Лудило и генијалност. Која е границата?

Убаво прашање.
Дали како луд човек се смета оној кој нема скоро никакви социјални интеракции,води екстремно алтернативен начин на живот,неговото однесување е далеку од прифатливо за околината,неговите размислувања и ставови се несфатени,а многу често и отфрлени,само поради неспознавањето од останатите луге и нивниот мизерен,вековен страв од непознатото?
Ако ова се карактеристики што дефинираат еден луд човек,тогаш можат да се набројат голем број генијалци кои ги поседуваат истите.Поентата е едноставна:
Генијалците се луди и лудаците се генијални.
Ништо повеќе.

Не, тоа не се карактеристики кои опишуваат луд човек.
Justice for All напиша:
Таков човек не е луд туку е глуп.
Повеќе одговара ваквиот опис.

Човек не може да се нарече генијалец само затоа што има нешто поразлично од другите. Генијалци низ историјата од одредена област се бројат на прсти, и речиси без исклучок си имаат по некоја брлива жичка која ги први и налудничави.

Сите ние сакаме да сме различни и посебни. Обидувајќи се, повторно заличуваме едни на други како јајце на јајце. Единствено генијално во секој поединец е својата идеја, својата мисла и ништо повеќе. Преточена таа на дело или збор, веќе губи значење. Се сомневам дека на форумот ќе го најдеме следниот Дали. И ако успееме, можеби нашиот нема да мочка во кревет од мерак како познатиот, туку можеби ќе го прави тоа од другиот крај на собата... како “Доберман“ на “Сарџент Билко“. :salut:
 
Не, тоа не се карактеристики кои опишуваат луд човек.
Епа тогаш биди доволно фин и објасни кои се карактеристиките што би можеле да опишат еден луд човек?
Само да те потсетам,многу е тешко(ако не и невозможно) да ги погодиш сите.
Затоа и човекот се нарекува луд,зошто ни малку не е едноставен.
Али ипак,можеби имаш некоја кугловна супер-моќ,па повели...
Што му вреди неговата интелегенција и знаење кога не е способен за себеси да си обезбеди добар живот, почит од околината која ја заслужува. Вистински генијалец нема да биде неприфатен од општеството туку тој ќе го поведе во насока која тој смета дека е погодна.
Мора ли да вреди нешто за другите?
Зошто би морал некој да има обврска да му помага на остатокот од човештвото,кога и безтоа,оние малкуте што ја превзеле на себе таа одговорност,или завршиле неславно или пак,нивните изуми(со кои имале најдобри намери),биле искористени за убивање.
Ние можеме да гледаме еден човек и да примаме информации за него,а со тоа да создадеме мислење,но сепак,ќе биде пристрасно ако се водиме според тоа што мисли општеството за него,или што направил тој за истото.
Интелигенцијата и генијалноста постои,без разлика на кој начин е искористена(дали за општествен добробит или за себеистражување).
А веројатно тие две работи ја прават разликата во перцепција на еден човек,и одлуката дали е луд или гениј?
Али сепак,очите секогаш лажат,дури и кога сме најсигурни во спротивното.
 
Епа тогаш биди доволно фин и објасни кои се карактеристиките што би можеле да опишат еден луд човек?
Само да те потсетам,многу е тешко(ако не и невозможно) да ги погодиш сите.
Затоа и човекот се нарекува луд,зошто ни малку не е едноставен.
Али ипак,можеби имаш некоја кугловна супер-моќ,па повели...

Си зедов за право да ти одговорам на прашањето.
Не постојат определени карактеристики точно утврдени со кои ќе можеш да ги издвоиш "лудите луѓе".Нема општо прифатена дефениција за луд човек.Сите тие "луди луѓе" се посебни на свој начин, карактеристиките се индивидуални кај секој човек со ваква појава.
А зборот "луд" е само термин со кој се искажува оваа појава кај одредени луѓе.Нивниот мозок работи поразлично од нашиот (на нормалните луѓе) а со тоа и нивна реална стварност поразлична од нашава
 
А дали ќе бидат наречени лудаци или генијалци, тоа зависи од другите т.е. како последиците од нивните дела ќе бидат протолкувани од другите. Пример ако си некоков си идеалист со цел да го смениш светот можеш две судбини да имаш. Или ќе успееш и ќе останеш засекогаш запаметен како генијалец или нема да успееш и ќе бидеш некој лузер кој го утнал животот и никој нема да знае за тебе.

Успехот е пресуден за тоа дали ќе бидат запаметени како генијалци или лудаци.


Мора ли да вреди нешто за другите?

Зошто би морал некој да има обврска да му помага на остатокот од човештвото,кога и безтоа,оние малкуте што ја превзеле на себе таа одговорност,или завршиле неславно или пак,нивните изуми(со кои имале најдобри намери),биле искористени за убивање.
Ние можеме да гледаме еден човек и да примаме информации за него,а со тоа да создадеме мислење,но сепак,ќе биде пристрасно ако се водиме според тоа што мисли општеството за него,или што направил тој за истото.

Интелигенцијата и генијалноста постои,без разлика на кој начин е искористена(дали за општествен добробит или за себеистражување).
А веројатно тие две работи ја прават разликата во перцепција на еден човек,и одлуката дали е луд или гениј?
Али сепак,очите секогаш лажат,дури и кога сме најсигурни во спротивното.
Се цитирав за да ти стане појасен мојот став.

Да, мора да вреди нешто за другите, зашто сакал нејќел и тој е дел од општеството и мора да биде корисен за општеството за тоа да го третира добро, односно, со други зборови да си проживее добар живот. На општеството гајле му е за тебе ако не придонесуваш. Алтернативата му е да се изолира од општеството сам или тоа него да го отфрли како општествено неадекватен. Или пак да ја користи неговата генијалност за зло, т.е. тоа што општеството би го нарекло зло (да добива од општеството тоа што го сака не со размена туку со сила). Во секој случај општеството е судијата. Општеството го има последниот збор.
А за пристрасноста: па како да најдеме трета непристрасна странка кога едниствените (две) странки се вклучени во општествениот однос (општеството од една, човекот од друга страна).
Поентата ми е, сета интелегенција и генијалност не ти вреди ништо ако не си среќен. Тоа ти е како да имаш милион долари во банка, а живееш во мизерија. Бескорисни се ако не те прават среќен.
Затоа вистински генијалци се тие што знаат како да придонесат и тоа го прават. Тоа се луѓе како Бил Гејтс на пример што придонеле за светот со своите способности и затоа живеат живот на кој секој би завидел.
 
Секако дека границата помеѓу лудилото и генијалноста е многу тенка, што се вика и скоро да ја нема. Типичен пример за тоа се многубројните ценети научници кои живееле во некој свој имагинарен свет и никогаш не успеале да се вклопат во општеството. Еве на пример еден Никола Тесла, извонреден научник кој воопшто не се однесувам во склоп со реалноста.
 
Зарем треба да постои граница помеѓу тие две?
Зошто ли јас мислев дека одат заедно?
Не знам.:toe:
 
инаку за тоа дека не секој лудак е генијалец не се согласувам баш. затоа што случајно сум седел во друштво со психички растроени луѓе (еден/двајца не сите хахаха) и тоа што го збореа навидум изгледаше просто глупаво нешто што нема врска. но имав можност да седам ушт енеколку пати со една таква личност и наредниот пат не ја слушав колку да се каше туку ја студирав. и право да ви кашам во своите пет минути кажа многу попаметни работи и факти одколку што кажаа сите нормални со кои седев се разбира и јас хаха. сум имал прилика да слушам и други но за да ги разбереш т.е да го сватиш нивниот начин на изразување треба да се помачиш со тумачењето на нивните метафори. верувајте барем за сега што сум приметил таквите личности со нивниот IQ се на ниво на нормален човек. но на сосем друг начин ја искашуваат нивната мисла, па затоа ни се чудни па ги сметаме за луди. зарем сите генијални умови не биле луди а сепак се големите умови во историјата. сум размислувал и дискутирал во другари за енигмата дали на овој наш свет лудите луѓе се нормални а ние нормалните сме луди. па тие го живеат животот а ние сме нивниот товар во општеството и не сметаат за луди.
 
Прочитав некаде... Неам појма каде... Секој генијалец допира до границите на лудилото... Али на крајот... Генијалецот не се ни труди да се прилагоди на средината, па не е толку битно дали некој ќе каже за него дали е луд или генијален... Си уживаат луѓето... Само генијалците уживаат... :)
 
Сакате дефиниција за лудак, еве ви- луд е оној чие што лудило се разликува од лудилото на општеството.
п.с. Дон Кихот е луд????????
 
genijalcite ne se ludi tuku tie ne ziveat vo vremeto koe nie go ziveeeme tie se mnogu ponapred od nas no i zatoa mnogu se razlikuvaat ima mnogu primeri niz covekovata istorija eve eden poznat cudak Nikola Tesla covekov se bil osven obicen covek mnogumina go smetale za ludak no segasnostva pokazuva deka realno toj ziveee uste ponapred i od nas
ludvig van betoven site go smetale za ludak za denes nasive usi da praznuvaat od negovite melodiii
i mnogu drugi ova se moite naj soodvetni primeri

e sega ima i edna druga grupa koi realno imaaat psihicko rastrojstvo no imaat sposobnost da pravat nekoi raboti koi nie ne mozeme da gi storime svarno imase eden film so dasti hofman e toa e toa sto sakam da go kazam okolu ovie luge
 
имав еден професор по социологија и тој секогаш велеше- "Тесна е границата меѓу лудилото и генијалноста", а тој беше најдобар пример за тоа, имаше претерано знаење, на неговите дебати им немаше крај, и некогаш забегуваше, сам во себе зборуваше
мислам дека ако не сите, барем повеќето професори по социологија се такви
 
Абе ги читам пораките на мојон профил и на она зеленките шо ми ги даваат...сите ми викаат Шмекер ти си ЛУД, Будала, Нездрав, Отиден, Забеган...и слични такви фрази...НО едно сфатив. Па ја сум бил генијалец беее :):) Ем сум луд...:)...ем генијалец со моите успешни и феноменални шмекања!...мислам...ем сум си психички растроен и некој не ме сфаќа на форумов..некои ме сфаќаат...ем корисен за општеството :)...некој ќе праша како корисен?...со самото шмекање на жените правам корисна работа. Ги шмекам и ги смирувам...и стануваат питоми.
Тоа е права генијалност и умешност...да смириш диво животно :)
 
Со оглед на тоа што сите сме премногу различни..
Секој секого различно го толкува и разбира..
Секој слуша како што сака да слушне
И секој за секого е лудак..
Е она што е премногу интелегентно некој неможе воопшто да го протолкува и разбере а камоли да го слушне и свати како што сака.. Затоа што не го сфака никако..
И во негови очи тој што е премногу интелегентен станува премногу луд.
Многу повеќе од оној што пак на некој начин го капира..
 
Лудост ?? Што е тоа? Зарем лудоста не беше болест? Лудоста е нешто што е различно од нашите сфакања и нашите замисли како треба да биде.
А генијалнста? Тоа беше преку иновативност , труд и малку да го скренеме мислењето од она што е нормално, и како производ да тоа да добиеме нешто што е ново и не видено, различно од дроугите.
Границата е релативна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom