- Член од
- 30 август 2012
- Мислења
- 3.728
- Поени од реакции
- 6.625
Со оглед на тоа што сите пишуваме на различни места во врска со настапот на нашата репрезентација на ЕП во Данска а Томасино никако да го убедиме да отвори една генерална тема на која сите ќе ги напишеме своите видувања решив конечно да ја отворам па да се раштркуваме на секаде со мислења.
Па за почеток би почнал од онај кој ги селектира репрезентативците или барем требаше да ги селектира и да ја постави играта а тоа е селекторот Обрван.На ова првентство не видовме некои новини во нашата игра во нагорна линија.Одново се форсираше спора игра без контра напади и брз центар и кога имавме можност за тоа односно со еден збор го игравме најдосадниот ракомет на првенството...Во нападот играта беше поставена само на Лазаров и премногу бевме зависни од него...Ако нешто можи да се припише како плус во нападот се почестите ротации и обидите да се разиграат што е можно повеќе играчи иако на моменти тие ротации ни го уништиваа ритамот на игра.Во одбраната упорно се форсираше 6-0 со на моменти промени во 5-1.Но сепак таа одбрана не беше до крајност извежбана за да пречесто се дозволуваа чисти удари на противниците од 8-9 метри,непокривање на пикери и премногу млака игра во одбраната...Значи ако во нападот имаше барем нешто позитивно во одбраната беше уназадување на нашата игра.Но моја најголема замерка кон селекторот е кај голманската позиција.Мене ми изгледаше дека има договор помеѓу Обрван и Борка овај сам да одлучува кога ќе му препушти место на Диви шо е недозволиво за еден селектор.
Кире Лазаров веројатно најдобриот десен бек на првенството кој знаеше да ја повлечи репрезентацијата во моменти кога не му оди и единствен кој преземаше одоворност кога сите бегаа од топката...Но сепак не ги разигруваше доволно соиграчите посебно десно крило па сите тие негови напади се барираа или на шут или на проигрување со пикер...И покрај неспорни играчки способности крајно е непрофесионален потегот со кој не изигра на последниот меч како и изјавата речена не докажана за која сепак требаше да ја кажи откако ќе ја изигра последната утакмица.Епа сега му е време нека се распука,а не само Бранче е крив а проблемите под маса пак.
Борко Ристовски од 6 изиграни утакмици одбрани екстра со Австрија и солидно на Данска на сите останати утакмици потпросечно но и покрај тоа беше толериран и незаменуван...Премногу слобода и во играта и наместо да се проигруваат за контра напади безпотребни истрчувања во нападот...Дефинитивно заедно со шпанските голмани најслаб на првентвото
Немања Прибак најоспоруваниот потег кој даде белег на ова првенство...Со игрите во Вардар дефинитивно се очекуваше повеќе.Но на самото првентство потфрле или неизигра на нивото кое го очекувавме.На моменти барем мене ми беше жал кога му го гледам изразот на лицето како да нешто му згрешил на соиграчите а дојде со најдобра намера да помогни.Човекот се најде како колатерална штета во целата ситуација но сепак најголема грешка е на селекторот бидејќи и покрај поминати месец дена припреми беше тотално неуклопен во системот на игра.Но сепак доколку и понатаму би играл за репрезенацијата мислам дека ќе даде далеку подобри игри.
Бранко Ангеловски според играта мислам дека солидно си ја зеврши работата со оглед на фактот шо беше повикан во последен момент и мислам дека на ова првентство изигра најдобро од сите на кои учествувал...Но колку што добро изигра толку крена прашина со изјавата која сепак мислам дека требаше да ја даде по завршувањето на првенството но сепак во момент на афект својот револт го искажа пребрзо.::
Миркуловски според мене дефинитивно нашиот најдобар играч на првенството.Одличен во одбрана и во напад.Безпоштедно се впушта во дуели знае да изнудува пробивања,знае да се бори,знае да ја разбива противничката одбрана со влезови и да ги разигрува другите.Сепак слаба страна му е реаизацијата и тоа претешно на зицерите но сепак тоа го надополнуваше со оставањето на срцето на паркетот.
Пецаковски на ова првентво дојде целосно не опоравен и го даде својот максимум на ова првентво и тоа во доста солидно издание.Факт е дека во иднина треба повеќе да му се дава шанса во репрезентацијата.Исто така е еден од ретките наши бекови што знае да игра во двата правци.
Манасков во почетокот некако несигурно влезе во првентвото но какошо изминуваше ја поправаше играта.Сепак во неговата игра имаше одредени падови исто како и Миркуловски посебно во реализација на 100% шанси.
Ѓорѓиевски изигра на солидно ниво со добра реализација но факт е дека не добиваше премногу употербливи топки.
Стоилов еден од подобрите на ова првенство со игра во два правци иако во нападот на моменти делуваше многу статично и знаеше на моменти да влезе во серија на грешки.Но со оглен на фактот што на сите утакмици играше по 40-45 миниту одбрана напад сосема солидно си ја заврши работата.
Јоновски и Марковски на ова првентво солидно си ја завршија работата но за нијанса послабо од тоа што сме навикнати да ги гледаме.Некако премногу млако влегуваа во дуели со противниците.
Стојчевски за тоа што доби минутажа и за тоа што беше повикан си ја заврше работата но сепак повреда го спрече за да има некоја поголема улога на ова ЕП.
Ојлески изигра многу добро за минутажата што ја доби.За разлика од Манасков многу посигурен во реализација на зицери.Ако за нешто во иднина не треба да стравуваме тоа се дефинитивно левите крила.
Ангелов и Н.Марковски,Митревски не видовме ама баш ништо оти не ни играа.Ако Ангелов можеше да помогни а не му дадоа шанса,Н.Марковски по денешната утакмица се види дека е вон форма и воопшто не ни требаше биди на списокот.Но мислам дека во иднина многу мои да помогни на репрезентацијата.Митревски не ни доби шанса и за да биди дел од репрезентацијата и да му оди формата во нагорна линија мора да најде клуб каде ќе добива повеќе минутажа.
Е сега делот за тие што уште од авион одма треба да му благодарница:Димовски,Митков,З.Мојсоски - мислам е кој коментар да се дај е сувишен посебно за Митков и мистер престап.
Се на се очекуаван настап на нашата репрезентација помината промарна цел првата фаза без Н.Мојсоски,Ф.Лазаров и Вугринец.Со нив оваа репрезентација сигурно би отишла и чекор понатаму од 10-то то место.Е сега уште еден факт е дека и со нив 100% сум сигурен дека повтоно ќе го игравме најдосадниот ракомет.Поради лични суети на играчи и нерасчистени односи во самата федерација упропастена е репрезентативната кариера на играчот кој многу можеше да помогни Раде Стојановиќ.Јас мислам дека со него во составот во Србија сигурно ќе атакувавме на медал.За да во иднина не се повторуват истите грешки мора еднаш да се расчисти ,да почнат да играт играчи по заслуга а не по подмолни игри.Да се инвестиа во младите категории оти тие се иднината а не во инстант успеси со странци.Понекогаш е добро и странци да помогнат и многу поголеми репрезентации од нашата ги имаат.Но ние немаме млади играчи кој ќе ги заменат овие на кои послена шанска за големо натпреварување им е Светското во Катар...Е дали треба да се чека до тогаш или да се почне уште од утре?Незнам јас би почнал од сега оти и да се пласираме таму најголем успех ќе ни биди шо ќе ја поминиме првата фаза...