Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Абе за нашите треба да играте тогаш кога најмалку се очекува. Пробајте утре сингл Х-1 :D
 
Ми треба една мноогу важна информација од вас :) Прочитав дека за утре картите не се ни пола продадени па дали ке можам да купам карта утре и да седнам на некое друго место или мора како што ми е нумерирана картата таму да седнам, затпа што со друштово што ке одам тие веќе извадиле карта само јас немам? фала многу :)
Па културно е да седиш каде што ти е картата, ама ако видиш дека откако ќе почне мечот некои места се празни никој нема да ти забрани да седнеш таму пошто е јасно дека за тие места карти не биле продадни.
Е сега ако уште кога ќе дојдеш си седнеш кај сакаш, ондак тој што си има карти за тоа место ќе те стане...
 
а кој се овие стручњаци па
шо би менало нивното мислење
Не се стручњаци, прибираат мислења од обични луѓе, како мене и тебе, независно од ставот.
 
Не се стручњаци, прибираат мислења од обични луѓе, како мене и тебе, независно од ставот.
Изгледа е лошо човек денеска да мисли со своја глава...............уште полошо е истото да го пиши некаде.
 
Со Србиве утре очекувам да изгубиме, во поинтересен натпревар за разлика од овој со хрвастска, ке биде по отворен и ке има повеќе шанси, добро е што ке има промени ама србиве се прјаки за нас за жал
 
Македончето никогаш не го бивало за спорт.
Баш напротив, сметам дека сме едни од најталентираните нации во европа. Проблемите лежат во државата и горе доле сите ги знаеме.
 
Србите имаа премногу баксуз ден, направија многу шанси, не постигнаа гол, додека Белгија, иако има доста добар среден ред и одбрана, со Хазард, Компани, Вермален, Вертоген, си ги искористи шансите, а третиот гол го даде од офсајд.

Ке видиме дали ке успее да направи нешто повеќе нашиов селектор, гледам, направил огромни рокади, ама мислам дека нерешено е најмногу што може да извадиме, освен ако Србиве ептен немаат ден како против Белгија, ама 2 пати во 5 дена е многу мала веројатност.

Ова со Пандев, почнувам да мислам дека клубот стварно му е многу многу пред репрезентација.
Се шушкаше дека Лаурентис бил на Филип Втори, бил дојден на покана на Пандев, и веројатно потегот на Пандев да добие жолт картон пријатно го изненадил.
Капак беше идењето во Италија, и неостанувањето да даде поддршка на своите соиграчи.
 
Капак беше идењето во Италија, и неостанувањето да даде поддршка на своите соиграчи.
Чекај, стварно заминал за Италија ?
Ако тоа го направил, што се однесва до мене, он завршил со репрезентацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom