Богов: Време е да се види дали банките покажуваат реални профити!
Со олеснување на процедурите за продажба на запленетите имоти, конечно во државаа ќе се види која банка е реално профитабилна, а која во својата добивка ги пресметува и одземените имоти кои со години неможат да е продадат бидејќи на лицитациите за нив се држи нереално висока цена.
Овие измени што ги воведе НБРМ треба да ги натера банките во рок од четири години да се ослободат од запленетиот имот. Во спротивност тој ќе има вредност од нула денари. Конечно ќе се знае која банка реално работи профитабилно, а која не.
Првиот човек на Народната банка на Македонија, Гувернерот
Димитар Богов, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат-М, вели дека крајно време е да се види колку од банките во државата покажуваат реален остварен профит заснован врз доброто работење, а колку од нив пак својот профит го темелат врз тоа што во својата добивка го пресметуваат и одземениот имот кој најчесто е преценет и кој потоа со години неможат да го продадат.
Богов вели дека банката виртуелно ги има парите, но во реалност тие не постојат бидејќи запленетиот имот никој не го купува бидејќи не е со реална цена, туку со далеку повисока од пазарната. Затоа, со новата одлука на НБРМ, ако банките по одземањето на имотот не го продадат, по пет години неговата вредност ќе биде нула.
„Даваме период од 4 години. Банката по преземањето на имотот мора за 20 отсто да ја намали вредноста, односно тој процент да го отпише. Со тоа што го презела имотот, кажуваме дека можеби вредноста по која сте ја презеле е во ред, но сепак истата е преценета и праксата тоа го покажува. Потоа секоја наредна година, ако не го продаде имотот ќе мора да отпише дополнителни 20 отсто, што значи петтата година тој имот ќе има вредност нула. Тоа овозможува банката да биде пофлексибилна во продажбата на имотот.“
Оваа значи дека сега НБРМ ги потикнува банките при наплата на нефункционални хипотекарни кредити, веднаш по одземањето на заложениот имот, да прави се за побрзо да го впаричи одземениот објект. Во спротивно, според правилата, вредноста на имотот од година на година ќе паѓа па банката ќе остане и без парите што ги дала на клиентот и со безвреден а имот. Богов вели дека во минатите години голем дел од домашните банки прикажувале остварен приход, а всушност тој приход не бил во пари, туку во одземен имот.
Освен за ова Гувернерот Богов, во емисијата „Економски магазин“, што се емитува во недела во 18.20 минути, на Алсат-М, зборува и за состојбите во Кипар и Словенија, како и можноста кризата да се прелее во други земји.