Mакедонските автомобили со нови евро таблички

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
ПОСТОЕЧКИТЕ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ ВО УПОТРЕБА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Mакедонските автомобили со нови евротаблички

Од Министерството за внатрешни не сакаа да прецизираат ништо околу цената и урнекот на новите сини таблички. Засега не се соопштува ни дали на новите таблички ќе го има грбот, МК-кодот, ниту пак на латиница името на земјата. Оттаму само не информираа дека промената ќе отпочне најдоцна до крајот на годинава.



Црвените постоечки троцифрени македонски автомобилски таблички кои не се според европските стандарди до крајот на годината заминуваат во историјата. Од почетокот на наредната година македонските автомобили и дефинитивно ќе се закитат со новите сини четирицифрени евротаблички. Оваа информација и фактот што скопските регистарски ознаки веќе извесен период завршуваат на буквата В последна комбинаторика од двозначниот алфа код, ја потврдија од Министерството за внатрешни работи каде велат дека замената на постоечките е неопходна.
-Правилникот за изработка на таканаречените евротаблички е во завршна фаза во МВР. По неговото прецизирање тој ќе биде објавен во Службен весник на Р.Македонија, по што ќе биде распишан јавен тендер за учество на фирмите за изработка на новите регистарски евротаблички, ни изјавија вчера од МВР. Од Министерството за внатрешни не сакаа да прецизираат ништо околу цената и урнекот на новите сини таблички, само ни рекоа дека промената ќе отпочне најдоцна до крајот на годинава, а сопствениците на автомобилите по стапувањето во сила на новите табли, нема да бидат принудени веднаш тоа да го сторат, според МВР ќе следи подолг временски период во кој ќе се врши замената. Чедомир Стојковски, помошник-управител за производство во "Раде Кончар" фирма која досега ги произведувеше постоечките таблички вели дека располагаат со соодветна технологија која ги задоволува европските критериуми за производство. Немам конкретна информација дека правилникот за изработка на новите таблички е готов во МВР.

Кога ресорното министерство ќе излезе со јавниот тендер за изработка, могу веројатно ќе учествуваме на истиот. Досега учествувавме на повеќе тендери за изработка на речиси сите земји во опкружувањето. Покрај националните таблички, изработувавме регистарски ознаки за возилата на сите меѓународни мисии на Балканот. Стојковски подвлекува дека заштитата на табличките, националните симболи на нив, како и дизајнот секоја држава посебно си доплаќа за изработката. Инаку МВР во 2008 го усвои правилникот по кој подоцна требаше да се израборуваат евротабличките кои тогаш се зборуваше дека ќе чинат околу 4000 денари. Поради стартот на економската криза целиот проект на МВР се одложи. Во тогашниот нацрт-план евротабличките требаа да бидат долги 52, а широки 11 сантиметри. Распоредот на бројките и буквите според планот требаше да остане ист. Две букви кои го означуваат градот во кој се издадени, четири бројки и уште две букви. Основата на табличката требаше да биде бела, но на горниот и долниот дел со флуоросцентна лента да биде поставено македонското знаме и ознаката МК. На левиот дел во сина лента треба да стои повторно ознаката МК, а веднаш до неа вертикално да биде испишано MACEDONIA. Со стопираниот проект предвидено беше и ознака МК, и оставено празно место каде во иднина би требало да стои симболот на ЕУ.
Според тогашниот нацрт требаше да бидат воведени и нови ознаки за 7 града во земјава.

МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАД ВОЛАНОТ
Возачка дозвола на 16 години



Бугарски државјани постари од 16 години ќе можат да управуваат со автомобил во присуство на искусни возачи. Тоа е дел од националната стратегија за подобрување на безбедноста на патиштата.
Малолетниците, имено, ќе можат да возат само во присуство на полнолетен совозач кој има возачка дозвола повеќе од пет години.
Важечкиот закон во Бугарија досега им дозволуваше полагање на возачки испит само на лица кои имаат наполнето 18 години.
Националната стратегија предвидува и забрана малолетниците да возат автомобил ноќе, доколку имаат помалку од една година возачко искуство.
Стратегијата ја подготвија повеќе министерства и инспекции, а Парламентот веќе ја усвои. Со неа, како што се очекува, во следните 10 години би требало да се намали бројот на жртвите на патиштата за 40 отсто, а бројот на повредените за 20 проценти.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8026A3014DFDF3468F86378BC6E2D137
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Супер само шо ако кога нас не не сакаат у Европа .:D

Али мора нешто да ископираме.хехехехее
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
fuck yeah :)))
abe se samo promeni se ova ona a drzavaa ni tapka. ps samo da ne gi zgresat kako Frle so naprai vo 95 godina
--- надополнето: Aug 3, 2011 9:51 PM ---
Супер само шо ако кога нас не не сакаат у Европа .:D

Али мора нешто да ископираме.хехехехее
da be mojsej ce ni stavi po edna nalepnicka mesto da odime vo EU ce imame nalepnicka od nea
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Нека ги наредат за секој поголем град посебни таблици.Не ко досега пракса под Велес да се Кавадарци,Неготино,Демир Капија,Гевгелија,Богданци,Дојран и Валандово.
Под Охрид се Струга (општина од 60-тина илјади жители),Вевчани,Дебар,Кичево и Македонски Брод.

Исто и Ресен,а тел.број им е под Битолско подрачје (047).Смешки.
Слично и Крушево со БТ таблици,а тел.број 048 (Прилеп).
За избегнување вакви случаи сопствена таблица ,телефонски/поштенски код за секој град поединечно,без разлика на население.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Се е ова во ред. Само со вакви таблици ќе имаат сериозен проблем камионите што транспортираат стока до и од солунското пристаниште, а и македонските возила во Грција. Да не треба после да ги менуваме пак за 2 месеци.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Убаво, ама прво треба да се средат грбовите на општините, за навистина да бидат грбови.


И Кочани има нов грб (и знаме):

 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Требаше вакво нешто,сите си имаат ознака само ние по старо си теравме.Кога бев во Хрватска еден шофер ЦрноГорец ме прашува зошто нема ознаки за МКД на таблиците него диреткно само градот.Шо да му кажев?!:D
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Требаше вакво нешто,сите си имаат ознака само ние по старо си теравме.Кога бев во Хрватска еден шофер ЦрноГорец ме прашува зошто нема ознаки за МКД на таблиците него диреткно само градот.Шо да му кажев?!:D
„Ич ку*о да не те боли“ или „Шо ти е гајле“.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
време е да се смени системот којшто не се сменал од СФРЈ
мислам на автомобилски кодови, поштенски и телефонски
пример PP... во Југославија (PR-Приштина) (PI-Пирот) (PL-Пљевља) (PE-Пеќ)
грдо е.....
грда е и шемата...јас би сакал воведување на кирилицата на таблиците

премногу е идиотско она мк меѓу троцифрениот број и алфа кодот
притоа секој град да си има код
или па варијанта со кирилица

мој предлог...набрзина начкртан


значи отфрлање на ЕУ стилот, замена со наш
притоа секој град добива код (со две букви), Скопје со една
пр. Прилеп го добива PR
потоа грб на општината
и регистарски број (Максимален број на комбинации за еден град би биле 219978, а за Скопје 4839516)
шемата би била XX©A-0001 и X©A-00001
каде XX односно X би бил код на градот

© - грб на општината или грб на државата

A - било која буква од македонската азбука (A, B, C, D, E, F, G, H, I, J, K, L, M, N, O, P, R, S, T, U, V, Z)
0001- секој број од 0001 до 9999 ( 00001 - секој број од 00001 до 99999)
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
ПОСТОЕЧКИТЕ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ ВО УПОТРЕБА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Црвените постоечки троцифрени македонски автомобилски таблички кои не се според европските стандарди до крајот на годината заминуваат во историјата. Од почетокот на наредната година македонските автомобили и дефинитивно ќе се закитат со новите сини четирицифрени евротаблички.
Зошто пишува четирицифрени, а овие предложениве на сликата се пак со три бројки?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Зашто пишува четирицифрени, а овие предложениве на сликата се пак со три бројки?
Веројатно пак му ги измешале апчињата на Латас, затоа.:D
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Супер леле европски а кој ќе плаќа?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Е супер досега таблиците беа 1500 денари а со новите 4000.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom