Според мене ова им е плафонот на друштвата за брзи кредити, т.е барем плафонот со овие цени со кои настапуваат.
Очекувам многу посилна регулација во следните 2-3 години, а и објективно намалување на пазарот, со оглед на тоа што во поголем дел каде што можеа веќе пенетрираа.
Нив најмногу ги погоди законот за ограничување на вредноста на враќање на долг (која е лимитирана на максимални 100% од основниот долг) кој некако преживеа и остана во сила. Многу заработуваа тие од мали долгови (под 1000 евра би рекол), кои потоа ги наплаќаа ×5. Да не го поништеше Уставен суд законот за апсолутно застарување на долговите за 10 години мислам дека ќе беа веќе преполовени.
Очекувам нивно прегрупирање во неколку поголеми единици (што мислам дека веќе се случи, т.е се намали бројот на такви друштва во споредба со 2021/2022) и нудење се повеќе кредити со некоја понормална цена, а не со СВТ од 48%.
Факт е дека овие фирми и се основаат за краткорочни цели, ним не им е целта да го заменат банкарскиот сектор, туку да извртат што повеќе пари со сомнително потекло.