Цените на МСЕ растат од три причини и само првата причина е добра:
1. компаниите работат добро (тоа не важи за сите компании, и покрај доброто работење, тоа не е толку добро за овие цени)
2. од многу други сектори луѓето и фирмите ги префрлаат парите на берза, пред се во акции од MBI10 (тоа ја кучува цената на акциите, но од друга страна ја разводнува добивката на сите што сакаат да купат или да докупат)
3. со засилена инфлација и во државава и во светот, парите забрзано ја губат својата вредност (тоа значително ќе допринесе за раст на цените на акциите, но тоа не значи и раст на нивната вредност)
Како што @Lester Freamon напиша претходно, инвестирајте пари што не ви требаат и не планирате да ги вадите во наредните 5-10 години.
Следува период со покачување на каматни стапки, а можно е од следната година да треба да плаќаме данок за продажба на акции, затоа нагласувам да не земаат луѓе кредити со намера да инвестираат на берза. После овој период најверојатно ќе има рецесија (така прогнозираат светските инвеститори) што значи не вложувајте пари што ќе треба набрзина да ги вадите и да продавате по пониски цени.
За сите нови луѓе што сакаат да почнат со инвестирање им препорачувам прво да се едуцираат пред да почнат да си ги ризикуваат парите (MONEY Master the Game - Tony Robbins, The Essays of Warren Buffett - Warren Buffett) се добар почеток