Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Мака ми е кога некој ќе ме изнервира , а јас упорно ќутам , не кажувам што ме нервира.
Мака ми е кога излегува со школските.
Мака ми е кога гледам дека забегаа сите околу.
Мака ми е кога некои личности се прават НАЈпаметни и НАЈ во секоја област , а уствари не знаат колку вадат од такт.
Мака ми е кога една , "другарка" замара по цел ден со СМС пораки, и со јавувања да ми се исповеда , по 294921048 пати на ден , ко да сум психолог јас тука , и ко да немам јас мои проблеми па морам да слушам и за нејзините проблеми ,т.е се еден ист моабет слушам ..е*ате!!!
 
Мака ми е шо не ми оди Кантер....
Мака ми е шо нема Гане....
И толку.За друго ништо не ми е мака,се ми е најубо и...така.:pos2:
 
Мака ми е... Многу...
Ќе дојде ли денот кога ќе застанеш зад мене и во нешто да ме одбраниш?
За се` мене ме окривуваш, никогаш не си рекол "Да ќерко, во право си"...
Знам дека не сум совршена ќерка и дека имам милион мани, и дека милион пати сум те нервирала, ама ти ја имаш оваа мана и ме убива.
Дури смешна ми е сегашната ситуација... Не, не, не сакам ни да ја спомнам, кој и да дознае, ќе се смее...
И мака ми е оти плачам и ми се рашлака шминката, за 10тина минути ќе ме собере мачорот, а не сакам да ме примети дека сум даун... Ама ќе ме примети...
 
maka mi e so veke dolgo vreme sum obkruzena so luge koi ne me svakaat
 
МАКА МИ Е ШТО МИ ГО УКРАДОА ТЕЛЕФОНОТ ШТО СИ ГО САКАВ НАЈМНОГУ!
 
мака ми е од трудење
мака ми е што никој не ме сфака што сакам да кажам
мака ми е што на секого му ја давам довербата
мака ми е сите да очекуваат нешто јас да направам,кога треба тие
мака ми е од расправии
мака ми е што сеуште не сум доживеала голема љубов
мака ми е..и сакам една голема гушка:cry:
 
Мака ми е што мисли за мене дека сум идиот,
мака ми е затоа што дури и таа не може да ме разбере
мака ми е затоа што сум погрешно прогласен за виновен
мака ми е што сакајки да ги поправам работите, заборавам на луѓето околу мене,
за ова последното сватив денеска, и стварно си ја најдов грешката, премногу сум окупиран со моите маки..., станав себичен , заборавив на оние кои сеуште ме сметаат за другар, заборавив да ги слушам, да ги посоветувам, можеби и они си имаат некои проблеми, а ја упорно со моите,, можеби и они сакале нешто да ми кажат кога ме виделе ваков..., ама едноставно немале прилика кога....:(:(
 
За многу работи ми е мака, ама најмногу шо ми е мака е тоа шо сеуште го сакам а не заслужува по се шо ми направи.....
 
Мака ми е за премногу работи, ама кој го боли за моите маки, па Маци ќе стисне запчиња и ќе си продужи по патот и ќе ќе си остане секогаш иста.

Фаќуол.
 
Мака ми е што морам да тешам други,а неможам да се утешам себе си.
Мака ми е што сум сведок на пропаста на една љубов,а уште повеќе ми е мака што таа љубов секогаш беше еднострана.
Мака ми е што пушам толку деновиве.
Мака ми е што немам никаква инспирација за ништо.
Мака ми е од копиљаците што ми вриштат под прозор.
Мака ми е од родители што незнаат да ги зауздат своите деца.
Мака ми е што немам сесија во Март,барем тоа ќе ми ги одвлечеше овие мисли.
Мака ми е што неможам да и ја најдам целата музика од Моцарт на мајка ми.
Мака ми е од овие бели зидови околу мене.
Мака ми е што не умеат лугето да разберат дека белото е само бело,дека во него неможеш да најдеш ништо друго освен монотонија.
Мака ми е што воопшто пишав на темата и мака ми е што има тажни луге вечерва.
 
За сите работи за кои што сум пишал на темата гомна да јадам.

За ништо не ми е мака.
 
Мака ми е, пред се, што уопште осеќам потреба да пишувам на темава. How much more pathetic can I get?:boring:

Очигледно прилчно многу
The sky is not the limit :)

Уморен сум...уморен сум од сите, во главата ми се случува Армагедон, т.е. нуклеарна војна помеѓу мене и самиот себе.Имам статус на прашлив воздух во мојот потесен круг!!!Досега имам направено повеќе од што некој направил за цел живот, а ни тоа не ми е доволно, немам внатрешен мир.Сеуште трагам по верниот поданик но, никаде го нема...таман ќе си помислиш си го нашол и ОП!Некој ти го зарил шилото баш помеѓу двете плешки и ти го двои ’рбетот на два дела, а болката? Дерење со скалпел е само прошетка низ парк за разлика од ова...И што да им кажеш после таквиот „верен“ другарски гест? Фала? Епа фала ти...Кучешки живот...многу сакам да сум куче без дом, на нив им е најлесно...тука мевце понатака лепче, може и да се најде некој и да те заигра, да ти ја смали маката, и после те остава на раат да си продолжиш по патот без цел.Па од тоа има ли поубаво? Имам крвно поврзани „луѓе“ од кои одамна сум се откажал...откажал поради „човечкиот“ однос што просто ми создава извор за црпење на инспирација, неверојатна инспирација да измислувам нови пцовки и развратни слогови, на кои и сам им се чудам кога ги слушам како ги изговорувам...Добро, каде отиде етиката на Човекот? Се слуша ли некој што збори денеска, а што збори за истото утре? Се нервирам како куче кога се нервира кога му бркаш у јадење! Јас си верувам на тоа што го зборам, затоа што знам што зборувам. Толку ли е тешко да го оставиш човека на раат? Едноставно да не му се мешаш во работата...Зошто кога ќе видиш дека некој нешто направил, трчаш од човек на човек да раскажуваш?Те исполнува ли тоа? Ти дава ли некаква титула тоа?Што?!?!? Каква исполнетост може да претставува таква развратна работа? Толку ми се мили таквите луѓе, што просто ми доаѓа да влезам во лудница и да си правам цел ден муабет со луѓето таму пошто знам дека тие сигурно ќе ме слушаат, не ебитно дали ќе ме перцепираат, битно јас ќе си го искажам тоа што ми е на душа...сепак, и тие се луѓе нели? Или и тоа ќе биде уште еден повод за ситење со „пријателите“ уз кафе?!? Па даа, тоа е добра работа за трачарење. Ви се случило ли на вас некогаш, да влезете во просторија со луѓе и галама, не повеќе од 5-6 и одеднаш чим се појавите да се заќутат, и само несреќниот газда да ти рече: ајде повели... -Што беше тема на муабет? - Ма ништо онака се зезаме..НЕ Не те збореле! Не ти се сителе! Не се они такви...они ти се „пријатели“! Немам омраза кон луѓето од таков вид, до пред некое време ги презирав...сега ги сожалувам...А во „локалната самоуправа“, таканаречениот дом, просто неможам да дишам поради нееднаквоста! Се во животот што сум имал и имам сум го постигнал сам, затоа што имам ум и ете се снаоѓам, а тоа резултира со мој духовен крах, и на сето тоа јас сум тој којшто не чини...Сам си го заработувам лебот, сам сум си обезбедил превозно средство, сам се одржувам, сам планирам и да си обезбедам покрив(но не и сам да живеам)...се сум направил САМ!!!Уште од моите адолесцентни денови.... Зошто? Затоа што некој бил презафатен да се грижи за мојот „лоботомиран“ „брат“ кој незнае ни гзот сам да си го избрише, а другиот? Ќе се снајде...паметен е он....Епа ми снема веќе памет!!!!!!Капак беше уште и кога ми најдоа трава дома....„Ќе те избркам од дома!“...Не мили мои, нема потреба од бркање...сам ќе си отидам...Мојата љубов решив да ја давам на друго нешто, решив да ја давам на тоа што ја давале и моите предци...според мене можам да видам и зашто било тоа така...само што они имале поткрепа...а јас ја немам, денешната народна пичка, дреме, се легачи и незнае за ништо друго во животот освен за безвредно мрчење, што мразам да го слушам бидејки одвратно ме тера да повраќам...таквите треба да умрат...ама колку и да умираат нема да се искоренат...тоа е синдром вграден со самата ДНК на сапиенсот...мене ме наградил Господ што ми го одзедол тој прамен од спиралата...на ова нема крај.

Не ми е криво за ништо.Виното е лек за се’


извор: мојата глава


П.С. Темава е отворена не само јас да си се искажам туку, за сите што имаат камен на срце и грутка во грло, без разлика дали некој ќе ви ги чита маките или не, важно ги изнесувате од себе.

Г.Г.
Taка е брат, апсолутно си во право и сосема се согласувам со тебе. Ти се восхитувам на искреноста и на ставовите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom