Манипулацијата со чувствата на јавноста е главната двигателна сила со која оваа власт им пристапува на фундаменталните прашања. На секој преземен чекор, на лицето на владините структури стои маска на локал-патриотизам. Се врши перење на мозок, бидејЌи штетно е за власта кога мозокот не е испран. А во принцип мозокот е почист кога е неиспран. Така власта троши голема енергија за вакви работи во времето кога сиромаштијата навлегува во сите пори на живеењето. Кога постите не се повеЌе религиозна туку социјална категоија. Независно од тоа да ли таквиот патриотизам е искрен или лажен, сосема е сигурно дека во повеЌето од случаи е многу фатален, оти ако несоодветно се користи вообичаено државите ги доведува до работ на опасен кањон.
Со таква политика, нашата власт сега ја има загубено симпатијата кај најрелевантните центри на моЌ. Таа ги пореметила плановите на НАТО за Балканот; таа сериозно го разнишува пријателството со САД; таа се повеЌе се одалечува од Европската унијата. Сега паѓа во вода и тоа што беше сосема сигурно за 2009-та година - либерализирање на визниот режим. Секој релевантен фактор од западниот свет Ќе ви каже - ако не сакате самите себе да помогнете, не го очекувајте тоа од другите. Се поизвесно е дека вакви опасни чекори на власта нема да поминат без тешки последици по граѓаните и државата. Опасноста сега се насетува од секого што барем научил три букви во политиката. Тоа веЌе го зборуваат и немите, го гледат и слепите, го слушат и глувите. Само нашата власт не може да ја почуствува, поради издигнувањето на облаци и ужива во лажната нирвана.
Поради низа политички грешки, на државате во летање и се скршени двете крила. Пред нашите очи ни се урнуваат четирите носечки столбови - НАТО, ЕУ, Коридорот 8 и АМБО. Со години ни се укажуваше дека надвор од Алијансата сите стратешки проекти Ќе ни паѓаат во вода. А власта, не само што остана глува туку го работеше спротивното. Меѓувреме, Грција за три години извлекла дополнителни две милијарди евра за довршување на попратните компоненти на Виа игнација. И сега врската од Средниот исток (Кавказ) и Блискиот исток која требаше да се одвива низ Коридорот 8, Ќе се пренасочува преку Грција (од Александрополис до пристаништето Игуменица). Дебели милјарди Грците Ќе профитираат од тој коридор. Уште сега тие годишно заработуваат околу 400 милиона евра од транзитот и бројните други услужни дејности.
Оттука, се поизвесно е дека Грците намерно го пласирале прашањето на името како меѓудржавен спор, за да ги елиминираат сите стратешки проекти од Македонија и да ја маргинализираат нејзината географска поволна позиција. Паметна власт по никоја цена немаше да наседне на таква замка. Така, полека но сигурно, свесно или несвесно станавме успешен адвокат на ѓаволот. Со тоталното поткопување на Коридорот 8 и АМБО, Македонија Ќе остане слепо црево во Балканот и далеку од развојот. За неколку години Ќе ни биде сосема јасно дека Грците воопшто не ги интересирало името. Овај црн сценарио, свесно или несвесно перфектно е голтано од нашите политичари и продолжува да се реализира од нас самите. Со загубата на овие проекти Македонија Ќе загуби половина век и во иднина директно сообраЌајно Ќе биде зависна (и условена од Грција). На се ова секој упатен би кажал - среЌен е оној народ што нема ваква власт. Нашите водачи и кога дознат за грешките не се повлекуваат. Не се свесни дека кога човек ја признава грешка, тој покажува дека е позрел отколку кога истата ја направил.А сега наместо со повеќе ќе пристапиме со 0 пријатели во Европската унија инсистираќи на тужба за која Грција не ја интересира воопшто или е небитна за неа.