- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.962
- Поени од реакции
- 16.318
После победата на Македонската кошаркарска репрезентација над фаворизираната Грција со изненадувачки 14 поени разлика (72-58), следува дуелот против Финска кој е еден од двата дуели (другиот е против БиХ) кои ќе одлучуваат за наредната фаза кога се работи за Македонија...со победа над Финска ќе ни биди сигурен пласманот, така да дуелот против БиХ кој ќе се одигра во понеделник нема да одлучува ништо барем за нашата репрезентација.
Финска на овој Евро баскет ја забележа првата победа во нивната историја, беше совладана денеска БиХ со 92-64..а пред тоа беше поразена од репрезентациите на Грција и Хрватска.
Македонија до сега на првенството е најголемо изненадување после победите над Грција и Хрватска...
Каj финците во овие три натпревари најдобар поединец им е Тему Ранико со 16 поени во просек.
Кај нас се издвојува Борче со 21 поен во просек.
Во меѓусебните дуели против финците водиме со 4-1, единствениот пораз го доживеавме далечната 95та година, а последната наша победа е забележана во квалификациите за Евро Баскетот во 2005та година на домашен терен со 83-70..во времето кога Рајко растураше за Македонија.
Па ..
Па ..