Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
грчиштава ко да имаат посебен софвер за следење на зборот македонија на ФБ ,насекаде ги има

Е да, нас не нема. Ние само принцпиелно преку медијатор решаваме вакви работи :ROFLMAO:
 
Јаховиќ сега одиграл слабо... неможе еден натпревар да помине а да не серете за нешто, мислите он сакаше да ја промаши топката?
 
Јаховиќ не внесува ништо ново во нашата игра...
Истата игра што ја имавме, кога беа напаѓачи и Ристиќ и Фичо Ивановски и Илчо, никаков новитет немаме со Јаховиќ...
 
Јаховиќ не внесува ништо ново во нашата игра...
Истата игра што ја имавме, кога беа напаѓачи и Ристиќ и Фичо Ивановски и Илчо, никаков новитет немаме со Јаховиќ...
Јаховиќ за овие тројца е измислен. Има техника, снажен играч, одлично игра со глава... а Ристиќ, Ивановски и Наумоски што имаат подобро од него? Едниот си игра во некој азиски клуб, другиот си газеше во Вардар му зина газот за пари отиде во Казакстан да биде греалица на клупа а третиот немаше натпревар да не добие жолт картон а реално батето врска си немаше од фудбал. Да беа доволно добри за во репрезентација ќе беа повикани, не сме компетентни да збориме кој треба да игра а кој не.
 
Жити све?

Јаховиќ бил измислен за сите тројца што ги спомнавме? :eek:

Јас тврдам дека Илчо е подобро решение и од Јаховиќ, и од Рисриќ, и од Фичо.
 
Добра игра на нашиве, честитки и секоја чест. Јахович е одличен напред, и не е ист како илчо, мирко, ристич. Пак проблем со теренот кој иако нов личи на орана нива, и затоа му скокна топката на Адис и не ја прими убаво. Со Белгија во март очекувам да играме посконцентрирано во одбрана ипак они се далеку поквалитетни од Данска. Единствено нешто требаше да направи Чеде порано измени и да им дадеше повеќе минутажа на другите. Едвај чекам да дојде март па на полн стадион да гледаме убав натпревар и да се надева на позитивен резултат :vozbud: :vozbud:
 
Јаховиќ не внесува ништо ново во нашата игра...
Истата игра што ја имавме, кога беа напаѓачи и Ристиќ и Фичо Ивановски и Илчо, никаков новитет немаме со Јаховиќ...
Не зезај, Јаховиќ засега си ја оправдува довербата, само да не западне и он во криза, иначе сосема солиден играч.
 
јаховиќ е најдобриот играч кој го имаме за таа позиција моментално. денеска едноставно немаше ден, но освен промашувањето и немам некоја замерка за него.
 
Жити све?

Јаховиќ бил измислен за сите тројца што ги спомнавме? :eek:

Јас тврдам дека Илчо е подобро решение и од Јаховиќ, и од Рисриќ, и од Фичо.
Во што е подобар Наумоски од Јаховиќ? Просветли ме.
 
Жити све?

Јаховиќ бил измислен за сите тројца што ги спомнавме? :eek:

Јас тврдам дека Илчо е подобро решение и од Јаховиќ, и од Рисриќ, и од Фичо.

Грешка си друже, допрва ке гледаме од јахович, типот е голгетер. Ја го следам уште во босна кога играше. Треба да се воигра со другите само 2 настап му е. Иначе им многу јак шут и прецизен и со глава го бива. Илчо може да се викне за на клупа место мирко.
И со ваква формација тој што е шпиц не доаѓа до израз, повеќе до израз доаѓаат тие позади него тоест тричко пандев ибраими, затоашто повеќе простор има за нив, а шпицот е чуван од повеќе играчи тоест 2 штопери
 
Нека поминат уште неколку утакмици па да оформиме асално мислење за Чеде.

Сеа за сеа се покажува супер,има план и си го реализира,секоја чест.

Колку што можев да гледам дека не им дадовме да мрднат на данците и искрено ми се допадна играта,се надевам ќе можат да продолжат со истово темпо и на квалификациските натпревари.
 
Да не ви цитирам, што ме цитиравте за Јаховоќ.
Дечкото е океј, снажен, топка со глава разбива, АМА нема движење без топка.... исто ко тројцата напаѓачи што ги спомнав во претходниот пост.

А на нас нели ни требаше, подвижен напаѓач, кој што ќе знае да ги искористи топките дадени од Пандев во фор...

И не си поставувајте превискоки стандарди, како во случајов што праите со Јаховиќ, па после се разочарувате ;)
 
Pa VIE MISLETE deka toj ne slusha IBRAIMI , DEMIRI i drugite ako go ima nekogas HASANI ???

KAKO SE CUVSTVUVAAT TIE ???
Kur gi boli niv, ete kako se cuvstvuvaat. Zatoa Ibraimi e najdobar na teren i izbran za najdobar fudbaler od sto mnogu se potresol vecerva ili minatiot pat. Ke napravi nekoj mega transfer vo bliska idnina zaradi ovie uspesi i ke si svirka nekade so negovite millioni, dodeka ti mislis deka Agim place posle natprevarot od sto bil pcuen
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom