Македонија - Австрија [ 16.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 79 60,8%
  • нерешено

    Гласови: 6 4,6%
  • Австрија

    Гласови: 45 34,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе ни ебат матер Австријциве, прашање е само со колку разлика... Ако играат како на првите 2 меча имаат сериозни шанси и нас да ни го земат скалпот. Играат пргаво, без респект, агресивно, нешто што нас не ни одговара. :unsure:

Колку што ги гледав на овие 2 меча (бидејќи пред тоа ги немав гледано од баражот со нас прехлани) форсираат „измешан“ ракомет, иако имаат Исланѓанец за тренер мене ми наликуваат ко да имаат Шпанец. Форсираат вишок на крило, а познавајќи ја нашата одбрана и нејзината склоност на (не)бранење на таквите напади, лошо ни се пише.

Или посликовито, во даден момент ние имаме и 5 играчи од Металург во одбраната.
Џомба - „странецот“ - Ацо - Велко - Миркуловски - Манасков.

Таа одбрана е погодна за тим како Чешка (затоа и е голема штета што не ги победивме) но е многу ранлива против ваков тип на игра каков што форсираат Австријциве. Особено тоа се должи на слабата игра на крилата во одбрана, кои се општо слаби дефанзивци но во Металург го имаат Станиќ, кој е јак во бранење такви шутеви од крило. Е сеа ние ќе треба да се крстиме во Борко, кој па и не е така лош за крилни удари.

Но знаат опасно да шутнат и од бековска позиција. Воглавно Силаѓи им е алфа и омега, ко Кире кај нас, прва виолина и за голови и за асистенции. Но опасен е и младиот Максимилијан Херман на десен бек, вчера ги испука јако Данците од 9 метри неколку пати. А ние сме особено ранливи на такви удари на првенството заради Борко (кој речиси секогаш не бил најдобар во бранење такви удари) и заради слабата форма на Велко Марковски кој нит излага навремено на играч, нит крева блок ко што треба.

Бонус работа која може да ни оди во прилог е „наивноста“ на нивното лево крило - Санотс, кој е со паметот ко Манасков. Често знае да улета на бек и да направи пробивање. А искрено на првенствово ваљда нема некој што подобро изнудува пробивања од Митков. За друго е тапа, ама за ова не знам како толку го бива. :eek:

Во поглед на одбраната на Австрија, имаат една голема дупка заради која Данците ги избушија вчера. Тоа е нивната десна одбранбена страна, каде што Хансен и Мадс вчера си поигруваа ко со деца. Али ко за беља ние баш таму сме најтенки нели. Да беше Номче сигурен сум дека даваше 7+ гола тука. Сепак, мора да се проба да се искористи таа слабост на противникот. Пецаковски можеби не е таков тип, но Миркуловски би требало да има полза, па зошто не и Бранче? Може дури и Кире таму да отиде и да проба со „обратен“ шут, нешто што Вугринец на пример често го применува (да беше и тој достапен ќе му легнеа овие).

За разлика од тоа, на средина и на левата страна мислам дека се солидни, а тоа е баш онаму кај Кире, т.е. од кај што ние најмногу даваме голови (после седмерците нормално).

На мечов мора да се искористат и крилата. Какви и да се, треба повеќе да се „вработуваат“. И мора Олјески да игра место Манасков. Реков за Обрван, дека нема да му судам доколку пробува нешто ново во напад макар и изгубиле. Но очигледно ништо ново нема. Пак онаа стара и досадна игра „на мускули“, неинвентивен напад со обично подавање на бековите место комбинирање. Сеа делумно има право да се правда заради „фондот на играчи“, но и со овие мора да проба да изработи вишок на крило, за тоа не ти требаат Балиќ и Јиха во тимот. Јас никаква новост не гледам во нападот искрено...

Треба да се напомене и дека овој Мариновиќ не е голман за фрлање, но дека ужасно брани пенали, а ние најмногу голови даваме од пенали па може да сме во предност.

Така да, против Австријциве сме во предност во поглед на искуство. Во се друго моментално сме во најмала рака изедначени. Јас сум песимист за мечот. Лесно можат да се добијат, но за да се добијат мора минимум 50% подобра одбрана и 20% подобар напад. Дали ќе биде тоа, видечемо. :D
 
Абе нетреба со плукање само. Борко немаше ден. Како што чешкиот голман немаше ден со Австрија. Збoриме за истиот голман што примил 30 гола од Австрија? Секому му се случува, затоа е тренерот тука.

Обрван си носи вина што не направи замена.

Јас мислам дека за бодот треба да му се заблагодариме на Чешкиот селектор, кој е невиден труп. Со такви бекови кои кинат мрежи од 10/11м да неможеш група да поминеш е во најмала рака дебилно. И на тајмаутите доаѓаат, а тој ќути и гледа во Јиха :facepalm::D Слики вредни да се погледнат . И нормално Јиха глеа дека чоекот нема намера да каже ништо, и он почнува да збори.:pos:

Ако чита некој на форумов од Македонскиве тренери , некако нека влезат во Чешка да ја превземат таа репрезентација со конкретна програма и поставена цел ќе напраат кариера на нив. :D:D (Ова неважи за Шундо) :D


Стохл бранеше само првите 20 минути и добро му одеше. После тоа влезе Мрква до крај на натпреварот, не знам зошто, ама послаб беше од Стохл.
 
Мислам оти е редно да пристапиме ние малце пооптимистички и со доза хумор. Да не пренесуваме негативна енергија на ракометарите.

Австријците, колку и да имаат Австријци во тимот, нема да знаат што ги снашло.

od site sela.jpg

Ако го изгледате видеово ќе видите дека Сантос навистина работел со железо.

Инспирирано од:
 
Одлична анализа...(y)
Само би го додал овде Шилингер,лев бек,многу опасен шутер,каков само удар има дечкото,по,по,...
Ако не му излегуваат од нашата десна страна на одбраната ќе имаме големи проблеми...
Честите ги изрешета,мора да му се излегува длабоко,на рака,да не се остава да зема залет....
И десниот бек е многу опасен,младо високо,скочно детиште со многу добро изработен удар..
Силаги е најопасниот,има големо искуство другарчето,знае да извади удар од секоја позиција,ако не внимаваат и на него го обравме бостанот....
Зиура е добар техничар,добар бек,одличен изведувач на пенали,и на него ќе треба да с евнимава....
Значи,врти сучи се се сведува на нашата бековска линија версус нивната...кој подобро ќе ги разигра пикерите и крилата ќе има игра...
Ако успееме некако да ги натераме да играат позиционо,без контри и полуконтри можеби би можеле да ја забавиме играта,да играме СТАРСКИ РАКОМЕТ по што сме препознатливи:icon_lol:,па да се надеваме дека со збиена одбрана би напрајле нешто,и да се молиме Борко да има ден...барем 10 ина одбрани да собери....
Друга работа во одбрана премногу чкрипиме,зошто?
Столе,и другиот халф,Митков некако премногу им оставаат простор на противничките бекови...
Мора да се излегува понапред,не смее да се дозволува да се доближуваат до 8 метри непречени....
Ако испадни халфот,тогаш целиот товар е на Ацо и Велко,и тука настанува таа конфузија,дали да излезат тие да блокираат,дали да го чуваат пикерот?
Добра страна е шо не дозволивме голови од пикер со Чешка,ама не отепаа од бековските позиции,нешто во шо требаше по секоја цена да ги спречиме...
Не играме доволно пргаво,на работ на исклучување,освен кога ќе дојдат на 6 метри,и тогаш ќе се размаваат,е па џабе е тогаш,или гол или пенал,:tapp: за разлика од нас Австријците ги искасапија Чесите,без никаков респект,без пардон...ги натераа да грешат...
Можам да замислам како ќе одат на Лазаров:eek:
Очигледно е дека се подобри на кондиција,можат да издржат висок ритам..
Ова е клучот,ако влезиме во игра со многу голови нема шо да бараме,ќе треба да ја легниме топката,како шо си знаеме...
Само после она шо го видов вчера многу се разочарав...
Одредени сегменти од мечот со Данска ми дадоа надеж,ама после она наше издание вчера не сум оптимист....
Но сепак имаме шанси,баш како шо кажа искуството е дефинитивно на наша страна,и Австријците можеби ќе имаат лош ден,наше е да го искористиме....
Само ќе треба,релативно расположен голман,одбрана која нема да дозволи да примиме повеќе од 25 гола,и напад во кој ќе имаме барем еден расположен шутер од останатите а да не се презива Лазаров,или ако не шутер барем некој кој ќе даде топка за крило/пикер,аха ќе ни треба Жути да изнуди барем 7,8 пенали,нешто во шо е мајстор....:) ...
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 15:18 ---
П.С..​
 
Не играме доволно пргаво,на работ на исклучување,освен кога ќе дојдат на 6 метри,и тогаш ќе се размаваат,е па џабе е тогаш,или гол или пенал,:tapp: за разлика од нас Австријците ги искасапија Чесите,без никаков респект,без пардон...ги натераа да грешат...

Ова е голем проблем што не мачи нас на последните неколку големи натпреварувања.Премногу нежно играме во одбрана и тоа треба да се смени под итно.Штета е што во одбрана немаме играч како Roggisch што е кај Германија т.е играч што ќе игра цело време остро на противничките играчи и што нема да им дозволи да се разиграат.
 
Цревото се внесе во анализата :cuc:
 
Јас не сум некој професионалец,но откатко ја гледав вчера Македонија-Чешка,заклучив дека Кире неможе сам да игра.
 
На мечов мора да се искористат и крилата. Какви и да се, треба повеќе да се „вработуваат“. И мора Олјески да игра место Манасков. Реков за Обрван, дека нема да му судам доколку пробува нешто ново во напад макар и изгубиле. Но очигледно ништо ново нема. Пак онаа стара и досадна игра „на мускули“, неинвентивен напад со обично подавање на бековите место комбинирање. Сеа делумно има право да се правда заради „фондот на играчи“, но и со овие мора да проба да изработи вишок на крило, за тоа не ти требаат Балиќ и Јиха во тимот. Јас никаква новост не гледам во нападот искрено...


Очигледна е неинвентивноста на Обврван , ништо не се смени во однос на нашата претходна игра се форсираат шутеви од бекови и проигрувања кон пикер (ако изнудиме седмерец ок , ако не губиме топка). Ако не примениме поголема употреба на крилата тогаш лошо ни се пишува со Австрија. Не проигрување на крилата вина гледам на тренерот бидејќи упорно одат на позиција пикер а никаква корист од тоа. Од толку пцуење кон крилата ако ја погледниме стастистиката , тие имаат најголем процент на успешност . Нашата лева бековска позиција е очајна со Пецакоски и Ангелоски кои имаат вкупно по 10 промашувања . Пикерите се максимално затворени , Столе успеа да извлече неколку седмерци и исклучувања а Ванчо даде два гола од исто толку обиди. Кога крилата би стоеле на аголот за да се проиграат тогаш ќе се раздвои одбраната на противникот која се концентрира на нашите бекови.
 
Не ќе да е. Ху Баба Ху мислам дека ќе ни направат австријците. Пријатно ќе не' изненадат ептен нашиве барем со 1 победа (за ќеЈф на народот) и убаво ќе биде да ги погледаме на уште 3 меча во втората група. Ама желби се едно, реалноста нешто сосема трето. Искуството можда е на наша страна, оваа генерација е постојан учесник на завршните Европски/Светски турнири последниве години и тоа не е спорно, АМА мене се' ми се чини дека Австрија е поквалитетна во моментов и фино ќе не' решат.
 
Се сложвам (y) @Tomasino , @ElNinho ... Но мислам дека Австријците ќе тргнат со фластер на Лазаров со што не вервам дека на утакмицата ќе има многу голови...Нашите шанси за победа на ова утакмица дефинитивно ќе биди одбраната и мора ама мора да има барем 5-6 голови од контра + голема помош од голманите.
 
Denes nema da se nerviram, isto kako ne se nervirav za prethodnite dva meca. Ako bide, neka bide.
 
Ete za tie sto kukaa zasto Mitkov igral na krilo,neka si pustat i neka si ja izgledaat strucnata analiza.
Samo da se drobelo.
Istot i jas go rekov.

Alal mu vera,stvarno dobra analiza.Najveke se slozuvam so tie polu-fauli.Podobro dobi 2 minuti otkolku da te naucat deka igras mlako pa zatoa ni opnaa eden kup golovi.Treba tepanje. :D

Se imase bajgi iznervirano,lut kako piper bese.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom