Maкедонија - Финска, 04.09.2011, (72:70), ЦАРЕВИТЕ СЕ ВО 1/8 ФИНАЛЕ!

Статус
Затворена за нови мислења.
Иначе кењавме за Игорче дека бил ваков или онаков,ама искрен да бидам денеска ми фалеше неговото коментирање.Можда прави грешки,можда има сто гафови но неговото коментирање се гледа дека е со љубов.Онака треба да се коментира на натпревар каде што игра Македонија,озбилно.Полн е со еуфорија чоекот и затоа од возбуда се случува да напраи некоја грешка.
Тој Марјан Ников беше тапа.Као уметничко лизгање да коментира.

п.с Дај некако да покренеме иницијатива да се направи навивачка група на Македонската репрезентација.Независно дали во кошарка.фудбал,ракомет,тенис,поло(немаме ова али ќе му текне на Грујо кај и е да).
Босанците имаат,не ми текнува како му беше името.Па зошто да немаме и ние!?
 
Иначе кењавме за Игорче дека бил ваков или онаков,ама искрен да бидам денеска ми фалеше неговото коментирање.Можда прави грешки,можда има сто гафови но неговото коментирање се гледа дека е со љубов.Онака треба да се коментира на натпревар каде што игра Македонија,озбилно.Полн е со еуфорија чоекот и затоа од возбуда се случува да напраи некоја грешка.
Тој Марјан Ников беше тапа.Као уметничко лизгање да коментира.

п.с Дај некако да покренеме иницијатива да се направи навивачка група на Македонската репрезентација.Независно дали во кошарка.фудбал,ракомет,тенис,поло(немаме ова али ќе му текне на Грујо кај и е да).
Босанците имаат,не ми текнува како му беше името.Па зошто да немаме и ние!?

Не, не, као да коментираше кајак на диви води ... "Фанатикоси" им се вика групата
 
Ајде уште утре да се стегнат заби и да тепаме, па со Босна нека ги играат Мираковски, Димчевски и Симоновски:)
Ќе им треба мал одмор на нашите...
Е утре ако изгубиме во секој случај ќе биде весело...:D
Мрзам кога играме решавачки мечеви со Босна, пошто не ги памтам претходните по добро. И порано во последните мечеви ни играле без амбиции па сме губеле:D

Ова е тоа. Ама се зависи од утре!
 
Ги гледав Финците како играа против Хрватска и Грција и можам да кажам оти и тие напреднале во играта. Имат добра (агресивна) одбрана, и добри контра напади, не одат на долг напад и не се мислат премногу дали овој или оној ќе шутира... Се надевам дека нашите играчи ќе бидат вистински професионалци и утре ќе си ја завршат работата без некои поголеми проблеми. Со среќа... !
 
Само да не претераат нашиве со славењето и се ќе биде во ред.
 
Абе запнавте се начукале, се начукале, бог да чува јес да од репрезентативците има некој мераклии, но бидете свесни дека на крај, тие пак се професионалци, и не се понашаат баш така вие како што мислите, јес да прославиле, но сигурен сум дека тоа било без алкохол, и од 11, 12 се во кревет ради заморот.

Се надевам ќе победиме денес, а ќе си победат и Грците и Хрватите, па тек тогаш ќе стане интересно :D
 
Моето мислење го напишав и на темата за со Грција. Мислам дека со Финска ке има заслужено опуштање по таква победа т.е. мислам дека Марин ке ги одмара клучните играчи а ке игра со оние кои добиваат помала минутажа што е нормално по три тешки натпревари. Но според мене најдобро би било во прво полувреме да играме со најквалитетните и да направиме голема разлика, а во второ да се одмараат па да добијат шанса Мираковски, Симоновски, Димчевски, па и Соколов кој добива многу мала минутажа, а и не игра баш најдобро како што знае, за со Босна да се одморат малку повеке клучните... Тоа според мене би било најдобро решение за утре инаку типувам на скромна едноцифрена победа на нашите и да си го загарантираме вториот круг со 4 бодови :):):)
 
Ние какви репрезентации добивме зарем ќе дозволиме да се сопниме на малa " препрека "
 
Ние какви репрезентации добивме зарем ќе дозволиме да се сопниме на малa " препрека "
Стално на мали препреки сме се спонувале. Не смеат да ги потценат финците, треба да влезат максимално мотивирани како вчера шо влегоја.

А вие експертите шо викавте дека треба да се одморат играчите вчера, денес кој треба да одмара? Да знајме да му јавиме на Докузовски со време.
 
Дај бе доста со тоа одмарање не сте интересни веќе европско ли е што ли е ако мислат да одмараат нека си дојдат! Да не чујам за одмарање коментар!
Инаку еве статистика:
Изгледа дека вчерашниот натпревар има јај поправи статистиката на финците. Ама што се однесува до меѓусебните дуели имаме одиграно 4 натпревари првиот го имаат добиено финците а потоа ние 3 по ред па зошто да не и 4т :vozbud:
 
Денес мора победа после со ладни глави се одмара до четврток за првиот меч од втора фаза!!! Ајдее можеме!!!
 
Значи победа над Грција си е победа, знам цела држава славеше, преубаво.Ја победивме и Хрватска, тоа се две навистина силни репрезетнации, но за мене како спортист, тие победи не би биле толку големи ако не победиме денес, или утре.Значи со ладни глави, со одбрана каква што изигравме вчера, да се спречи нивниот шут за 3 поени, имаме реални шанси денес повторно да се радуваме.
 
Само со ладни глави и нозе на земја можеме да ги победиме Финциве. Не сме шампиони, не сме најдобри, треба храбро, смело и созреано да се игра.
 
Многу ќе биде лошо ако нашиве вечер се начукаат сите (Чековски и Антиќ ми се најсомнителни), па утре да не можат да гледаат. :unsure:
Аман со овие муабети, имаат селектор и стручен штаб. Така мислиш ќе дозволат да се испоначукаат... Не се ова 15-годишни копиљаци, туку играчи со искуство. Мислам дека највеќе по едно пиво мавнале вчера, можеби и ниедно. Има кога да се слави... Кога ќе направат успех и ќе се вратат во Македонија :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom