Maкедонија - Финска, 04.09.2011, (72:70), ЦАРЕВИТЕ СЕ ВО 1/8 ФИНАЛЕ!

Статус
Затворена за нови мислења.
Мора храбро да се одигра и денес, да се тепаат Финциве и после со Босна може да одморат повеќе играчите.
 
Мислам дека клучен натпревар ќе биде сепак со Босанчеросите.
 
Мора храбро да се одигра и денес, да се тепаат Финциве и после со Босна може да одморат повеќе играчите.
ма каков одмор,ти се одмораш секој втор ден ли на работа?
ако неможат да издржат 30 мин на ден тогаш кој к.р бараат на европско или светско,нека си ја сменат професијата,пр. во уметници(сликари)
 
Само со добра одбрана како досега и немаме гајле :)
 
Финците се шутери ама ако играт нашите одбрана ко до сега нема да има никакви проблеми.Шансите се на наша страна денес да си обезбедиме влез во втора рунда.
 
а ако си бидеме први во група, ќе пренесеме 4 бода во наредната што е многу добра работа !!!
 
Само да не се уморни од вчера. Сигурно се славело пак, ама ајде можат они :)
 
Значи победа над Грција си е победа, знам цела држава славеше, преубаво.Ја победивме и Хрватска, тоа се две навистина силни репрезетнации, но за мене како спортист, тие победи не би биле толку големи ако не победиме денес, или утре.Значи со ладни глави, со одбрана каква што изигравме вчера, да се спречи нивниот шут за 3 поени, имаме реални шанси денес повторно да се радуваме.

Дефинитивно овие победи нема да значат буквално ништо денес ако не завериме и ако не докажеме дека можеме и дека ова не е случајно! После и распоредот ни оди во прилог до четврток имаме време плус и зависи кое место ќе завршиме таков распоред би имале во втора фаза пример ако сме први првата ќе ја играме со третиот од таму што би требало да е Грузија ако сме втори со Словенија/Русија и обратно.
 
Беше шо беше вчера.... денес мора да се одигра со ладни глави против Финска. Победата нивна против Црна Гора сигурно не е случајност - впрочем им е прва победа На ЕП од 1977 наваму :D, така да не треба многу да летаме во облаци - мора да продолжиме во исто темпо (иако сме веќе морални победници на шампионатов). Со игра како против Гејција - расположени Бо, Чеховски, Антиќ би требало да си ја завршиме рутинирано работата.... на крај краева мајке ми, не играме Хокеј со нив па да тресиме коски... Одиме на победа и нови 2 бода

fridge.jpg
пивото се лади, друштвото е тука само треба да дојде 14:30​
Позз друштво​
 
Едно се молам, само да не не стигне македонскиот комплекс- да ги тепаме јаките да губиме од послабите. Искрено многу ме плаши оваа утакмица, да не се опуштат па да ги заредиме два порази и да се сликаме.
ПОквалитетни сме де факто од Финците, чија игра е базирана на шут од далечина. Ги затвориме ли како што треба мислам дека не би имале проблеми.
Што се однесува до некои тврдења за медал, нема шанса. Големмите екипи играат со по 12 играчи, ние играме со 8ипол(Гечевски игра повреден). И реално Грција и Хрватска се подмладен состав кој не може да се споредува со Турција, Литванија, Шпанија, Србија.
Како и да е навиваме од срце и се надеваме на нова победа.
 
И уште една напомена од другата група утре играат мајсторка Русија и Словенија такада не се знае распоредот. Најбитно за нас е да не се најдеме во ситуација да се вадиме утре и/или да има круг со ист број бодови со Финска или Црна Гора.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom