небо и земја со фудбалот во Македонија. Имаме многу спортисти кои заслужуваат почит а го немаат само зашто не се фудбалери. Ќе чекаме проширување за европско 2016. во Франција и тогаш кога првите три од група ќе одат директно ќе може да се палиме повеќе, до тогаш ова се е прочитана работа.
 
А кој мислите дека ќе му парира на центаршути на Вермален, Вертонген и Фелаини?
 
Supervisor, само отвори ја веб страната на ФФМ и ќе видиш дали промените се на подобро.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom