Очекував ваква утакмица, знаев дека Босанците ќе играат над своите можности и нема лесно да се предадат, но ете успеавме да триумфираме

Одлично го отворивме натпреварот , имавме одлична предност од 6-1 , но во нападот не запреа пред се Киро кој што имаше многу лош ден и дојде до израз ваков тек на натпреварот, крилата беа добри , иако во вториот дел пак Деки и Гоце утнаа по 1 зицер , тоа ти е таа македонска работа, секогаш мора добро да се испотиме за секоја победа, беше промашен и пенал од Ренато.
План Б за пеналите треба да биде Мојсо, одлично изведува пенали, незнам зошто Обрван му дозволи на Ренато кој што е очаен од пеналите.
Како и да е .. морам да го издвојам Прибак, овој играч буквално ги испиша Босанците во моментот кога се кршеше резултатот, таков играч не сме имале досега, играч со големо срце и голем карактер.. Браво мајсторе , ти беше играч на овој натпревар


Морам да го пофалам и Никола Маркоски, работата во одбраната си ја заврши доста солидно за разлика од брат му кој што е во очајна форма, останува уште тој да си ја поврати формата бидејќи многу работи зависат од него во одбраната.
Ќе бидам воздржан од критики и нема да ја омаловажувам победата на момците, големи 2 бода за пласман во 1/8 финале, ајде сега следната против Хрватите, се надевам ќе ги плеснеме.


