Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Македонија ќе се кандидира за организација на ЕП 2020?

Во заедничката кандидатура, покрај Македонија, би учествувале Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора и Бугарија, а во прилог на нејзино остварување оди и идејата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, ЕП да се одржи во 12-13 различни држави низ Стариот континент

ЕП ПО ВЧЕРАШНИОТ СОСТАНОК НА ФУДБАЛСКИТЕ СОЈУЗИ ОД БАЛКАНОТ Македонија ќе се кандидира за организација на Европското првенство (ЕП) во 2020 година заедно со Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и со Бугарија. Ова е опцијата што беше главна на дневниот ред на дводневниот состанок во Будва на кој учествуваа водечките луѓе на фудбалските федерации на овие држави, меѓу кои и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, и генералниот секретар Димитар Зисовски. Ваквата можност е реална, бидејќи најголемиот македонски стадион „Филип Втори“ сега е модерна арена, со капацитет од 33.000 гледачи, кој со мали корекции би можел да ги исполни стандардите за одигрување натпревар од ЕП. Скопје веќе има и модерен аеродром и сосема солидни сместувачки капацитети. Во групата во која би учествувале балкански селекции како Турција, Грција, Хрватска, Србија, Унгарија, Романија, Скопје е блиску за навивачите, што е приоритет на УЕФА. Идејата за заедничко домаќинство на континенталното натпреварување, за што наводно е постигнат начелен договор, произлезе од најавите од Европската фудбалска унија (УЕФА) дека ЕП 2020 ќе се игра во 12-13 различни држави. - Би сакал Европското првенство да се игра во 12 или 13 држави, за што во следните неколку месеци ќе разговараме со националните сојузи и ќе донесеме одлука до крајот на годинава - порача неодамна претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Според првиот човек на европската куќа на фудбалот, завршните полуфинални мечеви и финалниот дуел ќе се играат во една земја, додека другиот дел од турнирот би бил распореден во 12 различни држави. Кандидатура за организација веќе поднесе Турција, која беше сметана за фаворит пред предлогот на Платини, како и Шкотска, Република Ирска и Велс заедно и Азербејџан и Грузија заедно. Големото значење на состанокот во Будва може да се види и според присуството на директорот за националните сојузи на УЕФА, Теодор Теодоридис, директорот на натпреварувањата Џорџо Маркети, како и шефот на секторот за помош на националните сојузи Марк Еселинк, шефот на кабинетот на претседателот на УЕФА, Кевин Ламур, и други. Покрај предлогот за заедничка кандидатура, на состанокот било дискутирано и за системот на натпреварување во Лигата на шампионите, видовите на соработка на УЕФА со националните сојузи и за извештајот за финансискиот ферплеј, кој се очекува да стапи во сила следната сезона.

Извор

Ако ова по некоја случајност се оствари, не ми е јасно дали ќе има директен пласман за домаќините кои би биле од различни 12 држави.
Ама по се изглеа пак Платини ги измешал апчињата.
 
Ако ова по некоја случајност се оствари, не ми е јасно дали ќе има директен пласман за домаќините кои би биле од различни 12 држави.
Ама по се изглеа пак Платини ги измешал апчињата.

Нема. Идејата на Платини е европско првенство организирано од Европски градови а не држави како до сега. Така домаќин би биле Скопје, Софија, Београд и уште 9 града кој би ги исполнувале стандардите. На тој начин ем Платини ќе ги собере гласовите од малите федерации кој ке се попалат дека еве нешто организираат ем големите држави во иднинина ќе немаат огромни трошоци да спремат првенство
 
а дали видовте како изиграа качаниклиќ и касами за фулам, а?
ах со таа дебилна политика на ффм изгубивме 2 екстра класа играчи (или 1, оти знам сигурно дека касами сакаше прво за македонија да игра, ама од ко виде дека нашиве курташак си играат со него, се откажа и сеа растура за швицарска:D !!!). со касами и бабунски на средина и пандев многу повеќе ќе покажи за макединија, али то је то!!!
И како од ФФМ ќе ги натераа да играат за Македонија, кога и двајцата не сакаа, т.е. имаа подобри опции. Инаку, Качаниклиќ сеуште нема играно за сениорите, така да сеуште не е загубен.
 
И како од ФФМ ќе ги натераа да играат за Македонија, кога и двајцата не сакаа, т.е. имаа подобри опции. Инаку, Качаниклиќ сеуште нема играно за сениорите, така да сеуште не е загубен.

касами играше заедно со пандев во лацио и во спорт пишуваше дека сака да игра, прво за младите на македонија, а после и за сениорите, ама нашиве го дупеа. зато не сака сега.
за качаниклиќ незнам точно, ама мислам дека нашиве го изгубија од старт...
 
Во Мак Спорт пишувало... Е јакиот извор, тие потрачарско списание од тин шема се, не се ни рачунаат како релевантен извор на информации...
 
За Качаниклиќ, моите се пријатели тука со на татко му брат, значи со неговиот чичко :) Дечкото сака да игра за Македонија, уште од времето кога беше во Ливерпул, не знам кој колку знае за тоа. Не знам како стојат сега работиве, али треба да му се понуди настап во сениорска, па ако не го бива нека не ни го викаат понатака. Подобра така од колку некој да ни го лапне па после да се чудиме зашто не игра за нас.... Исто така он има и брат, исто некаде во Англијава не знам точно каде, само што тој бил многу мрзлив и не бил амбициозен... Ова ви кажувам значи од нивниот чичко се информации :)
 
Него до сеа 100 пати му понудија настап за сениорската (Јонуз неколку пати го убедуваше), он не сакаше ни да помисли на такво нешто...
 
За Качаниклиќ, моите се пријатели тука со на татко му брат, значи со неговиот чичко :) Дечкото сака да игра за Македонија, уште од времето кога беше во Ливерпул, не знам кој колку знае за тоа. Не знам како стојат сега работиве, али треба да му се понуди настап во сениорска, па ако не го бива нека не ни го викаат понатака. Подобра така од колку некој да ни го лапне па после да се чудиме зашто не игра за нас.... Исто така он има и брат, исто некаде во Англијава не знам точно каде, само што тој бил многу мрзлив и не бил амбициозен... Ова ви кажувам значи од нивниот чичко се информации :)
Dosta mi e od tie igrachi sakam nejkam, ako sakale ke igrale , profi se i so niv ke sme mnooogu pojaki ali samo bezveze se zamarame PS brat mu posledno sto igrase e teleoptik sea e bez klub plus ima 24 godini
 
Абе тие неможеа да си платат влезница во Загреб кога играше репрезентацијата на Хрватска,па и пред два дена на Динамо па ќе доаѓале во Скопје:pos:...изгледа Сител со ова сака да ја подгрее атмосферата.А и ако дојдат,колку што се сеќавам добри 22 години не се бањале во Вардар,па бујрум, сега имаме и плажи па може да си понесат и пешкирчиња...
 
Да да ти ќе ги бањаш така?:facepalm: Не верувам да дозволат голема бројка но при евентуално доаѓање би било многу опасно. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom