Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку ќе имало наводно нови фирми на МСЕ...во основа се старите (мислам дека има и нешто ново или се лажам...) само ќе преминат од еден во друг пазар...

Старите фирми се ама сега мораат да бидат потранспарентни, барем поасални извештаи ќе даваат.
 
Имаш некое инфо за раст на тплф?
Јас ги земав лани по 3200 и не сум баш оптимист за таа акција.

Ццц, катастрофа стана Топлификација, последна цена била 1230. Ништо чудно и под 1000 да падне.
 
Ццц, катастрофа стана Топлификација, последна цена била 1230. Ништо чудно и под 1000 да падне.
TPLF seuste e mutna ama da izlezat prvite izvestai od noviot biznis model najavuvaa dosta jaki dobivki (se razbira nikogas ne treba da im se veruva premnogu na mengjentot) no ako se ostvart planovite TPLF moze da stane dosta interesna akcija...cekame i sledime seuste...moze prijatno da iznendadi ama ne e za brzanje so nea seuste ima dosta problemi i nepoznati.
 
Комерцијајлна банка ја заврши 2012 година со нето-добивка од 562,1 милиони денари, соопшти денеска Банката по одржувањето на акционерското собрание на кое се усвоени финансиските извештаи и Годишната сметка на Банката за 2012 година и други документи.
Како што е соопштено, акционерите одлучиле дел од добивката да распределат како дивиденда, а дел да остане во резервите на банката. Според одлуката, акционерите за секоја обична акција ќе добијат дивиденда во висина од 10 отсто од номиналната вредност на акцијата.
„Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 314 милиони денари, да се издвои во резерви“ – соопшти банката.
 
Богов: Време е да се види дали банките покажуваат реални профити!

Bogov-NBM-486x272.jpg

Со олеснување на процедурите за продажба на запленетите имоти, конечно во државаа ќе се види која банка е реално профитабилна, а која во својата добивка ги пресметува и одземените имоти кои со години неможат да е продадат бидејќи на лицитациите за нив се држи нереално висока цена.
Овие измени што ги воведе НБРМ треба да ги натера банките во рок од четири години да се ослободат од запленетиот имот. Во спротивност тој ќе има вредност од нула денари. Конечно ќе се знае која банка реално работи профитабилно, а која не.
Првиот човек на Народната банка на Македонија, Гувернерот Димитар Богов, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат-М, вели дека крајно време е да се види колку од банките во државата покажуваат реален остварен профит заснован врз доброто работење, а колку од нив пак својот профит го темелат врз тоа што во својата добивка го пресметуваат и одземениот имот кој најчесто е преценет и кој потоа со години неможат да го продадат.
Богов вели дека банката виртуелно ги има парите, но во реалност тие не постојат бидејќи запленетиот имот никој не го купува бидејќи не е со реална цена, туку со далеку повисока од пазарната. Затоа, со новата одлука на НБРМ, ако банките по одземањето на имотот не го продадат, по пет години неговата вредност ќе биде нула.
„Даваме период од 4 години. Банката по преземањето на имотот мора за 20 отсто да ја намали вредноста, односно тој процент да го отпише. Со тоа што го презела имотот, кажуваме дека можеби вредноста по која сте ја презеле е во ред, но сепак истата е преценета и праксата тоа го покажува. Потоа секоја наредна година, ако не го продаде имотот ќе мора да отпише дополнителни 20 отсто, што значи петтата година тој имот ќе има вредност нула. Тоа овозможува банката да биде пофлексибилна во продажбата на имотот.“​
Оваа значи дека сега НБРМ ги потикнува банките при наплата на нефункционални хипотекарни кредити, веднаш по одземањето на заложениот имот, да прави се за побрзо да го впаричи одземениот објект. Во спротивно, според правилата, вредноста на имотот од година на година ќе паѓа па банката ќе остане и без парите што ги дала на клиентот и со безвреден а имот. Богов вели дека во минатите години голем дел од домашните банки прикажувале остварен приход, а всушност тој приход не бил во пари, туку во одземен имот.
Освен за ова Гувернерот Богов, во емисијата „Економски магазин“, што се емитува во недела во 18.20 минути, на Алсат-М, зборува и за состојбите во Кипар и Словенија, како и можноста кризата да се прелее во други земји.
 
Скопски Пазар не се нормални, ова го пишале во поканата за собрание, се згазив од смеење:

„Нашата компанија не е искра што кратко блеснува.
Скопски пазар претставува посебна светлина која имаме
привилегија да ја држиме во нашите раце и која сакаме да
свети уште
посилно, пред да прејде во рацете на идните генерации.
Како никогаш до сега, сигурни сме и веруваме дека чекориме
по
вистинскиот пат трасиран од генерациите пред нас, со
вредностите
на традиција, квалитет и доверба, кои се тука да останат...
и се додека веруваме и ја споделуваме заедничката желба за
успех,
победата ќе остане нашиот постојан и верен сопатник...
ПОВЕЛЕТЕ КОМШИЈА !“
-------------

Мислам дека ПОВЕЛЕТЕ КОМШИЈА требале да го заменат со ДА ЖИВЕЕ ДРУГАРОТ ТИТО :tapp:
 
Само не напишале кога ќе им платат на сите оние на кои им должат по 9+ месеци.
 
Според табелата за планот 2013-2017 никаде немаат позначителна сума за данок на добивка (само околу 1,6 мил денари) :eek:
Ова може да значи дека не планираат да дадат дивиденда до 2017, добро што ги шитнав акциите на време.
 
Според табелата за планот 2013-2017 никаде немаат позначителна сума за данок на добивка (само околу 1,6 мил денари) :eek:
Ова може да значи дека не планираат да дадат дивиденда до 2017, добро што ги шитнав акциите на време.

Грешиш.
Во 2016 и 2017 година, Банката планира 50% од добивката за претходната година да ја
исплати за дивиденда, а 50% да ја пренесе во резервен фонд.

Ова стои во овој документ
http://www.nlbtb.com.mk/upload/pdf/2013 GS14.pdf

во поглавје 7.4
Можат многу работи да се променат до тогаш, но сепак ми причини мало задоволство
--- надополнето: 4 април 2013 во 23:48 ---
Ако се оствари планот за добивка (а прилично е конзервативен) ова значи дека во 2016 ќе имаме 400 ден дивиденда по акција нето. Што је баби мило, то јој се снило! :) Живи били...
 
Можат многу работи да се променат до тогаш, но сепак ми причини мало задоволство

Во истиот документ ги читав табелите, за мене бројките се поверодостојни од изјавата, колку што знам не можат да поделат дивиденда без да платат данок на добивка.
--- надополнето: 4 април 2013 во 23:51 ---
Живи били...
... па видели.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom