Македонија-Хрватска 21.01. (26-29)

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши двобојот на Балканските велесили?

  • победа на Македонија

    Гласови: 74 58,7%
  • нерешено

    Гласови: 19 15,1%
  • победа на Хрватска

    Гласови: 33 26,2%

  • Вкупно гласачи
    126
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Убаво рече ЕлНињо, Николче треба за вакви утакмици кога имаме шутерска репрезентација или Диви евентуално барем паради ќе праи.
Ама неможеш со Борко на крај да излезеш, ќе го извадиш, следната утакмица за инат матер ќе ти ебе, глуп човек е.
Николче е неверојатно катастрофален од вакви шутеви, сигурно го немаш гледано Металург барем еднаш оваа сезона , оболен сум од него оваа сезона, од кај и да му шутнат прима гол.

Сепак Алиловиќ ја реши оваа утакмица, можеме само да жалиме што не ги победивме Хрватите , имавме добро водство на почетокот, покажавме карактер, но немавме расположен голман, очекувам овој пораз да ни биде лекција дека во клучни моменти не се промашува зицери па макар и двајца Омејера нека има на голот, а и кога не оставија со 4 играчи исто многу лошо влијаеше на резултатот.
Што останува до тактиката на Обрван, многу лошо..
Го извади Недановски а играше многу добро во одбраната па и во нападот, не го стави Прибак место Мојсо кога се кршеше резултатот и не го смени ниту минутка голманот, се надевам овој пораз ќе не научи на грешките и нема да ги повториме во продолжението на првенството.
 
Николче е неверојатно катастрофален од вакви шутеви, сигурно го немаш гледано Металург барем еднаш оваа сезона , оболен сум од него оваа сезона, од кај и да му шутнат прима гол.

Сепак Алиловиќ ја реши оваа утакмица, можеме само да жалиме што не ги победивме Хрватите , имавме добро водство на почетокот, покажавме карактер, но немавме расположен голман, очекувам овој пораз да ни биде лекција дека во клучни моменти не се промашува зицери па макар и двајца Омејера нека има на голот, а и кога не оставија со 4 играчи исто многу лошо влијаеше на резултатот.
Што останува до тактиката на Обрван, многу лошо..
Го извади Недановски а играше многу добро во одбраната па и во нападот, не го стави Прибак место Мојсо кога се кршеше резултатот и не го смени ниту минутка голманот, се надевам овој пораз ќе не научи на грешките и нема да ги повториме во продолжението на првенството.
Па оваа сезона ако е некакво мерило тогаш океј.
 
Ај да видиме дали нашиве ќе научат нешто од поразов.

Вакви партии во 1/8 финале се недозволиви.. ќе биде интересна утакмицата против Словенија...а ако играме против Катар..појма немам што да очекувам..

Ајде на позитивната страна секако сме 2ри или 3ти, без разлика на резултатов сега а и во петок, се од ново почнува во 1/8 финалето, а секако таму почнува главното.

А и у курац МОРА еднаш да му тргне на Борко..
 
Георгиевски 3/3, Манасков 3/4.
Стоилов 3/4, Марковски 1/3.
КРИЛА КРИЛА!!!
Слаба е реализацијата и од бековски позиции пошо имаат висока одбрана. Наумче 2/6, Кире 7/13 .
Ваљда ме сфативте сеа шо ми беше поентата.
Шо и да ти беше поентата, пиша дека Столе незнае да реализира. И тука ти е грешката.
 
Да се цитирам себе.
Инаку ок резултат и многу големи грешки на судиите на двете страни.Или во ситуација ќе досудат перфектно и ќе видат нешто што стварно тешко се приметува или ќе посерат big time.

Во напад Столе е клучна фигура. Нема пиркер што не се изнаиграл против Хрватска.Ќе мора се да реализира и да изнудува многу седмерци.
Реално тука Македонија и најмногу простор имаше и најмногу направи на таа позиција,ама многу помалку него другите репрезентации што направија со Хрватска. Не беше тоа толку кривица на Македонија колку што Хрватска го поправи тој сегмент од играта во однос на другите 3 утакмици.

Иако чисто се сомневам дека Голужа ќе стави некој играч на него подлабоко и сигурно ќе игра стандардна одбојка мислам дека Кире нема премногу да се изнаигра. Ако се спои блокот на време ќе попие доста банани.Сепак ако успее да го пројде Мирко ништо нема да му фати кога ќе стигне да го спушти шутот доле.
болдот - Тука се излажав, проба Штрлек на него фластер да игра со играч повеќе, иако не знае добро да се залепи,па немаше некоја корист од тоа.
Арно ама другиот дел го погодив. Мирко му изнафати толку шутеви на Кире баш ради тој висок блок. Можеби не го изблокираа нешто многу,ама го тераа да го крева шутот и да шутира горе каде што Алиловиќ добро брани. Кире не можеше да го спушти шутот и да му шутира на најслабата страна на Мирко - шутеви на нозе.

Ако не му иде на Кире друг играч што би можел нешто од бековите е Наумче кога ќе дојде до 8 метри и да упати шут од место. Тоа му е негова игра,а Австријците и Тунижаните така дадоа пола од головите.
Ништо не направи сиротиот.

Во одбрана ќе мора да се излага подлабоко на Копљар (секогаш има проблеми со помали играчи кои му излегуваат подлабоко) и да не се дава на Дувњак и Бичаниќ да играат 1 на 1.
Секако најважно би било да се трча одма назад после премен гол и промашен шут. Тоа само не гледам како Македонија со 2-3 измени може да го неутрализира. Контрата и полуконтрата им се страшни. Посебно десните крила на Македонија немам поим како ќе ги стигнат Штрлек и Нинчевиќ.
Тоа е тоа.....додуше не се враќаше Македонија баш многу лошо назад. Очекував тежок масакар после грешки на Македонија.



p.p.s Не го потценувајте и Мирко до толку. Он беше тој што го откажа Тунис и донесе победа.
Told you so....
 
Една работа што ја забележав и на другиве наши мечеви е што контрата вака така ни е океј, она со едно подавње од голман до напред или са максимум уште едно подавање преку друг играч. Ама оние полуконтри кога и двете екипи се во трк, незнаеме да ги искомбинираме и да направиме некој играч напред во шанса.

Леле ова!!!
 
Моја грешка и длабоко се извинувам пошо гледам ве навредив сите. :D
Мене ми е криво шо не се разигруваат крилата пошо Георгиевски има многу мирна рака и висок одскок, и ризикува влез па и да не е гол може да изнуди прекршок. Манасков стално ми е некако на граница на престап, и виси во воздух 10 секунди ми се чини. А добри играчи се двајцата, можеме да имаме многу голови од таа позиција а стално некако се форсираат други играчи и коа се гледа дека не оди.
 
а ако играме против Катар..појма немам што да очекувам..
Очекувај судиите да играат за златен ролекс.

На екипи како нашава се прави рамнотежа. Еве читам на нет БиХ воделе со Тунис 24-22 по што им исклучиле два играчи и изгубиле 24-27 и сега си ги пакуваат куферите.

Јас сакам европски противник па нека и посилен од нас. Катар ќе не сотре на еден или друг начин.
 
Сеуште сонувам за победа против репрезентација од европскиот крем. :(
 
Тоа е.Не може дачекаме да му тргне на голманот кога брани на истата страна со блокот во повеќе наврати.Се нервирам зошто можевме да изиграме перфектна утакмица и да биде тесно.Ми се допаѓа што се бореа и се тоа.Страв ми е само сеа да не паднат психички за со Австрија.Кире уште не му се верува со кој игра.Фалат муда фали некој да шутне макар утнал мора да се пробува, не е само Кире задолжен за тоа.Главите горе одигравме супер во првото полувреме, паднавме во второ.Столе ти си фациште, алал да ти е пријателе како имаш толкава покретност и интелегенција.И уште една работа ШУТИРАЈТЕ ДОЛЕ БЕ ПРИЈАТЕЛИ
 
Колку и да бевме катастрофа во напад у второ полувреме, исто толку( па и повеќе) ја засравме работата во одбрана.
Ништо посебно не ни изиграа, све беа некои индивидуални потези на бековите, по сто пати им избегаа на Јоновски и Маркоски.
Незнам колку приметивте на последниот тајмаут Обрван крајно изнервиран го опцу Јоновски и стил да му ебам мајката па цел живот играте заедно.
Претпоставувам дека тоа идеше на негова сметка и на Маркоски.
Тотално ван форма и двајцата и никаква концентрација во клучни моменти на комплетната одбрана.

Друга работа јас уште неможам да сфатам како изминативе години се создаде толкав мит за Борко како да е којзнае каков голман, да не испадне дека плукам после лоша утакмица, ама јас најозбилно се ЧУДАМ како он успева да фати повеќе од 10 топки на некои натпревари. :eek:
Тромо невиден, денеска минимум 5 топку му поминаа буквално кроз раце.

Сума сумарум, сами си ја изгубивме утакмицата, сметам дека можеше да ги добиеме.
Без концентрација во одбрана во клучни минути, глупави исклучувања, немање резервни опции во напад илош голман.
Со вакви репрезентации такви работи решаваат, а не дека се малку и тие.
 
Реално,заслужен пораз..
Иако Хрватите не блескаа,сепак не добија на искуство...
Не е Борко крив,џабе го плуакте,скина доста топки,е сега шо од бек така се поставува тоа е друга работа..
Но сепак грото од шутевите на Бичаниќ и Копљар беа тешки,и ретко кој голман би сторил нешто повеќе..
Мечот го загубивме во напад,да бидиме реално,нападот ни чкрипи..
Без лева страна,без широк напад толку против било која од ТОП 10 селекциите...
Вакви екипи како Хрватска се победуваат со ростер,ширина на напад,удари од повеќе позиции,посебно од бек..
Без шутеви од лева страна сакаме да победиме?Да бидиме реални малку...
Без ширина на напад,и голови од сите позиции не се победува селекција од ТОП 4...
Ударите на Мојсо грото беа или од трк или од место,без вистинска закана кон гол,без можност да се повлечи нивни играч па да направиме вишок ако нема позиција за шут....
Тука сме некаде,ама ни фалат тие мали нијанси за да бидиме топ сепекција...
Друга работа е шо се разбрани Алиловиќ,посебно при ударите од поле на Кире,се гледа дека целото внимание го имаа насочено кон него...
Вака така го вративме од мртвите Мирко..иако не бриљираше,како на времето...
Рутински одиграа Хрватите,посебно во прво ја чекаа шансата...
Ја немаа ни нивната препознатлива контра,полуконтра,оружје со кое ги толчат противниците,уште еден доказ дека сме одиграле добро..
Околу тие влезови на Чупиќ,не е само вината кај Манасков...
По шо да прај Манасков кога има толкав простор на десната страна?...
Копљар оди напред,отвора простор кон десно,се прави вакум и голем агол за Чупиќ,е па Чупиќ е во ТОП5 десни крила на свет,нормално е дека ќе има висок процент на реализација...
Баш коректно си изигра Манасков....
Вината треба да ја бараме во нашите редови,со лимитиран ростер толку е силата,иако мора да се пофалат нашите,изиграа машки,отворено,со желба за надигрување.ни фалеше уште еден расположен бек и малку повеќе среќа во одбрната,и се биваше...
Да го оставиме овај меч зад нас..
Ни следува финалето,со Австрија....
Да ги чукниме нив и да си обезбедиме дуел со Словенците...
Во секој случај мораме да ги избегниме Катар,ја изнамачија денес Шпанија,на мускули тепаа Шпанците...
Опасна екипа,не ни одговаар воопшто..
Словенците од друга страна се измислени за нас,не играат одбрана,ќе се изнаиграме со нив.
Нека одморат малку сега,и да се насочиме кон Австријците...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom