Mакедонските автомобили со нови евро таблички

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Сите моментални таблици во форма ЏЏ-ХХХ-ЏЏ, да се заменат задолжително со новата грда форма со 4 бројки.Засега само рекла казала муабети од вработени во Технички преглед.
Да де, то само прашање на време е кога ќе речат, кола со стара табличка нема да можи да се регистрира... и за една година 90% од колите да ги сменат.

Искрено, братми зеде за мерцедесот нови, ептен грди ми се у пм. На мојот јас не ги менувам дури не стани задолжително.
 
Погрди амин!Пеинт!:sick: Туку ај да не ги провоцирам па да добиеме барок таблици изработени од дрво :sneaky:
 
Апдејт: На кадетот, се загина едната таблица... Прашав во МВР, да изработат нова (од стариот тип) околу 800 денари бараат, па по кратко размислување падна одлука да се земат нови... пошо казна за возење без табличка е околу 200 еврони.

1800 денари е да се земат нови табли сосе нова сообраќајна и сите тие пропратни давачки за таксени марки и сл.
 
А сообраќајната е од новите со чип карта или сеуште сме заостанати со книшките?
 
А сообраќајната е од новите со чип карта или сеуште сме заостанати со книшките?
А? Шо е то чип карта? Ај на македонски подобјасни ако можи?
 
А? Шо е то чип карта? Ај на македонски подобјасни ако можи?
По најновите европски стандарди, сообраќајната треба да биде како платежна картичка за банкомат и во неа се внесуваат сите податоци, од технички прегледи, до менување на делови на колата, уље, филтри... а за регистрацијата да биде видлива се става лепенка на ветробранското стакло, бар за ова знам дека најавија само незнам од кога ќе почне да се применува :)
 
Ова за во ЕУ прајме муабет?

Рачунај дека кај нас, за едно 15 години можда ќе го имаме, со оглед дека немат секаде компјтери, а сообраќајните ги куцкаат на машина за чукање (ама електронска, помодерна).
 
Па не е баш за во ЕУ, туку се европски стандарди, ко што ги сменивме и таблиците поради таа причина... иначе оваа ствар почна да функционира во Србија, па затоа мислев да не почнале и кај нас, ама очигледно ќе си почекаме ;)
 
Кај нас ги сменивме таблиците заради то шо во Скопје снема регистерски комбинации - поинаку кажано, од SK-001-AA па се до SK-999-ZZ се издадоа... инаку требаше да се чека решение на спорот со името на државата, па тек после да се прават таблици.

Е сега едно беше тоа решение, а друго беше да воведат втора регистерска ознака за Скопје, пример SO...
 
Допрва ќе не дерат, сега за сега немаат потреба сите да ги менуваат во таблици со плаво знаменце како подлога за жолти ѕвезди за ЕУ, а после ќе им текне дека мора, па кога ќе се реши спорот со името пак менување, па кога/ако влеземе во ЕУ пак ќе има менување со причина дека мора да се стави директно плаво знаменце со жолти ѕвездички заедно, не може посебно да се долепуваат ѕвездичките(претпоставувам дека ќе биде така), само се измислува невиден грабеж на народот. Сега гледам ќе ги модернизираат патарините со електронско плаќање бла бла и демек поскапување на патарините нема да има? Кого лажат бе. Дали патишта ќе направат, кршиш автомобил кај стигнеш по автопат, ќе се модернизирале, бог да чува, света да фати човек од овде веќе, преку к*р ми е од се.
 
Наместо две V можеле да стават едно W

^ А на нас од Гази Баба да ни дадат GZ ? Мислаааам, таблица... :D
 
:tapp: Не ти даваме Струшки таблици, не ти даваме Вевчански, не смејш да регистрираш, ќе те казниме за возење нерегистриран

Се одлага издавањето регистарски таблици за Вевчани
Среда, 04 Сеп 2013 | Прочитано 500 пати.
vevcani%20tablioci.jpg
Од технички причини се одлага издавањето регистарски таблички за жителите на општината Вевчани со ознаката VV.
Ова е одговорот што вевчанци го добиваат во полициската станица во Струга при регистрацијата на нивните патнички возила и поднесување барање за добивање таблички со новите ознаки.

Според кажувањата на неколкумина вевчанци за Охриднет, нив не им било дозволено да ги регистрираат возилата со струшки таблици бидејќи припаѓале на друго регистрационо подрачје.

- Ако ги возиме нашите автомобили нерегистрирани, изложени сме на опасност од казни од сообраќајната полиција, велат тие.

Инаку, одлуката за новите регистарски таблици за општината Вевчани требаше да стапи на сила од први Септември оваа година. Согласно соопштението на МВР од 22-ри минатиот месец, изготвени се измени во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата, поточно новотo регистрационо подрачје што се воведува во Република Македонија е Вевчани - со ознака V V кое го опфаќа регионот на општина Вевчани.

извор:охриднет
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom