Maкедонија - Финска, 04.09.2011, (72:70), ЦАРЕВИТЕ СЕ ВО 1/8 ФИНАЛЕ!

Статус
Затворена за нови мислења.
Мислев дека Финциве се послаба селекција, но гледајќи ги хајлајтсите од претходните мечеви се гледа дека играат доста брза кошарка, имаат солидни бекови и добри шутери.

Сепак, квалитетот е на наша страна. Потребно е да се одигра само смирено, со стопроцентно залагање и наши се. Ќе биде многу заебано ако не победиме денес, зошто со евентуален пораз и Финска ќе може да дојде до три победи, со оглед на тоа што утре игра против Црна Гора, па може да се случи и да извисиме дури и ако утре ја тепаме Босна.
 
Досега единствено ние јако ги е... тие што уплаќаат, со Црна Гора кога сите се надеваа ќе тепаме ние извадивме нерешено регуларно време и после изгубивме (а мал беше коеф за нас) после со Хрватите кога беше 4.5 ние ги тепавме, вчера со Грците пак на 4.5 ние ги тепавме.

Е сега даваат 1.35 за нас па мене ми смрди на наместена X регуларно а на продолжетци да ги тепаме Финциве :coffee:
 
Мислев дека Финциве се послаба селекција, но гледајќи ги хајлајтсите од претходните мечеви се гледа дека играат доста брза кошарка, имаат солидни бекови и добри шутери.

Сепак, квалитетот е на наша страна. Потребно е да се одигра само смирено, со стопроцентно залагање и наши се. Ќе биде многу заебано ако не победиме денес, зошто со евентуален пораз и Финска ќе може да дојде до три победи, со оглед на тоа што утре игра против Црна Гора, па може да се случи и да извисиме дури и ако утре ја тепаме Босна.

Математиката вика дека ако денес нема изненадување на другите дуели ЦГ-ГР и ХР-БОСНА ние би испаднале али ако Црна Гора ја победи грчка утре Грчка и Хрватска еден би испаднал од нив и ние би иделе се на се има компликации најважно е да не влагаме у лавиринти туку денес да си тепаме па после може да се колат утре сите ние сме сигурни!
 
Значи денеска очекувам тежок меч...нашите се уморени, веројатно уште се под импресии од вчерашната победа само се надевам да не го потценат противникот (кој е прилично незгоден играат брза кошарка без класичен центар), и како шо кажавте вие да ги победиме денеска и да влезиме во втората фаза без никакви математики....
 
Ако може некој да даде стрим за денешниот меч?Знам дека смарам ама па ептен заборавам да букмаркирам страници со пренос од натпреварите.
 
Nema da mozam da ja gledam, na rabota sum, no veruvam deka ce gi pregazime i fincite.

NAPRED MAKEDONIJOOOOO!
 
Со мудра и квалитетна игра,без потценување на противникот па нека е и финска,сакам да влезат во овој дуел!Сигурно вчера се одмориле колку толку и нашите Лавови очекувам мотивирано,спремно со одбрана на ниво и повеќе поени од рекетот(мислам дека рекетот е слаба страна на Финска)да влезат во овој дуел!
Среќно и едвај чекам да почне натпреварот!
 
¤*¨¨*¤.¸¸...¸.¤*¨¨*¤.
\¸....¤ МАКЕДОНИЈА ¤*¨*¤.
.\¸.¤*¨¨*¤.¸¸.¸.¤*¨¨*¤.
..\
☻/
.▌
/ \


Идеме на Победа,само да не се опуштиме и то је то..

 
Јас мислам дека е време да се стави крај на ИНФАРКТ завршниците,идеме +20 денес:D
 
Значи во пресрет на мечот еве една детална статистика од досегашните три меча во група.
http://www.eurobasket2011.com/en/de...}&season=2011&roundID=7526&gameID=7983-C-11-4
Ако примети не се многу подобри во шутот за три, они имаат 38% а ние 33%, очекувам денес поголема ротација бидејќи они се брзи многу и физички подготвени треба да им се парира на надворешните позиции. Исто така и за два шутираат многу, и да се надеваме дека нема да им тргне шутот. Овој дуел требаше да е најлесен, играме со репрезентација која и одкога се прошири бројот на 24 мораа пак да играат квалификации, така да се далеку од нашиот квалитет. Победа денес и утре gametime за Мираковски,Симоновски и Димчевски.
 
Се селам пред малите екрани, се читаме на полувреме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom