Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Да имаш право, јас видов потцртано иуте македонија и толку. Онда ништо, нема никакво, минорно влијание
Не е баш минорно ги имаш еден куп по многу што заработуваат, ТТК не прави толку профит колку што прават средните.

Има на гугл да пребарате ако повеќе ве интересира еве една слика за заработката во 2023г.

grafik-1.png
 
Според мене ова им е плафонот на друштвата за брзи кредити, т.е барем плафонот со овие цени со кои настапуваат.

Очекувам многу посилна регулација во следните 2-3 години, а и објективно намалување на пазарот, со оглед на тоа што во поголем дел каде што можеа веќе пенетрираа.

Нив најмногу ги погоди законот за ограничување на вредноста на враќање на долг (која е лимитирана на максимални 100% од основниот долг) кој некако преживеа и остана во сила. Многу заработуваа тие од мали долгови (под 1000 евра би рекол), кои потоа ги наплаќаа ×5. Да не го поништеше Уставен суд законот за апсолутно застарување на долговите за 10 години мислам дека ќе беа веќе преполовени.

Очекувам нивно прегрупирање во неколку поголеми единици (што мислам дека веќе се случи, т.е се намали бројот на такви друштва во споредба со 2021/2022) и нудење се повеќе кредити со некоја понормална цена, а не со СВТ од 48%.

Факт е дека овие фирми и се основаат за краткорочни цели, ним не им е целта да го заменат банкарскиот сектор, туку да извртат што повеќе пари со сомнително потекло.
 
Јас мислам дека не е правилно да се споредува профитот на овие брзи кредити фирми и банки. Имаат многу повисоки камати (провизии) па поради тоа и профитите им се повисоки. Споредбата би требало да е на кредити на население, бидејќи правни лица не верувам дека земаат брзи кредити.
 
Epa ova e machedonia .....pred nedela dve napravija filmce so nekoi lihvarcinlnja sto se 100ti po rang .....a ova veke si e INSTITUCIONALEN REKET......na prihod 15 milioni eur dobitak 8.5 .....dal da places il da se smees ...
 
Дали е подобро да вложам 730.000 денари во акции на Комерцијална банка (KMB) или во акции на UNI Banka? Кое е потенцијално поисплатливо и помалку ризично за следните 5 години?
 
Би требало овој слаб пазар да потрае уште некој месец после очекувам раст. Проблемот сега е високата инфлација но постепено инфлација ќе се намалува т. е. нормалнизира а тоа ќе ја крене мк берзата.
 
Дали е подобро да вложам 730.000 денари во акции на Комерцијална банка (KMB) или во акции на UNI Banka? Кое е потенцијално поисплатливо и помалку ризично за следните 5 години?
KMB, по мене и поисплатливо и помалку ризично
 
Дали е подобро да вложам 730.000 денари во акции на Комерцијална банка (KMB) или во акции на UNI Banka? Кое е потенцијално поисплатливо и помалку ризично за следните 5 години?
Uni ima bogolem procent na devidenda i isto pogolema moznsot za rast
 
Дали е подобро да вложам 730.000 денари во акции на Комерцијална банка (KMB) или во акции на UNI Banka? Кое е потенцијално поисплатливо и помалку ризично за следните 5 години?
Ова ти е како да сакаш да се кладиш на трка за коњи, а не си бил на ниедна трка. Одиш во штала и првиот кој го наоѓаш го прашуваш дали да се кладиш на црниот или на белиот коњ. Вака не би правел ниту ако парите ти се најдени на патот, а камо ли заработени.

Ќе ти кажам во која банка да инвестираш.
Оди на веб страната на берзата, отвори ги двете банки и гледај за последните 3 години која колку приходи има, колку профит прави, колку има годишен поврат на акционерскиот капитал (ROE), за колку години ќе си ја вратиш инвестицијата ако следните години имаат иста добивка (PE), колкава им е книговодствената цена а колку се продаваат по акција, колкава дивиденда даваат. Ова до тука сето ти го пише на сумарната табела на секоја банка на веб страната на МСЕ. После оди на СЕИнет и отвори барем последниот годишен извештај од банките и разгледај ги кои им се плановите за следен период, има и други работи што е добро да ги видш, но ако го разгледаш ова ќе добиеш малце претстава каде да инвестираш. После сум сигурен дека ќе дојдиш овде со поконкретни прашања.
А ако ти е мака да го направиш ова од погоре, тогаш сеедено каде ќе вложиш. Двете опции ти се ок.
 
И уште нешто. Пазарот е балансиран. Има големи играчи, предводени од фондовите. Ако било што е потценето, големите играчи и фондови ќе купуваа немилосно и ќе ја качеа цената. Ако е преценето, продаваат за да утре купат поевтино.
По сите анализи пишани 2 поста погоре, кои држат вода и треба прво водење да биде тоа, ќе кажеш, па Уни е подобра опција од КБ. Се дур некој не ти спомне хинт дека имаат перпетуални обврзници за кои исплаќаат 6% камата и кои јадат дел од колачот, т.е. добивката.
Треба да се гледа поголема слика за која треба и време и пратење ситуација, следење информации... и пак нема гаранција.
Дисперзирај ризик, не сите јајца во една кошничка... секако "кладење" на ова или она може да биде подобра или полоша опција, но нема гаранција за ништо.
 
8 презентации. 400+ посетители. Време е за следниот чекор!

Успешно го завршивме циклусот на физички презентации во Битола и Скопје. Интересот беше огромен и енергијата – на највисоко ниво.

Сега, преминуваме на реализација.

Како да започнеме соработка?

Од утре, на нашата веб страна ќе бидат достапни сите потребни документи за влез во фондовите:
Пристапница
Барање за купување на удели
Апликација за идентификација

Со пополнување на овие документи, официјално го започнуваме процесот на инвестирање.

За сите што не успеаја да присуствуваат:
Добивме многу пораки од луѓе кои не стигнаа на термините, како и од голем број нашинци кои живеат надвор од Македонија. За да бидеме фер кон сите и да овозможиме пристап до информациите без да закажуваме физички средби до недоглед – имаме решение.

Наскоро ќе одржиме една ексклузивна LIVE презентација на LinkedIn. Сите детали ќе ги добиете навремено.

Колку е TER на фондовите?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom