Македонија - Австрија [ 16.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 79 60,8%
  • нерешено

    Гласови: 6 4,6%
  • Австрија

    Гласови: 45 34,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
http://www.mkd.mk/sport/rakomet/ep-rakomet-2014/lazarov-ne-e-hansen-nema-sila-umoren-e
Јас мислам Киро ќе се изнервира и ќе ги измоча вечер

Колку и да се изнервира Киро, не може сам. Ете и со Чешка даде 12 голови, мора сите добро да одиграат.

И ако немаме најмалку барем 11-12 одбрани денес, пишете пропало.
 
http://www.mkd.mk/sport/rakomet/ep-rakomet-2014/lazarov-ne-e-hansen-nema-sila-umoren-e
Јас мислам Киро ќе се изнервира и ќе ги измоча вечер

Единствен начин да ги надиграме е да покаже Кире стабилност и прецизност во пеналите, а соиграчите да изиграат како никогаш до сега на европсково.
 
А бе има Бечка Школа да ги направиме.. па знаат ли они кои сме ние ? Па Бечка Шницла сме за нив бе..
 
Денес или губиме или нерешено, ама у секој случај се враќаат за Скопје...

А што истропа тој репортерот од Данска што прават емисии на ТЕРА дека ќе сме имале шанси да поминеме дури и ако изгубиме :pos::tapp:

Денес очекувам Пецакот да изигра многу јако,незнам дали може,ама ако некогаш во кариера требал да понесе одговорност и да изигра 110% тоа е денес. Крилата ако мислат да играат ко што играа против Чешка подобро нека не излегуваат,со два пикера нека се обиде Обрван,истово и за Борко важи.
 
Јас верувам во победа денес,мислам дека стручниот штаб добро ќе ги простудира нападите на Австријците а и сите недостатоци на нивната одбрана.Тоа е предуслов за да можеме после да речеме еве овој имал ден или немал ден.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА
 
Уште една кратка анализа на Горан Ѓоргоноски во Нова Македонија за денешниот натпревар:
Според резултатите, а особено со играта што ја наметна, Австрија е најголемо изненадување досега на ЕП. Тоа е селекција полна со играчи од најсилната Бундес-лига со селектор (Јоханесон), кој доаѓа од Северна Европа, каде што се игра најдобриот ракомет.

Секако дека главниот лост на тимот е Виктор Силајги. Играч што како рековалесцент ја базира својата игра на своето ракометно знаење и искуство стекнато со години пред сѐ во германскиот гигант Кил.
Одличниот преглед на игра и шутот од место се неговите предности, но дуел-играта е негова слабост.
Покрај Силајги, двете крила Вебер и Сантос се феноменални и едни од најдобрите на ЕП. Форсираат одбрана со длабоки излегувања и дуели еден на еден, многу се подвижни и неверојатно борбени. Иако не се силни индивидуалци, дејствуваат колективно.

Нашата одбрана 5-1 со високопоставени одбранбени бекови и многу дуели на раб на грубост ќе биде вистинско изненадување за филозофијата на Јоханесон. Од друга страна, предниот играч ќе го неутрализира Силајги. По очекувано влегување на нивите крила на втор пивот да ги оставиме Шилингер и Божовиќ без добар залет да решаваат. Од таа ситуација со адекватна реакција на голман(ите), конечно нашите брзи крила да дадат „лесни“ голови.

Во напад нема многу мудрување. Многу работи зависат од Лазаров и од неговиот шут од дистанца. Тоа ќе отвори простор за Стоилов „на линија“ и пробивањата на Миркуловски и другите. Во спротивно, австриската одбрана ќе се спушти на 6-7 метри, а тоа не е нималку пријатно.
Среќно, момци, и се гледаме во вториот круг.
 
А што истропа тој репортерот од Данска што прават емисии на ТЕРА дека ќе сме имале шанси да поминеме дури и ако изгубиме :pos::tapp:

Па и да изгубиме пак имаме шанси за пролаз во наредна фаза. Зависи од нашиот и резултатот на Чешка денес.
 
А што истропа тој репортерот од Данска што прават емисии на ТЕРА дека ќе сме имале шанси да поминеме дури и ако изгубиме :pos::tapp:
.


Па ќе поминеме и ако загубиме со 2 разлика а Чешка изгуби од Данска, ако загубиме со 3, Чешка да изгуби со 2 разлика итн...

Мене крилава нивни не ми изгледаат како добри дефанзивци, не знам како им оставиле таков впечаток. Тие двајца што излагаат се преслаби дефанзивци и со добра финта моеш лесно да ги исфрлиш. Да беше Наумче ќе им ебеше матер. Пецакот не е таков, треба да му се направи блок, па најдобор Миркуловски повеќе време да поминува лево и ако може да се прогира и Манасков/Олјески.

Таму е најголемата шанса за да ги победиме, ако не напикаат у среде и седат нашиве бекови статични на 15 метри од гол, чорба.
 
Како со нерешено ќе се вратат за Скопје?
Озбилно реплицираше? :pos:
Гледаш дека пишуваат луѓе што везе немаат од ракомет и истиот го гледаат само кога игра Македонија или Вардар/Металург ЛШ (строго само против јаки тимови).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom