Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Како и да е убаво е да слушниш добри фудбалски вести макар и од пријателски натпревар. Ако не ги заеби и нив моменталново раководство..... сепак Холандија е Холандија било да се млади или не знам какви страшна школа се...
 
па баш младите на Холандија се едни од најсилните. Не ја заборавајте школата на Ајакс... Од овде излегоа едни од најголемите ѕвезди на фудбалската игра воопшто...Браво момци... Сепак не е се така црно со Мак фудбалот...
 
а ај сега да речиме нештоп лошо за тактиката на бабунски? сега не знајме на шо сме ама буквално!!!
изгеда од бабунски тактикава делува... :confused:
 
кои се овие најдоски, хусмани, тимов, христов, ѓорѓиевски и мицески?
 
кои се овие најдоски, хусмани, тимов, христов, ѓорѓиевски и мицески?
Тие се сите 19> (освен Хусмани), значи играчи од следната генерација кои ќе играат по овие квалификации. Тимов игра во Ерменија (пред некој месец отиде таму во еден од водечките тимови) и игра одлично, по првите 10 натпревари има постигнато 6 гола. Христов игра моментално во втората Унгарска лига (исто е редовен) и на 3 кола пред крајот водат во табелата, што значи од септември најверојатно ќе игра во првата лига што би било супер. Ѓорѓиевски игра десен бек, направи трансфер од Металург во Бате Борисов зимава, од каде го пратија на позајмица во Летонија, важи за талентиран играч. Така да овие тројца се сите оправдано во составот и ќе би требало да бидат едно од главните играчи за следниот квалификациски циклус... Најдоски игра за Напредок (океј е), а Мицески е од Работнички али тој нема врска, незнам зошто уопште се најде на списокот оти ни за работнички не игра, многу пологично ќе беше Дарко Велковски да го повикаа место него али нема везе...
 
кои се овие најдоски, хусмани, тимов, христов, ѓорѓиевски и мицески?
Филип Најдовски - Напредок или Работнички така некако, Зени Хусмани - Шибеник, Филип Тимов - едно време играше за Беласица, па во Словенија во Цеље сега незнам каде е, овој Христов е Симеон од некоја унгарска екипа, Мицевски Дарко од Работнички и Ѓоргиевски е најверојатно оној од БАТЕ.
 
фала и на двајцата!
ами од ова шо го гледам, почнувам полека да го оправдувам потегот на бабунски да ги смени оние стандардни тн. звезди од сениорскиот тим, кои се сите со потпросечни способности!
давид бабунски треба под итно да се прати во прв тим, заедно со трајкоски. треба да се направи обид да се натераат касами и хајровиќ да заиграат во репрезентација, а исто и качаниклиќ...
 
Да види човек да не верува. Ама се некако ми се чини дека насила ни се победиве, серијава од 14 натпревари без пораз. Поголем дел од натпреварите се 0-2 гола, ама ако и така се освојуваат титули ;)
 
Филип Најдовски - Напредок или Работнички така некако, Зени Хусмани - Шибеник, Филип Тимов - едно време играше за Беласица, па во Словенија во Цеље сега незнам каде е, овој Христов е Симеон од некоја унгарска екипа, Мицевски Дарко од Работнички и Ѓоргиевски е најверојатно оној од БАТЕ.

Не е ова Дино Најдоски , син на Илија Најдоски?! Знам за време на најголемата криза во Вардар пред едно 2 сезони кога мораше да игра со младинци овај играше стопер.
 
Не е ова Дино Најдоски , син на Илија Најдоски?! Знам за време на најголемата криза во Вардар пред едно 2 сезони кога мораше да игра со младинци овај играше стопер.
Не, не Дино е Најдоски , овој е НајдоВски.
 
Не е ова Дино Најдоски , син на Илија Најдоски?! Знам за време на најголемата криза во Вардар пред едно 2 сезони кога мораше да игра со младинци овај играше стопер.
Дино Најдоски на некој начин е сусендиран поради тоа што падна на допинг тест после мечот со Лацио во УЕФА купот.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 01:08 ---
Инаку на веб-страната на Холандската федерација, селекторот на нивната U-21 кажал дека тие имале 80% посед на топката и дека ние сме играле многу дефанзивно и досадно... Ма што сака нека каже, го примија тие во 82 :D
 
Мигот кога ќе видиш дека и покрај 12+ коефициент на твојата млада репрезентација, против ГИГАНТОТ Холандија кој и со комплетно сменета 11ка и во која и да е конкуренција, издвоила победа... :vozbud:
Многу ми е жал што скоро сите млади репрезентации докажувале, а и сите си знаеме дека МАКЕДОНИЈА ИМА ФУДБАЛЕРИ , но парите кои ку*вите ги лапаат за првотимски статус и неповикувањето на јаките фудбалери... не јаде! Тоа не бутна од 45то на 100+ место, тоа ни ја уништи лигата...тоа не ДЕКЛАСИРА!
Македониа- ИМА ФУДБАЛ!
Харалампие- ПИШТОЛ!
 
Да имаше Харалампие пиштол, Македонија ќе имаше фудбал;)
Вака ќе се надеваме дека децава кога ќе заиграат за А селекција, педерот Прилепски ќе го нема од ФФМ.
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Ама гадот прилепски не се давал
ФФМ поведе дисциплинска постапка против Наумоски, Илиовски и Грозданоски
icon_at_textsize.gif
По објавувањето на составот за пријателските натпревари со Португалија и Ангола, селекторот Џон Тошак и неговиот помошник Бобан Бабунски наидоа на жестоки критики. Најгласни во критиките беа повремениот репрезентативец Баже Илиовски, Влатко Грозданоски и Илчо Наумоски.

1.JPG

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, поведе постапка против тројцата фудбалери.

- Се поведува дисциплинска постапка против фудбалерите:Наумоски Илчо,Влатко Гроздановски и Баже Илиовски поради изречени клевети, навреди и омаловажувања на работата на селекторите на А репрезентацијата Тошак Џон и селекторот на У-21 Бабунски Бобан. Се задолжуваат именуваните да достават писмена изјава во рок од 3 (три) дена од денот на приемот.

Ohridnews​

1

24.05.2012 00:10​

Прочитана е : 69 пати​

© 2012 Ohridnews.com.Сите права се задржани.​
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom