Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување

Што се замислува? На место му е ставот, на прес се тропаат глупости за моментално најталентираниот македонски фудбалер кој игра во еден од најаките клубови во светот, и иако игра на младинско ниво уште сега е подобар од дрвата кои со години ни играат у среден ред, Бабунски има 18 год. и ако ние не го форсираме уште сега има големи шанси после овакви глупости кажани од селекторот детето да се разочара и шпанците да ни го земат а ние да останеме со прстот во уста, ако можеше да дебитира Пандев на 17 и Стојков на 19 год. зашто да не му се дадат 15 минути на Бабунски на неважен пријателски натпревар за да ни покаже што знае :)
 
Филе дефинитивно забегува, заминал у Шпанија констатно го дрви за Барселона сега почна и за репрезентацијава да го дрви.
 
Се сложувам со некои работи, ама тие се напишани во статијата на Macedonianfootball... А текстов од Филе е напишан исклучиво поради тоа што играч кој тој го промовира долго време и е член на Барселона не е повикан. Да беше истово напишано за, на пример, Стефан Ристовски, Филе ќе го немаше никаде. Иако и јас мислам дека Бабунски заслужува повик за сениорите, барем за да ја почуствува атмосферата, па и да одигра десеттина минути.
 
Ах бе Филе...толку стана напорен со неговава Барселона и нејзините играчи, не е ни самиот свесен. Нека си гледа он своја работа, или мисли дека ако отишол у Барселона станал и експерт преку ноќ. :tapp:
 
Па тоа ми беше...дали ако беше играч на Реал ќе го фалеше толку. А мислите Јаневски нема напраено муабет со татко му на Бабунски околу неговото играње за сениорите? Сигурно имаат дискутирано и за тоа дали и кога да го викне во А-тимот, сигурен сум. Небаре престаре играчот има 25 години па да не го пропуштиме. Можда сака со татко му да си биде се додека е во У-21. Нема потреба од форсирање. Не сме ние Бразил па да ги фрламе во оган екстра-телнтирание уште од 19 години. Место да го пофали за победата со Србија и да направи една позитивна атмосфера, еуфорија, тој млати празна слама :tapp: На крај краева резултатите (ќе) зборуваат. Нека помине циклусот и ако Чеде не чини сите ќе го плукаме, не само Филе :tapp:
 
А тоа дека игра за вториот тим на Барселона, нека ги кажува тие прикаски на мали деца. Бабунски нема заиграно сезонава за вториот тим на Барселона кој игра во Сегунда, туку игра за помладите категории. Па уште муабетов кога ќе го слушнем, ако не му се дадело шанса можеле да го викнат да игра за Шпанија :pos::pos::pos:
Бабунски е супер талент за македонски услови, а во Шпанија такви како него ги имаат за извоз.

Муабетов не ми е дека Бабунски е слаб, туку дека има време и рано е да се форсира од сега.
 
Едно е да кажеш дека треба да игра детето и зошто треба да игра, друго е да го исплукаш селекторот затоа што не го викнал на пријателска. Па после немал визија, па не знам кој имал визија, физиотерапевтот ли... глупости.

Патем, се согласувам со Чеде околу децава, не чини да ги направиш ѕвезди пред време. Нека созреат, нека направат нешто. Ви текнува на Славковски?
 
Ја кога јадев лајна во темана за него дека забегува, почнаа да ме напаѓаат...епа еве ви го пак!
 
Едно е да кажеш дека треба да игра детето и зошто треба да игра, друго е да го исплукаш селекторот затоа што не го викнал на пријателска. Па после немал визија, па не знам кој имал визија, физиотерапевтот ли... глупости.

Патем, се согласувам со Чеде околу децава, не чини да ги направиш ѕвезди пред време. Нека созреат, нека направат нешто. Ви текнува на Славковски?
Абе не да го направат ѕвезда, ама може да влегува на овакви пријателски по некои 15-20 минути, да види како е.
 
Целосна подршка за Јаневски и неговата филозофија!
Не треба да се прават играчите ѕвезди. Покажа со малиов а покажа и со Попов и Ристиќ. Ако не го слушаат него - нека си кршат глава, он е селектор и тој определува кој ќе игра и како ќе игра. А плус, сериозно, ако татко му мисли дека ќе го бива за А селекција, ќе му каже на Јаневски, не е до толку будала.
 
Дека Чеде е малку преценет од нашава јавност, за тоа е во право. Во првиот дел од постот сака да каже нешто што е точно, но има изнафрлено толку епитети што го направил да изгледа неразбирливо.

For the record, ако веќе станува збор за пријателскава, Бабунски не може да настапи затоа што не е ослободен од клупските обврски, не е повикан ниту за утрешниот натпревар на u-21 репрезентацијата, од татко му...

... кој for the record again, е во „непознато“ бидејќи договорот му е истечен и уште му немаат понудено нов од ФФМ (како што сум начул заради несогласувања со Чеде и Илчо), но го оставиле да ја води оваа утакмица. Па сеа поврзете ги работите. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom