Mакедонските автомобили со нови евро таблички

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Фраерските таблички од февруари
Во Министерството за внатрешни работи прават процени која би била разумната цена што би можеле да ја платат заинтересираните лица. Овој луксуз во некои од земјите во регионот што веќе имаат воведено нови таблички чини околу 1.000 евра, а руските тајкуни не жалат да платат и петцифрена сума изразена во евра

Регистарските таблички направени по желба ќе чинат неколку стотици евра
Новите европски регистарски таблички ќе почнат да се изработуваат и издаваат од средината на февруари оваа година, дознаваме од полициски извори.

Минатата недела е завршена второстепенета постапка од тендерската процедура, односно разгледувањето на жалбите од фирмите што аплицирале, но не биле избрани. Останува уште формалното потпишување на договорот со фирмата што ќе ги изработува новите таблички.

Европските таблички ќе ги изработува истата фирма што и досега имаше договор со МВР за правење на табличките со кои сега се вози по патиштата низ земјава.

Возачите што имаат стари, сé уште важечки таблички, немаат обврска да ги менуваат со новите европски, со цел, како што објаснија од МВР, финансиски да не се преоптоваруваат граѓаните. Така, замената е по желба, а оние што по средината на февруари ќе ги регистрираат своите возила ќе добијат нови таблички.

- Не се очекува да има зголемување на цената и таа ќе се движи околу 20 евра, како што беше и досега. Изработката треба да почне кон средината на февруари, бидејќи, според предвидувања, дотогаш треба да бидат издадени старите таблички, кои сé уште ги има како резерва - велат нашите извори.

Сé уште не е дефинирано колку ќе чинат табличките со називи што ќе ги изберат сопствениците на автомобилите, а кои би се состоеле од комбинација од бројки и букви.

Во Министерството за внатрешни работи прават процени која би била разумната цена што би можеле да ја платат заинтересираните лица. Едно е сигурно, фраерските таблички ќе бидат поскапи од обичните.
Овој луксуз во некои од земјите во регионот што веќе имаат воведено нови таблички чини околу 1.000 евра.

Цената на регистарските таблички по избор во Хрватска изнесува 6.720 куни или деветстотини евра, а комбинацијата на букви и бројки по желба што им се нуди на возачите во Србија е 80.000 динари (околу 800 евра).

Во некои земји, како Русија на пример, цената што се плаќа за регистарска табличка достигнува фантастична цена. Таму се бројат петцифрени суми во евра за ваква табличка, но руските тајкуни воопшто не се мислат кога сакаат на овој начин да ги истакнат својот статус и моќ пред обичните смртници.

Новите македонски регистарски таблички ќе содржат многу заштитни знаци за да се спречи нивна злоупотреба или фалсификување. Натписот нема да биде видлив со голо око, а ќе биде поставена на ОВД-хромирана лента долга 12 милиметри, а широка пет милиметри. Тие ќе содржат и ОВД-холограм, во повеќе бои во форма на круг, со пречник од 29 милиметри, со впишана национална ознака МК.
VIA: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=19121022464&id=12&prilog=0&setIzdanie=22475
Слики како би изгледале:
 
D

D_NazGUL

Гостин
Сега само што вадев таблички и ми рекоа новите од мај ако имаме среќа.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
боооо ја со секундарен ја залепив на моторон .... сеа нови требит ? damn
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Штом не е задолжително не ги менувам.;)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Па поарно нови одколку овие старите:


Само дали на новите ќе го има знамето?
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Глупости, еми како ќе си вадат пари тие, е вака ќе си најдат некои мамини газиња и ќе земаат пари, а тој ќе си мисли господ е ако на Мерцедесот му пиши на регистрацијата Mile, Bilder, Zver, Буљаш или други слични имиња, се знае што е регистрација и готово, ај попотаму и на хауба слика од нас да ставиме па може и така да се распознаваме...ах бее :/
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
идиотски таблички се..........
има мн работи кои не се опфатени со табличките.
 
O

Orion.

Гостин
Штом не е задолжително не ги менувам.;)
Кога ќе ти истече регистрацијата ќе се сменат со нови а цената ќе биде иста.
А друго е ако сакаш да ти пишува некакво име на регистрацијата, тогаш е скапо
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Кога ќе ти истече регистрацијата ќе се сменат со нови а цената ќе биде иста.
А друго е ако сакаш да ти пишува некакво име на регистрацијата, тогаш е скапо
Дада како некој што се глупираат ќе земам ќе пишам bitches moody is back :pos: шала на страна не патам од такви работи да ставам имиња и глупости.:)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
И сега овие првиве грдиве ќе се?​
Или вториве со грбот на градот (далеку подобри на изглед според мене)?

Дека во февруари ќе почнат, искрено не вервам ама ќе знам за брзо време - колата дома ни е на крајот на февруари термин за регистрација.
Ама овие првиве се исто толку грди колку досегашниве.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
И сега овие првиве грдиве ќе се?​
Или вториве со грбот на градот (далеку подобри на изглед според мене)?


Дека во февруари ќе почнат, искрено не вервам ама ќе знам за брзо време - колата дома ни е на крајот на февруари термин за регистрација.
Ама овие првиве се исто толку грди колку досегашниве.
Првите ќе ги издаваат, тие се од новиот правилник од 2011 а вторите се од стариот правилник од 2007 кој никогаш не го применија.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Член од
26 мај 2010
Мислења
77
Поени од реакции
31
Глупости, еми како ќе си вадат пари тие, е вака ќе си најдат некои мамини газиња и ќе земаат пари, а тој ќе си мисли господ е ако на Мерцедесот му пиши на регистрацијата Mile, Bilder, Zver, Буљаш или други слични имиња, се знае што е регистрација и готово, ај попотаму и на хауба слика од нас да ставиме па може и така да се распознаваме...ах бее :/
Што ти смета тоа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom