Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.383
- Поени од реакции
- 35.021
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Јаховиќ: Ми се исполни сонот
Македонскиот голгетер од редовите на Цирих, Адис Јаховиќ е новото име на списокот на селекторот Чеде Јаневски за пријателскиот натпревар против Словенија на 14. ноември во Скопје.
По одличните игри за Вил, Јаховиќ се пресели во Цирих и веќе во својот втор меч за новиот клуб го постигна својот првенец на дуелот против Тун (победа од 4:1).
„Добро се снајдов и се вклопив во екипата, немаше никакви проблеми. Пресреќен сум што постигнав гол во својот втор настап за Цирих“, истакна Јаховиќ.
Одличните две сезони во Швајцарија го уверија селекторот Јаневски да го повика за пријателскиот меч со Словенија.
„Мојот сон наскоро ќе ми се исполни. Својата радост заради фактот што ќе го облечам македонскиот репрезентативен дрес не можам да ја опишам. Уште помило ми е што ќе соработувам со играч каков што е Горан Пандев. Во животот секогаш сум се трудел, минував низ добри и лоши работи, а на крај сè се исплатеше. Играме во тешка група, не стоиме најдобро на табелата, но не се предаваме. Ќе се бориме барем за бараж. Топката е округла и се е можно “, рече Јаховиќ.