Значи вчера беше катастрофа во целосна смисла на зборот. Катастрофа терен, катастрофа тренер, катастрофа фудбалери( ако можат така да се наречат де ). Значи можеби некој од вас нема да се согласи со мене, но се виде дека освен Пандев, Новески, Тричковски немаше друг асален играч од нашите. Кога го извадија Пандев се виде до кај можеме без него. Неможевме два паса да сврзиме. Шумуликовски е исвирена виолина веке и мислам дека е културно да се повлече самиот бидејки како што гледам нашето тренериште абер нема да го стори тоа. Треба еден огромен рез во Мак фудбалот за да се постигнат некој позначителни резултати. И преносот по тапа здравје. Камери од дедо Ное, репетиции феноменални и англичаните би ни љубомореле. Освен А1 и Канал 5 не верувам некоја друга телевизија моментално во Македонија да направи добар пренос на фудбалски натпревар. И доста веке ги ругавме фудбалерите. Тие играат колку што можат со таков стручен штаб и таква паразитска управа на ФФМ. Да сум на нивно место не би заиграл на ниту еден нареден натпревар се додека не се консолидираат работите т.е. смена на Харалампие и Мирсад... Дотогаш уживајте и во тоа што го имаме...