Гледам дека си одличен познавач на фудбалот, така да, ќе се повлечам од дискусијата.
Само уште ова... Ти најверојатно сакаше да кажеш дека за формата на фудбалерите се највиновни комшиите, родителите, девојките што не им даваат редовно, публиката, теренот, селекторот, подреденоста на ѕвездите, и брендот на копачки кој го носат. Сме биле само 2 милиони? Словенија колку милиони се? Ете само еден од многуте примери на репрезентации кои работат домаќински (уште од најмладите генерации) - а тоа на крај вродува со плод. Затоа, они си играат редовно на првенства, а ние се јачаме и се крстиме во Пандев. Додека не се откорне се' во македонскиот фудбал - од претседател, преку играчи, до селектор и не се „засади“ се од почеток, ништо не правиме. Ни останува само да се радуваме на некој случајно постигнат гол против Малта или Андора. Што може ние да направиме? Незнам, нека ви текне... Се обидовме со поддршка и некако не вроди со плод. Логично би било да се обидеме со масовен бојкот, нели?
Јас прв ќе ја бодрам македонската репрезентација, ама кога ќе застанат вистински луѓе и професионалци зад неа, а не апаши.