8 презентации. 400+ посетители. Време е за следниот чекор!
Успешно го завршивме циклусот на физички презентации во Битола и Скопје. Интересот беше огромен и енергијата – на највисоко ниво.
Сега, преминуваме на реализација.
Како да започнеме соработка?
Од утре, на нашата веб страна ќе бидат достапни сите потребни документи за влез во фондовите:
Пристапница
Барање за купување на удели
Апликација за идентификација
Со пополнување на овие документи, официјално го започнуваме процесот на инвестирање.
За сите што не успеаја да присуствуваат:
Добивме многу пораки од луѓе кои не стигнаа на термините, како и од голем број нашинци кои живеат надвор од Македонија. За да бидеме фер кон сите и да овозможиме пристап до информациите без да закажуваме физички средби до недоглед – имаме решение.
Наскоро ќе одржиме една ексклузивна LIVE презентација на LinkedIn. Сите детали ќе ги добиете навремено.
8 презентации. 400+ посетители. Време е за следниот чекор! Успешно го завршивме циклусот на физички презентации во Битола и Скопје. Интересот беше огромен и енергијата – на највисоко ниво. Сега, преминуваме на реализација. Како да започнеме соработка? Од утре, на нашата веб страна ќе...
www.linkedin.com