Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Знаеш дека статистиката лаже :D
Па во овој случај не лаже. Човеков игра во Бугарија, доби милион шанси од нашата селекција и ниту еднаш не покажа ништо. Дај боже во иднина да ме демантира.
 
Па во овој случај не лаже. Човеков игра во Бугарија, доби милион шанси од нашата селекција и ниту еднаш не покажа ништо. Дај боже во иднина да ме демантира.
Да, но кој покажал? Колку играчи се свртија во македонска репрезентација и колку од нив мрднале подалеку од Туркменистан и Кипар?

Додека бев во бугарија на одмор, загледав една емисија за еден од напаѓачите на Левски, поточно со сите негови голови, верувал или не, Тасевски учествуваше во поголем дел од акциите и имаше доста аситенции.

Не дека е најдобар, али реално немаме играчи што отскокнуваат со квалитет па тие да играат.
 
Знам дека Тасевски игра одлично во Бугарија, доста го пратам, ама што е битно кога е сељак... За нашата репрезентација нема покажано ништо за разлика од на пример Ѓуровски кој веќе има два гола по нецели седум-осум меча. Штета што не го повикуваат, без разлика на тоа како игра за неговиот клуб.
 
Не можеш да очекуваш иста игра и во клубот и во репрезентација.
хинт: Меси :)
 
Знам дека Тасевски игра одлично во Бугарија, доста го пратам, ама што е битно кога е сељак... За нашата репрезентација нема покажано ништо за разлика од на пример Ѓуровски кој веќе има два гола по нецели седум-осум меча. Штета што не го повикуваат, без разлика на тоа како игра за неговиот клуб.

Kako mozes ova da go kazes ?!
Po se izgleda ti si seljakot tuka... Tasevski e eden podobrite poedinci vo reprezentacijata, samo nema taka vrski kako drugite pa na pederski nacin da se pika vo prv sostav . I ako veke se pravis strucnjak i kazuvas koj kolku znaeL, ke znaes deka Tasevski ne e kako Gjurovski koj sto e klasicen napagjac, Tasevski ne e klasicen napgjac i negovata zadaca ne e da dava golovi glupco eden.
 
:pos:
Тасевски и Ѓуровски играат на иста позиција. Е*ате мангупот. ;)
 
Продолжува слободниот пад на ФИФА ранг-листата
Додека кошаркарите ги греат срцата на македонската спортска јавност, фудбалската репрезентација продолжува да урива неславни рекорди и да тоне на ФИФА ранг-листата. На последното издание на рејтинг-листата на светската куќа на фудбалот, македонскиот национален тим се наоѓа на очајното 94. место, што е пад за четири позиции во однос на минатиот месец и воедно најслаб пласман во последните десетина години.

Новиот селектор Џон Тошак беше доведен за да се поправи очајниот имиџ што нашиот фудбалски национален тим го има во последниот период, но Велшанецот јасно стави до знаење дека приоритет ќе му биде следниот квалификациски циклус, за СП 2014 во Бразил. Во меѓувреме, „црвено-жолтите“ загубија со 1-0 од Русија и едвај ја совладаа Андора со минимални 1-0, па логично беше слободниот пад на ФИФА ранг-листата да продолжи. Само за потсетување, поради намалениот рејтинг на репрезентативниот фудбал, нашата селекција на последната ждрепка се најде во петтиот, наместо како досега во четвртиот шешир, па токму поради тоа и доби доста потешки противници.

За одбележување е дека по кратка пауза на врвот на ФИФА ранг листата се врати актуелниот светски и европски првак Шпанија. „Црвената фурија“ сега има 1605 поени и успеа да ја мине Холандија, која сега се наоѓа на втората позиција со освоени 1571 поен. На третото место остана Германија, зад која следат Уругвај, Португалија, Италија и Бразил. Селекцијата на Англија славеше на последните две квалификациски средби, со Бугарија и со Велс, но сепак забележа пад од четири позиции, па сега се наоѓа на осмото место на ФИФА рејтинг-листата.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=832
 
Јонуз во Лозана наплаќа 150.000 евра од ФФМ!

Фудбалската федерација има нов проблем. Истиот се вика Мирсад Јонуз. Екс селекторот веќе го покрена судскиот процес против неговиот довчерашен работодавач. Јонуз бара цифра од 9.000.000 денари (околу 150.000 евра), за предвременото раскинување на договорот кој беше со важност до ноември 2011 година, а истиот беше раскинат во април. Слабите резултати и недисциплината во националниот тим беа причината поради која УО на ФФМ по барање на Харалампие Хаџи-Ристески одлучи да му даде отказ на селекторот. Тој отказ и таа одлука на ФФМ скапо ќе ја чини и така празната каса на ФФМ.

За комплетниот случај ќе одлучува меѓународниот олимписки суд во Лозана каде веќе е пријавата од оштетениот Јонуз. Тренерот и ФФМ во минатото ставиле се на хартија околу договорот па таму убаво ја пишува сумата на пари која Јонуз треба да ја добие затоа што добил отказ на работното место - селектор на Македонија. Тој договор е склучен со ФФМ, а потпишан Харалампие Хаџи-Ристески и наведено е дека судот во Лозана е надлежен да одлучува при можен спор. Ова е уште еден голем превид и "кикс" на првиот човек на ФФМ кој не ја заштитил федерацијата во времето кога беше премногу близок со неговиот спасител Јонуз. Сега од оваа гледна точка станува јасно дека Јонуз добро ќе заработи од отказот на сметка на федерацијата која останува без огромна сума пари во овие тешки денови. Случајот речиси е загубен затоа што на страната на тренерот се сите аргументи. ФФМ и Јонуз не се договорија за мирна и спогодбена разделба.

Пред неколку дена во ФФМ настанал вистински шок откако го добиле дописот од меѓународниот суд во Лозана. Сега ФФМ покрај оние пари на Јонуз ќе плаќа и камати, но и околу 30.000 евра трошоци за самиот процес. Хаџи-Ристески тоа треба добро да го знае затоа што на тој суд во Лозана случајот со УЕФА го загуби Победа околу "местенките" со Пјуник. Тој суд е сериозна работа и на неговите одлуки нема право на жалба.

Малкумина кои се во фудбалот би можеле да поверуваат дека Јонуз и Хаџи-Ристески ќе се гледаат на суд со оглед на нивната блискост во минатото. Тренерот беше директно влезен во политиката на ФФМ и трчаше по делегати на изминатите Собрание кога се правеа ред глупости за да се спаси главата на Хаџи-Ристески. Но прилепчанецот како во минатото така и сега не бира средства. Кога треба да ја спасува сопствената глава ги жртвува и најблиските соработници.

Поради лошата политика и незнаење ФФМ пред извесно време изгуби уште 250.000 евра за случај од 2007 година и проектот околу изградбата на стадионот "Младост" во Струмица со пари од ФИФА и УЕФА.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom