- Член од
- 7 март 2011
- Мислења
- 93
- Поени од реакции
- 125
Европски лик на новите регистарски таблички
Наташа Гркова Петрушевска Вака изгледаат новите регистарски таблички. По повеќе комбинации, конечно се доби новиот изглед. Стандардизирани се по европските. Имаат поголема заштита и сигурност од фалсификување. Металните регистарски таблички се со ретро рефлектирачка фолија во бела боја, а со црни букви и броеви се испишани регистрационото подрачје на латиница, четири цифрениот регистарски број и две букви на латиница.
Табличките содржат сино поле на кое во долниот дел е испишана националната автоознака за Република Македонија, над него е оставен простор за ознака на Европската Унија. На црвена правоаголна подлога со жолти букви се испишани регистрационото подрачје и буквената ознака на кирилица. Напред на табличките има можност да се испише сопственото име. Новите ЕУ стандардизирани регистарски таблички нема да бидат задолжителни. Граѓаните ќе може да ги задржат постојните или ако имаат желба да ги сменат.
“Новите регистарски таблички се задолжителни за оние граѓани кои за првпат купиле автомобил и оние граѓани чиишто регистарски таблички се оштетени и не може да се употребуваат понатаму“, изјави Иво Котевски – Помошник министер за односи со јавноста во МВР.
МВР ја почна процедурата за новите регистарски таблички. Покрај новиот правилник којшто стапи во сила, распишан е тендер за најповолен понудувач којшто ќе ги изработува табличките.
“По сите оние процедури кои што се однесуваат на жалбите на учесниците во тендерската постапка , МВР согласно Законот ќе склучи договор со најповолниот понудувач, по што ќе започне постапката за изработување на новите регистарски таблички, рече Котевски.
По завршувањето на тендерот за набавката ќе се знае и цената на новите регистарски таблички.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/28972/evropski_lik_na_novite_registarski_tablichki.aspx