Mарфиевите закони!

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Те и од мене некои... :pipi:


Ако постои можност повеќе работи да тргнат наопаку, наопаку ќе тргне онаа што ќе предизвика најмногу штета.

Ако забележиш дека постојат четири начини на кои работите можат да тргнат наопаку, па ги избегнеш тие четири, ќе се појави петтиот.

Препуштени себеси, работите имаат тенденција да се движат од зло кон полошо.

Невозможно е било што да се направи отпорно на будали, бидејќи будалите се така инвентивни.

Мајката природа е кучка.

Смешкај се... Утре ќе биде полошо.

Кога врне, тогаш истура.

Доколку експериментот успева, нешто тргнало лошо.

Се` што почнува добро, завршува лошо. Се` што почнува лошо, завршува уште полошо.

Ако не успееш од прва, уништи ја сета евиденција дека си се обидел.

Во секој крупен проблем се наоѓа помал проблем кој се бори да излезе надвор.

Најдобрите планови смислени од глувците и луѓето обично се скоро исти.

Навистина си сигурен само кога си сигурен дека не си во право.

Чуваш ли нешто доволно долго, можеш да го фрлиш. Фрлиш ли било што, ќе ти затреба штом веќе не ти е при рака.

Љубовните писма, деловните договори и парите што ти ги должат секогаш доаѓаат со три недели задоцнување. Безначајната пошта стигнува истиот ден кога е пратена.

Каде и да возиш, тоа е угоре и против ветрот.

Другата редица се движи побрзо.

Додека дојдеш на ред, правилата ќе се сменат.

Никогаш не покажувај трикови со карти пред луѓе со кои играш покер.

Кога камерата во крупен план држи спортист од машки род, тој или се чеша, или се чепка, или плука.

Во празна соблекувална, единствените две личности ќе имаат соседни гардероби.

Ако не шутнеш, не можеш да постигнеш гол.

Теориските тактики не успеваат во пракса. Практичните тактики не успеваат на утакмица.

Погонот на четири тркала овозможува само да се заглавиш на непристапно место.

Колку е поладна плочата на рендген апаратот, толку поголем дел од телото треба да прилепиш на неа.

Што и да се случи, преправај се дека е намерно.

Кој живее најблиску, доаѓа последен.

Јачината на чешањето е обратно пропорционална од можноста да го дофатиш местото кое те чеша.

Луѓето специјализираат области во кои се најслаби.

И будала може да каже нешто паметно.
Поука: Ако понекогаш каже нешто паметно, не значи дека не е будала.

Комисија - тоа се дванаесет луѓе кои ја извршуваат работата на еден. Никогаш не биди во комисија.

Направи систем што може и будала да го користи, па ќе ти се случи само будала да сака да го користи.

Веројатноста лебот да падне од страната намачкана со путер е право пропорционална со цената на тепихот.

Работи подобро ако го вклучиш.

Ако се заглави, примени сила. Ако се скрши, и онака требаше да се замени.

Немој со сила, земи поголем чекан.

Кога се` друго ќе откаже, прочитај го упатството.

Гаранцијата за квалитет ништо не гарантира.

Хаосот во светот секогаш се зголемува.

Се` е полесно да се расклопи отколку да се склопи. Она што не може да се расклопи, ќе се распадне.

Колку е истражувањето потривијално, толку поголем број луѓе ќе го читаат и ќе се сложат со него. Колку е истражувањето поважно, помалку луѓе ќе го разбираат.

Ако е зелено или мрда, тоа е биологија.
Ако смрди, тоа е хемија.
Ако не функционира, тоа е физика.
Ако е несфатливо, тоа е математика.
Ако е бесмислено, тоа е економија. Евентуално психологија.

Крадење на нечија идеја е плагијат. Крадење на повеќе, е истражување.

Ако не разбираш некој збор во технички текст, игнорирај го. Текстот ќе има смисла и без него.

Никогаш немој да дозволиш класниот да знае дека постоиш.

Кој сака да учи, ќе учи.
Кој не сака да учи, ќе раководи со фирми.
Неспособните да учат и да раководат со фирми, ќе управуваат со школството и стопанството додека не ги доведат до колапс.

Никој не слуша додека не направиш грешка.

Грам имиџ вреди кило вистински способности.

Кажи не, а потоа преговарај.

Најдобар начин да успееш во политиката е да најдеш толпа народ што оди некаде и да застанеш на чело.

Ако се фактите против тебе, собори го законот.
Ако е законот против тебе, собори ги фактите.
Ако се и фактите и законот против тебе, врескај до бесвест.

Ароганцијата често оди рака под рака со совршенството.

Колку е иднината подалечна, толку подобро изгледа.

Во работата на секој гение ги препознаваме сопствените отфрлени идеи.

Никогаш не се расправај со будала. Луѓето можеби нема да ја воочат разликата.

Целибатот не е наследен.

Сие луѓе можеш да ги залажуваш некое време, но МАМА не можеш да ја измамиш.

Луѓето и народите ќе се однесуваат разумно кога ќе ги исцрпат сите други можности.

Вкупното количество интелигенција на планетата е константно. Бројот на жители се зголемува.

Никогаш не минувај низ ходникот на управната зграда без лист хартија во рацете.

Идеалниот кандидат се јавува еден ден по вработување на просечниот.

На која страна и да се завртиш кога влегуваш во лифт, копчињата ќе бидат на спротивната.

Од подот не можеш да паднеш.

Никогаш не спиј со некој полуд од тебе.

Постојат две нешта на земјата кои се универзални - водород, и глупост.

Природата се гнаси од луѓето.

Да се греши е човечки, но чувството е божествено.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
- Сите добри се зафатени.
- Ако не е зафатен/а сигурно има причина.
- Колку е пофин некој до тебе, толку е подалеку од тебе.
- Мозок x Убавина x Достапност = Const.
- Степенот на љубов што некој го чувсвува за тебе е обратно пропорционален со колку ти го сакаш него.
- Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројано и така е.
- Слободноста е функција на време, во моментот кога ќе се заинтересираш тие се зафатени со друг/а..
- Колку е поубава жената што те сака, толку полесно ќе биде да ја напуштиш.
- Ништо не се подобрува со годините.
- Сексот нема калории.
- Сексот е како снегот, никогаш не знаеш колку инчи ќе добиеш и колку долго ќе трае.
- Со изгасено светло сите жени се убави.
- Колку помладо толку подобро.
- Неможеш да направиш бебе за еден месец забременувајќи девет жени.
- Подобро е да си сакал и да си изгубил отколку да не си сакал воопшто.

Марфиев закон за Термодинамика:
Работите се влошуваат под притисок.

[FONT='TimesNewRoman,Bold']Марфиеви воени закони:
1. Никогаш не дели скривница со некој похрабар од тебе.
2. Ни еден воен план не преживува контакт со непријателот.
3. Нема “пријателски“ оган.
4. Најопасна работа во борбена зона е офицер со мапа.
5. Проблемот со одбирање на најлесен пат (излез) е тоа што непријателот веќе го минирал.
6. Другарскиот систем е најважен за преживување; му дава на непријателот друг избор за пукање.
7. Ако добро напредуваш, одиш во заседа
Единствената посигурна работа од непријател, кој доаѓа е доаѓање на пријателски оган.
8. Нема ништо позадоволително од некој да пука на тебе и да промаши.


[/FONT]
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.848
Поени од реакции
11.070
Pa site sto gi znam napishani se veke a ovoj zakon mislam deka ne go procitav.

- Ako se cuvstvuvash dobro, ne se sekiraj brzo ke ti pomine.

Taka nesto beshe :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.681
Поени од реакции
13.295
Шансите за да падне лебот на намачканата страна врз килимот се правопропорцијонални на цената на килимот.
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Шансите за да падне лебот на намачканата страна врз килимот се правопропорцијонални на цената на килимот.
Хехехехе Иначе ова го имам прочитано негде. Секогаш се врти од намачканата страна бидејќи тука влијае гравиотационата сила, а бидејќи од намачканата страна е потешко...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мојот најомилен закон:

Пристапноста е временска функција. Во моментот кога ќе ве заинтересира, тој наоѓа некоја друга.
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Ако објасниш некоја работа толку добро, што секој би те разбрал секогаш ќе се најде барем еден што нема да те разбере.
 
Член од
22 март 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ако вие сте дошле прерано, автобусот доцни.Ако вие сте задоцниле, автобусот отишол прерано.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Гледам сме ги заборавиле Марфиеви закони ете јас ќе ја освежам темата

Марфиеви закони за технологија.

- Големите откритија се случиле по грешка.

- Нови системи генерираат нови проблеми.

- Логиката е систематски начин како самоуверено да дојдеш до погрешен заклучок.

- Да се греши е човечки, но потребен е компјутер за работите да се зезнат до крај.

- Секоја направа содржи барем еден дел кој веќе застарел, два дела кои не можат да се купат и три дела кои сеуште се во фаза на развој.

- Се е можно, освен скијање низ ротирачка врата.

- Доколку некој експеримент успее, тогаш нешто не е во ред.

- Кога се ќе пропадне, прочитајте го упатството.

- Секој предмет кој ќе падне, ќе се стркала во најнепристапниот ќош.

- Сите работи тргнуваат наопаку истовремено.

- Предметот ќе биде оштетен пропорционално на својата вредност.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
-Најголемите идеи никогаш не остануваат запаметени, најглупавите изјави никогаш не се забораваат.
-Ако не успееш првиот пат, уништи ги сите докази дека си се обидел.
-Документот што го барате е секогаш на дното на најголемото купче.
-Правдата секогаш победува.... три пати од седум !
-Убавината е само површината додека гордоста оди до ср‘ж
-Никогаш не си легнувај налутен, остани буден и расправај се !
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Маж си е маж, но добар велосипед...е тоа е возење

Навистина си сигурен само кога си сигурен дека не си во право.

Личноста пред тебе во редица во банка ја има најкомплексната трансакција.

Ако не успееш првиот пат уништи ги сите докази дека си се обидел.

Што и да сакаш- не можеш да го имаш.Тоа што го имаш-не го сакаш.

Се што е убаво во животот е илегално неморално или здебелува

И за крај...

Марфи е оптимист:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom