Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Романија У-19 7-0 Македонија У-19
Какви и да се составиве сепак не изглеа добро..
 
Романија У-19 7-0 Македонија У-19
Какви и да се составиве сепак не изглеа добро..

А зарем очекуваше нешто повеќе од рамковна и 'синче на тато' репрезентација? Штета што Јонуз не е селектор на овие, тој барем ќе го скриеше резултатот како против Србија, па можеби така само 3-0 ќе изгубевме.
 
Јонуз не е селектор е,али син му е у -19 репрезентација:icon_lol:
 
Јонуз не е селектор е,али син му е у -19 репрезентација:icon_lol:
Не е во у-19 репрезентација тоа ти гарантирам.Мислам дека имаше само 1 настап од 5 мин.во у-19,а во у-17 имаше неколку настапи.Иначе повреден е уште лани имаше повреда на лигаменти па незнам коа ке се опорави за да почне да игра
 
Не е во у-19 репрезентација тоа ти гарантирам.Мислам дека имаше само 1 настап од 5 мин.во у-19,а во у-17 имаше неколку настапи.Иначе повреден е уште лани имаше повреда на лигаменти па незнам коа ке се опорави за да почне да игра
знам дека има играно у некоја од младинските селекции незнам тачно која:)и такво дрво без форсирање може во мало да игра..имам другари што тренирале со него у работнички..кога и да глеа татко му,Јонуз у игра:) Се кладиме дека ако заздрави за 5-6 години ке ,,дебитира,, за репрезентација и ке го пцуеме ко овие сеа:)
 
Па викаат дека се опоравил и почнал да тренира а за тоа во репрезентација не се знае можеби ќе почнат да играат тие што вредат,а не само тие што имаат менаџер.Иначе детево не е претерано лошо,ќе видиме можеби ќе го биде. :)
 
Само што прочитав најнов трач од Мак Спорт и морав да искоменитрам... Видете што скандал измислија сега:
http://sport.com.mk/default.asp?ItemID=BF3BD0CF4E1AA04B8EC221C947922B0E

Тошак немал ПРО лиценца да биде тренер, и според правилата (на УЕФА/ФИФА) не би требало да има право да биде селектор или тренер на тим!? Абе овие ептен забегале!?!?!?! Ај за трансфери да измислуваат лаги и трачеви, ама ова бе, па нас за ретардирани не сметаат да веруваме дека информацијава има логика и дека може да е вистинита?

Ако стварно немал таква лиценца (која според правилата на ФИФА/УЕФА била потребна за да биде тренер или селектор) ондак ФИФА и УЕФА немаше да реагираа пред натпревариве што ги играше во квалификациите? Многу јасно дека они се морале да исконтролираат околу нашиот состав/тим и да потврдат дека секој има право на настап... И не само тоа, претходно он што демек без лиценца 5 години беше тренер на Велс и од Фифа не приметија дека илегално ја врши таа функција? У Шпанија и сегде кај што беше тренер, таму исто никој не примети и немаше ваков проблем со него, дека немал лиценца?

Не дека ги бранам од ФФМ или па се они добри, ама со овакви измислици да ги напаѓаш и црниш е повеќе од мизерно. Демек „се криминалци се од ФФМ, го ставија Тошак за селектор а нема лиценца за таква позиција и ги прекршувале правилата на ФИФА“, а тоа што он 10 други тима и репрезентација има водено со гооооодини и никаде не се соочил со вакви проблеми ниту од тие лиги/земји ниту од ФИФА, тоа нема везе и не им укажува ништо, демек у странство коа работел ондак се си било најнормално и регуларно, ама штом кај нас дојде тек тогаш „нашиве супер агенти“ открија дека он „одеднаш“ уствари немал лиценца за таква функција и само нашиве од ФФМ се такви криминалци да го прифатат него и да му прогледаат низ прсти и да прават вакви малверзации...

Поѓубре весник јас у живот неам читано, абре ништо ама НИШТО реално или вистинито да пишеа или објавеа, само да се ширело трачеви и скандали и тоа апла измлислици и без никакви докази и логика, битно колку да бидат ексклузивни и популарни...
 
Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристевски им честиташе на кошаркарите за остварениот успех:

"Големиот успех на македонската кошарка на ЕП во Литванија е голем ден и за нашиот спорт а воопшто и за македонската држава. Во цела Европа гордо одекнува името Македонија и победите што кошаркарските херои ги остваруваат против големите тимови како Литванија, Грција, Хрватска... Сите ние во фудбалскиот спорт сме пресреќни и радосни по синоќешната историска победа против домаќинот на првенството, и по пласманот во полуфиналето Вам „македонски херои" Ви посакуваме да продолжите во истиот ритам до крајот на шампионатот." - вели претседателот на ФФМ, во соопштението објавено на официјалниоот веб сајт на националната фудбалска куќа и додава:

"Големото срце што кошаркарите го оставаат на терен, борбеноста, желбата и пред се самоувереноста во дуелите со фаворитите се пример за сите спортисти- како треба да се игра за националниот тим и да се бранат боите на Македонија. Убедени сме дека Вашиот пример во иднина ќе го следат и фудбалерите, ракометарите, одбојкарите, тенисерите....

Покажавте и докажавте дека Македонија...може, Македонија знае... Македонија постои. Докажавте и дека спортот е Амбасадор број еден на нашата мала држава и со желба во наредните денови кошаркарската репрезентација на Македонија да го продолжи патот на успесите, Ви го честитаме овој историски успех во името на бројната фудбалска фамилија и Ви посакуваме да се искачите на највисокиот трон на пиедесталот бидејќи со прикажаната игра, квалитетот, мудроста што ја поседувате заедно со стручниот штаб и комплетното раководство, тоа го заслужувате."

К'ко не му е срам...
 
Па викаат дека се опоравил и почнал да тренира а за тоа во репрезентација не се знае можеби ќе почнат да играат тие што вредат,а не само тие што имаат менаџер.Иначе детево не е претерано лошо,ќе видиме можеби ќе го биде. :)
Ужасен е не е лош, веруј ми. :)
 
Абе не се замарам со репрезентацијава додека не се пласираат на ЕП :pos:
Што се однесува за текстот од МакСпорт, не го читам, ама не ми е јасно, како може човек да биде 20 години тренер на врвни екипи и да нема про-лиценца, да не го измешале со Јонуз бег :pos: Кај него се е можно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom