Mакедонските автомобили со нови евро таблички

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Европски лик на новите регистарски таблички


Наташа Гркова Петрушевска Вака изгледаат новите регистарски таблички. По повеќе комбинации, конечно се доби новиот изглед. Стандардизирани се по европските. Имаат поголема заштита и сигурност од фалсификување. Металните регистарски таблички се со ретро рефлектирачка фолија во бела боја, а со црни букви и броеви се испишани регистрационото подрачје на латиница, четири цифрениот регистарски број и две букви на латиница.

Табличките содржат сино поле на кое во долниот дел е испишана националната автоознака за Република Македонија, над него е оставен простор за ознака на Европската Унија. На црвена правоаголна подлога со жолти букви се испишани регистрационото подрачје и буквената ознака на кирилица. Напред на табличките има можност да се испише сопственото име. Новите ЕУ стандардизирани регистарски таблички нема да бидат задолжителни. Граѓаните ќе може да ги задржат постојните или ако имаат желба да ги сменат.

“Новите регистарски таблички се задолжителни за оние граѓани кои за првпат купиле автомобил и оние граѓани чиишто регистарски таблички се оштетени и не може да се употребуваат понатаму“, изјави Иво Котевски – Помошник министер за односи со јавноста во МВР.

МВР ја почна процедурата за новите регистарски таблички. Покрај новиот правилник којшто стапи во сила, распишан е тендер за најповолен понудувач којшто ќе ги изработува табличките.

“По сите оние процедури кои што се однесуваат на жалбите на учесниците во тендерската постапка , МВР согласно Законот ќе склучи договор со најповолниот понудувач, по што ќе започне постапката за изработување на новите регистарски таблички, рече Котевски.

По завршувањето на тендерот за набавката ќе се знае и цената на новите регистарски таблички.


http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/28972/evropski_lik_na_novite_registarski_tablichki.aspx
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Европски лик на новите регистарски таблички

Ако се вакви ко на сликава тогаш се најголем шит! Па старите се поубаи бе! Ова на се личи, на таблица неличи.
Оваа на paint да ја праев поубава ќе излезеше. Немораа да идат подалеку, нека ги земеа за пример српските, хрватските, словенските... no comment
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Што им фали бе,какви сака нека се за на излог ли ви се?Само нека бидат по пристојна цена,а не таа што ја споменуваа претходно затоа што таа е безобразна.
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Што им фали бе,какви сака нека се за на излог ли ви се?Само нека бидат по пристојна цена,а не таа што ја споменуваа претходно затоа што таа е безобразна.
Што им фалеше на овие?

Ем пристојна цена, ем комбинации до 999 999
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
очигледно сите градови не добија код, старите ЈУ кодови останаа во функција, идиотската црвена лепенка со букви остана. споредба со табличките од соседството
















нашите очигледно не ги бива (новите) постарите се подобри во дизајн
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Таблиците ми се свиѓаат , би сакал да има опција наместо 4те букви и 2те бројки да можеш да напишеш нешто како SK - JOHNNY ...
вака нешто 8BWlo3gc.jpg
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
S

Sheldon Cooper

Гостин
Новите регистерски таблички ќе ја повторат глупоста на Фрчковски

09. 11.2011 - 08:50:11


По најавата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, дека новите регистерски таблички ќе бидат готови до почетокот на наредната година, до редакцијата на Нетпрес стигна писмо од граѓанин со кое реагира на употребата на латиничното писмо на табличките.
Во продолжение интегрално го пренесуваме писмото
Почитувани,
Читам по весници дека се подготвуваат нови таблички за македонските возила, убаво, но по се досега објавено тие ќе бидат напишани на ЛАТИНИЧНО ПИСМО, што е противуставно.
Член 7 од Уставот на РМ:
Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
И овие таблички кои сега ги возиме на колите инаку , имаат едно квадратче со кирилски букви. Е тоа е поради одлуката на тогашниот министер за внатрешни работи - Фрчковски, кој потпиша одлука табличките да се на Латинично писмо, па тоа ПАДНА на уставен суд, за после со една лаконска одлука да се вметнуваат кирилични букви во квадратчено таму. Мизерно, како што беше и остана мизерен и Фрчковски.
Имам впечаток дека и сегашните одговорни се на пат да ја направат истата грешка, по инерција.
За компромис има место, не треба многу мислење за тоа да видиме како е кај соседите. Решението е едноставно, да се употребуваат буквите кои се совпаѓаат со латинските: ABEЗЅЈКМНОPCTYX (дури и З не мора да ги има за избегнување забуни), петнаесет на број. Тоа во комбинација со 3 бројки овозможува 225.000 комбинации по град/општина (ако има 3 цифри во средината - со 4 се преку 2 милиона)
Македонија е потписник на Виенската конвенции за сообраќај каде е регулирано дека за возило кое сака да патува меѓународно ползува латинично писмо. СЕПАК, постојат земји кои користат исклучиво букви од своите азбуки (грчката и кирилицата соодветно) кои се ПРЕПОКРИВААТ со оние на латинската азбука, онака како јас предложувам.
Еве извод од објаснението:
Се користат само буквите кои се совпаѓаат со латинските, како А, Б, Е, Z, H, I, К, М, N, О, P, Т, Y, X (по грчки азбучен ред). Тоа е затоа што Грција е потписник на Виенската конвенција за патниот сообраќај, која во член 35 бара регистрациите во главниот град да бидат на латинично писмо и со арапски бројки. Сличен систем се користи во Русија, Украина, Белорусија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Па така, за секој град / општина, да се користат првите букви од називот кои се содржат во него, пример:
Гостивар - ОВ
Велес - ВЕ
Гевгелија - ЕЕ
Битола - ТО / ОА
Штип - ТР
Сметам дека за ова треба да има поголем општествен притисок кон комформистите од Министерството за внатрешни работи.
Имајќи ја предвид вашата важна општествена улога во одбраната и унапредувањето на Македонскиот јазик и писмо, се надевам на ваш голем удел во борбата за заштита на употребата на Македонското писмо во овој сегмент во општество.
Поздрав,
Дарко Ѓорѓиев
Автор на веста: Нетпрес
Ова беше објавено по реакцијата на форумџиите од build.mk
 
L

Löwe

Гостин
Океј не планирам да се препирам дали е со Ф или со В.

И јас велам да се сменат не сум ништо против,ама ЗОШТО е толку огромна цената ако е таа (4 илјади денари) ? Ништо не ти нуде освен една пластика зошто на пример не е 500 денара плус да се врати старата (со тоа што ќе ги дадат на рециклирање или шотизнам и пак ќе земат денар од тоа).
Со Ф е !
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Пратив барање/предлог или како му доаѓа на страната на вмро за ова со таблициве,да се користат буквите што се исти,и нешто од информациите дадени тука за 3/4 бројки грбови и слично.Можеби ке сменат нешто,не се знае :D
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Мислам дека најдобро ќе биде кај тоа квадратчето да стои грбот на градот. И да се направат и сопствени таблици за помалите општини како Кичево, Струга и сл.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ако се вакви ко на сликава тогаш се најголем шит! Па старите се поубаи бе! Ова на се личи, на таблица неличи.
Оваа на paint да ја праев поубава ќе излезеше. Немораа да идат подалеку, нека ги земеа за пример српските, хрватските, словенските... no comment
„Све ми боје лепо стоје“ Ебати таблицата ваква! Ми иде никогаш во живот вакво срање да не ставам на кола! Нормални ли се бе? Сино, бело, црно, жолто и црвено!!! Графичко - визуелно решение „Шутка-дизајн“!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom