G
Geezer
Гостин
Ахам, да... Со такво убедување само деца може да играат, но кога ќе дојде некој на 28 години со освоена ЛШ, Серија А, и 1000 натпревари, иди кажу му дека треба да игра со Трпе бидејќи игра за Македонија, додека Трпе игра зашто во маало другарчињата не го играле и не може да се продаде..
Колената на Пандев вредат повеќе од цела репрезентација заедно, за он да си зезна кариера зашто некој од надвор се игра со репрезентацијата, доволно е паметен да не го прави тоа. И ако некој јаде ќотек на натпреварите за репрезентацијата, тоа е Пандев.
Toгаш и ја и ти и Пандев различно ги сфаќаме овие работи. Како Пујол исто така се крши за Шпанија, а е капитен на Барселона. Зошто не се чува тој и не ги чува колената поскапи од цела репрезентација.
Или еве бе, не мора тој. Кажи кој сакаш.
Значи ја не играм ни за Ибраими, ни за Новески ниту пак за некое дрво. Играм за тие што плаќаат карта за да дојдат да ме гледаат, за тие што гризат нокти од пред телевизор и за тие што после некој успех, ќе ги пречекаат на плоштад и ќе слават за нив.
Ама различни перцепции си имаме, ништо спорно.

