Не се враќа, барем не под палката на Линделоф и Кјуз. Изјавата е криптична поради тоа што Линделоф сака да се крева галама поради ништо, иако изјавува дека тој не би бил вклучен во ваквиот евентуален проект. Што сака да каже? Што значи ова? Каде значи ова? Дали ќе воведат нови броеви? Дали ќе испадне дека лимбото е колективен сон, а уствари сите се се' уште на островот? Паметен начин за билдање публицитет за претстојните Prometheus и Star Trek.
Единствено може да видиме повторно нешто ново од Lost ако ABC одлучи така, бидејќи тие ги имаат правата и можат да прават што сакаат со нив. На пример, спин-оф за мистериозниот живот на Лапидус. Или пак ако Hustler направи нешто во стилот на This Ain't Lost XXX.
This time, we don't have to go back. We don't have to go baAAack!