Македонија на ЕП 2014 Данска - завршно резиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Џони От
  • Време на започнување Време на започнување

Како го оценувате настапот на репрезентацијата на Македонија на ЕП Данска 2014

  • Тотално потфрлија

    Гласови: 13 13,5%
  • Во рамките на можностите

    Гласови: 80 83,3%
  • Подобро од очекувањата

    Гласови: 3 3,1%

  • Вкупно гласачи
    96
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 август 2012
Мислења
3.728
Поени од реакции
6.625
Со оглед на тоа што сите пишуваме на различни места во врска со настапот на нашата репрезентација на ЕП во Данска а Томасино никако да го убедиме да отвори една генерална тема на која сите ќе ги напишеме своите видувања решив конечно да ја отворам па да се раштркуваме на секаде со мислења.
Па за почеток би почнал од онај кој ги селектира репрезентативците или барем требаше да ги селектира и да ја постави играта а тоа е селекторот Обрван.На ова првентство не видовме некои новини во нашата игра во нагорна линија.Одново се форсираше спора игра без контра напади и брз центар и кога имавме можност за тоа односно со еден збор го игравме најдосадниот ракомет на првенството...Во нападот играта беше поставена само на Лазаров и премногу бевме зависни од него...Ако нешто можи да се припише како плус во нападот се почестите ротации и обидите да се разиграат што е можно повеќе играчи иако на моменти тие ротации ни го уништиваа ритамот на игра.Во одбраната упорно се форсираше 6-0 со на моменти промени во 5-1.Но сепак таа одбрана не беше до крајност извежбана за да пречесто се дозволуваа чисти удари на противниците од 8-9 метри,непокривање на пикери и премногу млака игра во одбраната...Значи ако во нападот имаше барем нешто позитивно во одбраната беше уназадување на нашата игра.Но моја најголема замерка кон селекторот е кај голманската позиција.Мене ми изгледаше дека има договор помеѓу Обрван и Борка овај сам да одлучува кога ќе му препушти место на Диви шо е недозволиво за еден селектор.
Кире Лазаров веројатно најдобриот десен бек на првенството кој знаеше да ја повлечи репрезентацијата во моменти кога не му оди и единствен кој преземаше одоворност кога сите бегаа од топката...Но сепак не ги разигруваше доволно соиграчите посебно десно крило па сите тие негови напади се барираа или на шут или на проигрување со пикер...И покрај неспорни играчки способности крајно е непрофесионален потегот со кој не изигра на последниот меч како и изјавата речена не докажана за која сепак требаше да ја кажи откако ќе ја изигра последната утакмица.Епа сега му е време нека се распука,а не само Бранче е крив а проблемите под маса пак.
Борко Ристовски од 6 изиграни утакмици одбрани екстра со Австрија и солидно на Данска на сите останати утакмици потпросечно но и покрај тоа беше толериран и незаменуван...Премногу слобода и во играта и наместо да се проигруваат за контра напади безпотребни истрчувања во нападот...Дефинитивно заедно со шпанските голмани најслаб на првентвото
Немања Прибак најоспоруваниот потег кој даде белег на ова првенство...Со игрите во Вардар дефинитивно се очекуваше повеќе.Но на самото првентство потфрле или неизигра на нивото кое го очекувавме.На моменти барем мене ми беше жал кога му го гледам изразот на лицето како да нешто му згрешил на соиграчите а дојде со најдобра намера да помогни.Човекот се најде како колатерална штета во целата ситуација но сепак најголема грешка е на селекторот бидејќи и покрај поминати месец дена припреми беше тотално неуклопен во системот на игра.Но сепак доколку и понатаму би играл за репрезенацијата мислам дека ќе даде далеку подобри игри.
Бранко Ангеловски според играта мислам дека солидно си ја зеврши работата со оглед на фактот шо беше повикан во последен момент и мислам дека на ова првентство изигра најдобро од сите на кои учествувал...Но колку што добро изигра толку крена прашина со изјавата која сепак мислам дека требаше да ја даде по завршувањето на првенството но сепак во момент на афект својот револт го искажа пребрзо.::
Миркуловски според мене дефинитивно нашиот најдобар играч на првенството.Одличен во одбрана и во напад.Безпоштедно се впушта во дуели знае да изнудува пробивања,знае да се бори,знае да ја разбива противничката одбрана со влезови и да ги разигрува другите.Сепак слаба страна му е реаизацијата и тоа претешно на зицерите но сепак тоа го надополнуваше со оставањето на срцето на паркетот.
Пецаковски на ова првентво дојде целосно не опоравен и го даде својот максимум на ова првентво и тоа во доста солидно издание.Факт е дека во иднина треба повеќе да му се дава шанса во репрезентацијата.Исто така е еден од ретките наши бекови што знае да игра во двата правци.
Манасков во почетокот некако несигурно влезе во првентвото но какошо изминуваше ја поправаше играта.Сепак во неговата игра имаше одредени падови исто како и Миркуловски посебно во реализација на 100% шанси.
Ѓорѓиевски изигра на солидно ниво со добра реализација но факт е дека не добиваше премногу употербливи топки.
Стоилов еден од подобрите на ова првенство со игра во два правци иако во нападот на моменти делуваше многу статично и знаеше на моменти да влезе во серија на грешки.Но со оглен на фактот што на сите утакмици играше по 40-45 миниту одбрана напад сосема солидно си ја заврши работата.
Јоновски и Марковски на ова првентво солидно си ја завршија работата но за нијанса послабо од тоа што сме навикнати да ги гледаме.Некако премногу млако влегуваа во дуели со противниците.
Стојчевски за тоа што доби минутажа и за тоа што беше повикан си ја заврше работата но сепак повреда го спрече за да има некоја поголема улога на ова ЕП.
Ојлески изигра многу добро за минутажата што ја доби.За разлика од Манасков многу посигурен во реализација на зицери.Ако за нешто во иднина не треба да стравуваме тоа се дефинитивно левите крила.
Ангелов и Н.Марковски,Митревски не видовме ама баш ништо оти не ни играа.Ако Ангелов можеше да помогни а не му дадоа шанса,Н.Марковски по денешната утакмица се види дека е вон форма и воопшто не ни требаше биди на списокот.Но мислам дека во иднина многу мои да помогни на репрезентацијата.Митревски не ни доби шанса и за да биди дел од репрезентацијата и да му оди формата во нагорна линија мора да најде клуб каде ќе добива повеќе минутажа.
Е сега делот за тие што уште од авион одма треба да му благодарница:Димовски,Митков,З.Мојсоски - мислам е кој коментар да се дај е сувишен посебно за Митков и мистер престап.
Се на се очекуаван настап на нашата репрезентација помината промарна цел првата фаза без Н.Мојсоски,Ф.Лазаров и Вугринец.Со нив оваа репрезентација сигурно би отишла и чекор понатаму од 10-то то место.Е сега уште еден факт е дека и со нив 100% сум сигурен дека повтоно ќе го игравме најдосадниот ракомет.Поради лични суети на играчи и нерасчистени односи во самата федерација упропастена е репрезентативната кариера на играчот кој многу можеше да помогни Раде Стојановиќ.Јас мислам дека со него во составот во Србија сигурно ќе атакувавме на медал.За да во иднина не се повторуват истите грешки мора еднаш да се расчисти ,да почнат да играт играчи по заслуга а не по подмолни игри.Да се инвестиа во младите категории оти тие се иднината а не во инстант успеси со странци.Понекогаш е добро и странци да помогнат и многу поголеми репрезентации од нашата ги имаат.Но ние немаме млади играчи кој ќе ги заменат овие на кои послена шанска за големо натпреварување им е Светското во Катар...Е дали треба да се чека до тогаш или да се почне уште од утре?Незнам јас би почнал од сега оти и да се пласираме таму најголем успех ќе ни биди шо ќе ја поминиме првата фаза...
 
Може на кратко?

Позицијата која ја имаа - дури и подобро од очекуваното.
Играта - разочарувачки немотивирани и без жар.
Бонус - јадење гомна во медиуми.

Резиме: Ништо ново.
 
МАКЕДОНИЈА ДЕСЕТА. ПОЗНАТ Е РЕДОСЛЕДОТ ОД 7-ТО ДО 16-ТОТО МЕСТО НА ЕП ВО ДАНСКА

22.01.2014 21:40
EUROden13-640x360-610x343.jpg

rk-metlurg-logo_final_resize31.png

По завршувањето на втората фаза остана непознат само редоследот на репрезентациите од првото до шестото место.
За медалите ќе се борат селекциите на Данска, Франција, Шпанија и Хрватска, додека за петтото место ќе војуваат Полска и Исланд.
24 јануари (Хернинг):
16.00: Исланд – Полска (за петто место)
18:30: Франција – Шпанија (полуфинале)
21.00: Данска – Хрватска (полуфинале)
26 јануари (Хернинг):
15.00: Борба за третото место
17.30: Финале
Редоследот од 7-то до 16-то место е познат:
МестоСелекција



4
5
6
7
23px-Flag_of_Sweden.svg.png
Шведска
8
23px-Flag_of_Hungary.svg.png
Унгарија
9
23px-Flag_of_Russia.svg.png
Русија
10
23px-Flag_of_Macedonia.svg.png
Maкедонија
11
23px-Flag_of_Austria.svg.png
Aвстрија
12
23px-Flag_of_Belarus.svg.png
Белорусија
13
23px-Flag_of_Serbia.svg.png
Србија
14
21px-Flag_of_Norway.svg.png
Норвешка
15
23px-Flag_of_the_Czech_Republic.svg.png
Чешка
16
23px-Flag_of_Montenegro.svg.png
Црна Гора
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 01:00 ---
Мислам дека после оваа првенство може доста да се дискутира. Дали сме задоволни од 10то место, дали можевме повеќе? Ако ДА, каде беше проблемот??? Натурализирањето, тренерот, повредите....???
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 01:00 ---
Што можеме да промениме во иднина и тн.???
 
Искренл,можевме далелу подобро да бидеме пласирани,сите тролаат дека немаме квалитет,напротив,имаме квалитет,аа не е искоритен добро,од смисол на игра,мењавање на тренери ко долна облека на секој циклус,нема стабилност ... можевме и за медал,но, Појачи смо од судбине :(
 
Не се покажавме во најдобро можно светло, но сепак и 10тото место е солидно.

Се чувствуваше отсуството на Наумче
 
Со оглед на тоа дека првенствово немавме голман (не тролам, мртов сериозен сум), мислам дека 10то место е сосема ОК. Секој се надева на повеќе, но мислам дека го достигнавме врвот...евентуално 8мо. За две години подобро, мора подобро. Пред се’, мора нов голман. Не знам каква е ситуацијата во МКД ракометот...има ли на повидок добри голмани? (го поставив еднаш прашањево, ми одговори еден дечко ама се’ мислам дека се заебаваше со мене :D )
 
Искренл,можевме далелу подобро да бидеме пласирани,сите тролаат дека немаме квалитет,напротив,имаме квалитет,аа не е искоритен добро,од смисол на игра,мењавање на тренери ко долна облека на секој циклус,нема стабилност ... можевме и за медал,но, Појачи смо од судбине :(



Да имавме квалитет немаше да промашуваме толку зицери, немаше да примаме голови секогаш кога имаме играч повеќе, немаше да правиме аматерски грешки во напад и одбрана, немаше да имаме голман кој прима се и сешто во мрежата, немаше да имаме голман кој се однесува како да е бек и тера контра оставајќи го голот празен...
 
ДЕСЕТТО МЕСТО ЗА РАШТИМАНИОТ МАКЕДОНСКИ ОРКЕСТАР
7B2EAAE4DFD5AA48844079B914CA9740.jpg

Македонија го заврши настапот на 11. Европско ракометно првенство што се игра во Данска, како 10. пласирана селекција. (Не)реално, ако се знае дека на претходниот европски собир во соседна Србија, „црвено-жолтите“ беа петтопласираната репрезентација. Но, не треба да се потцени податокот дека токму на овој собир стаса со малку среќа преку квалификациите во кои се бореше со Португалија за гол повеќе, а во меѓувреме не дотолчија неуспешните настапи на квалификациите за ЛОИ 2012 и на завршницата од СП 2013. Новото раководство на РФМ се обиде да го запре слободното паѓање со ангажирање нов стратег, хрватскиот стручњак Ивица Обрван, искусни натурализирани играчи што играат за нашите водечки тимови Вардар и Металург, Ренато Вугринец и Немања Прибак. Математиката на РФМ беше лоша. Само ја подлажаа јавноста, наметнаа големи апетити, а го загубија поради повреда стандардниот Наумче Мојсовски и неговата алтернатива Филип Лазаров. Со новонастанатата ситуацијата не можеа да се справат селекторот Обрван и неговите избраници. Разногласието исфрли фалшливи тонови од раштимуваниот македонски оркестар. Kако минуваа деновите во Данска, се редеа поразите, а се зголемуваа меѓусебните прозивки кој е виновен за ваквиот резултат. Сите. Почнувајќи од раководството на РФС, селекторот, до ракометарите. Н` направија ракометно семејство.

Такво имавме во Србија, а го носеше во победнички поход, осмиот играч - публиката. Во Ниш и Белград, македонските ракометари како да играа на свој терен. Беа бодрени од неколку илјади гледачи, кои сега се стопија на само неколку стотина. Се загубија во Хернинг, каде што капацитетот на салата е 15.000.

Се загуби и Македонија. Им ги кинеше нервите на повеќето љубители пред ТВ-екраните. Осцилираше. Остави генерален впечаток дека се плаши да победува. Затоа оствари само една победа, а и до таа може да се рече дека стаса среќно, против аутсајдерот Австрија, кој ни покажа како се игра без респектот. Ако и таа не беше, како тргнавме, ќе беше ракометна трагедија. Почетнички се грешеше во решавачките моменти, најмладите, на крилните позиции Гоце Георгиевски и Дејан Манасков не можеа да ги фатат топките, не можеа да реализираат контранапади и кога беа сами пред противничките голмани. Во таквите моменти се загуби и селекторот, Обрван, кој забораваше дека зад себе на клупата има и алтернативни решенија. Подоцнежните негови извинувања за лошите изданија до македонскиот народ не ги утешија разочараните љубители на спортот. Требаше најпрво да направи избор за подготовките на најдобрите и да ги селектира најподготвените, на натпреварите да ги воочува слабостите навреме, да менува, а не да се заборава во играта, а на тајмаутите наместо со отсечност и прекор да ги буди играчите од летаргијата, тој ги молеше за коректност! Тоа не врви. За овој балкански менталитет треба цврста рака.

Обрван очигледно нема, па заемните обвинувања кој е крив, се логична последица на целата атмосфера во соблекувалната, што се рефлектира со односот на паркетот. Kога нема победи, поразите на површина исфрлија виновници. Селекторот, странците, најмладите... А, искусните.

Во тимот само со најдобриот стрелец од последното ЕП и СП, а на ова лидер, Kирил Лазаров, и повремените блесоци на голманот Ристовски...нереално беше да се очекува да се покори Европа. Расчекорот меѓу желбите и можностите ни е голем. Ни го наметнаа нашите екипи. Скопје е единствениот град сезонава со три екипи во Лигата на шампионите, две во машка и една во женска конкуренција, но не треба да заборавиме дека носители на тие проекти се токму ракометари интернационалци. Со два и пол клуба не можеме да бидеме ракометна велесила. Овој исчекор треба да го искористиме како да создадеме повеќе екипи, поконкурентна домашна лига и повеќе ракометари за репрезентацијата. Да се избираат најдобрите, а не по сугестија на заслужните.

Настапот на ЕП во Данска е како порачан за да се види вистинската македонска ракометна слика. РФМ да преземе мерки навреме да се коригира, а ракометарите почнувајќи од капитенот Лазаров, Ангеловски... за аномалиите да зборуваат на вистинското место и во право време. По секоја загубена битка сите се генерали. Не сакаме да бидеме едни од нив и ние, но за доброто на македонскиот ракомет треба да се погледнеме в очи и недостатоците да ги решаваме на паркетот. До инстант-резултати се стасува за кусо време и со пари, а за континуитет треба знаење и долготрајна работа. Што сакаме? Добра Анализа на анонимен новинар од Дневник
 
Со оглед на тоа дека првенствово немавме голман (не тролам, мртов сериозен сум), мислам дека 10то место е сосема ОК. Секој се надева на повеќе, но мислам дека го достигнавме врвот...евентуално 8мо. За две години подобро, мора подобро. Пред се’, мора нов голман. Не знам каква е ситуацијата во МКД ракометот...има ли на повидок добри голмани? (го поставив еднаш прашањево, ми одговори еден дечко ама се’ мислам дека се заебаваше со мене :D )

Ни добри млади голмани имаме ни добри млади играчи.Можеби ќе излезе некое дете што ќе биде добро за наши услови,но за нешто повеќе (ЕП/СП) истото тоа дете ќе биде чист просек.Како што стојат моментално работите црно ни се пишува во иднина.Со самото тоа што добар дел од репрезентативциве што беа на Европсково во Данска веќе имаат над 30 години треба да им се бара замена,а замена моментално за нив нема.До душа кога Кире ќе реши да се повлече од репрезентацијата ние нема да бидеме ни пола од тоа што сме моментално,а моментално сме едвај 10та репрезентација во Европа.Другиве играчи гледано на Европско/Светско ниво се чисти просеци,но и нивното отсуство ќе се почувствува.Борко,Јоновски,Димовски,Мојсо итн. веќе или ја раситниле 30ката или се блиску до неа и кај и да е ќе се повлечат,а и да не се повлечат од репрезентацијата веќе годините ќе почнат да ги јадат и тешко е да се очекува дека ќе можат да го издржат темпото на играње на ЕП/СП.Дај боже да не сум во право,но за неколку години пласман на Европско ќе славиме како да сме го освоиле истото.

Од ова Европско искрено сум разочаран.Не очекував да играме финале,но од 6 одиграни утакмици 1 победа и 1 нерешена според мене е премалку.Убеден сум дека можевме многу подобро да се прикажеме,но аматерските грешки кои никако не можеме да ги искорениме скапо не чинеа.На ова првенство создадвавме многу чисти шанси,а реализацијата ни беше катастрофална.Ситуациите 1 на 1 со голман на едно вакво натпреварување мора максимално да се искористуваат,а ние тука ептен потфрливме.Со самото такво промашување се јавува и еден друг проблем,а тоа е подигање на самодовербата на противничкиот голман и од таму голманите на репрезентациите кои ни беа противници имаа над 50% одбранети удари против нас.Трагично е и тоа што голем дел од нашите репрезентативци имаат страв од превземање на одговорност и одење на шут во моментите кога Кире е затворен.Мора да сфатат дека Кире сам не може да даде 30 голови и да ја донесе победата.Мора сите максимално да се трудат и без страв да тргнат кон противничкиот гол и да погодат.Искористувањето на играч повеќе на терен исто така ни беше катастрофално.Наместо да се искористи играчот вишок што го имаме и да направиме серија од 2:0 или 3:0 ние во таква ситуација не знаеме и организираме асален напад и што е најтрагично во една таква ситуација противникот ни дава гол или два повеќе и излегува како победник во тие 2 минути.Одбраната исто така потфрли на првенствово.Играа како да им е страв да влезат во дуел со противнички ракометар и оставаа многу простор кој беше максимално искористуван од противниците.Игравме премногу повлечено во зоната во која што ако не примиме гол им подаруваме пенал на противниците,а во една таква ситуација и можноста за 2мин. исклучување е многу голема.

На селекторот само би му замерил што не го повика Темелков на местото на Козла и што му даде преголема минутажа на Манасков,а Ојлевски го заборави на клупа.
 
Со тој тим толку. Можеби можевме и до 7/8мо место ама со тој менталитет толку.
Значи причини зошто не бевме повисоко: Повредите и менталитетот на екипата.
 
Коа ќе видиш 10ти во Европа не е нешто лошо за мала земја како нас. А и имавме заебанции со повредите и немавме комплетен тим, кој може да се натпреварува за повеќе. Ама играта и резултатите не се баш задоволителни. Изигравме 6 меча, тепавме само 1 и една нерешена. Мислам дека секој од нас очекуваше малку повеќе. :) Сепак, еве гласав дека толку ни беа можностите. Иако сметам дека ако не им се фаќаа рацете на нашите ракометари на секој ебан зицер ќе бевме бар 3 места погоре. Дури, еве сега на крај гледано, да го тепавме Исланд, со кој водевме и кои не тепаа пред се ради нешите грешки, ќе имавме утакмица за 5то место. :)
 
и 10 место мислам дека е премија, уште на тајмаутите коа беа умрени порано “ЗА КОГО----ЗА МАКЕДОНИЈА“ а сега онака ради реда “за кого----за македон...“ , тотално незалагање.
 
Јас гледам кривица во тренерот. Да беше друг подобро место ќе бевме.
 
Нека игра Златко уште... Само медали ќе земаме. :)
 
Јас гледам кривица во тренерот. Да беше друг подобро место ќе бевме.

Можеш да подобјасниш малку, баш ме интересира твоето мислење. :)
И на кои тренери конкретно мислиш дека би биле подобри со нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom