Почнав да ја играм и стигнав до 8мо поглавје и некако многу лесна ми се гледа. Полицијата е премногу смотана и можеш многу лесно да избегаш, а и фактот што ако треба да стигнеш до некое место и при тоа не успееш да избегаш од неа додека стигнеш таму, играта си продолжува, место да ти затропа полиција на врата или барем да не ти даде да влезеш на зададеното место додека не и избегаш на полицијата. Тоа ми е како главна фалинка. Возењето низ град е досадно до немај-каде, од една страна некои возат премногу споро, од друга други ти улетуваат во тебе од било каде и ти ја кршат колата, а да не збориме дека на кривини е многу тешко да се сврти, макар и кога возиш полека. Мисиите се иди ми-дојди ми. До сега само крадењето на маркиците за бензин и онаа кога скришум влегуваш во фабриката за месна индустрија вредеа, другите се `ко за мали деца правени.
Нејсе, од друга страна пак ептен е некако релаксирачка играта. Си пичиш натенане и не се замараш.